Канал 5 само менуваат програма!

Според мене топ 3 телевизии во мк:
1. Македонска ТелеВизија
2. Шител
и за после 2-3 саато Анал 5 или исто МТВ
 
Вие уште гледате телевизија уште ли ви го перат мозокот (Btw имаш се на интернет ,серии , филмови симнеш и гледаш а не да чекам у 5 саат серии ) :rolleyes:
 
Не го сфаќам ова жалење, па постојат Алфа и Телма кои даваат емисии и програма која не е од овој вид. Ама изгледа се гледаат Канал 5 и Сител па после се критикуваат.
 
Знаете ли која убава програма ја имаа македонските телевизии од пред 8-9 години до пред 2-3?

На сител одеа сериите: The Others, Hotel, Dukes of Hazard, Quanum Leap, Sliders, Fresh Prince of Bel-Air, Everybody Loves Raymond, Xena: Warrior Princess, That 70's Show, 7th Heaven, Las Vegas со тоа што на лето во летната програма, Журнал или како и да се викаше некои од овие серии одеа од 10 часот без престан до кај 17 часот на А1 секој петок, сабота, недела имаше филмови навечер и во ноќните термини, а од серии ги имаа According to Jim, Friends, Spin City, Will & Grace, LOST, сите CSI, 24, на Телма одеше Monk, Frasier, Star Trek: Enterprise, NCIS, Battlestar Galactica и тоа овие сите се само тие на кои што сум се сетил, можда ги имам измешано и на која телевеизија оделе а сигурно има уште.

Не знам дали изгубија интерес да даваат добри серии или видоа дека нема профит, сеуште не можам да сфатам.
 
МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА

- Човеку, пораснавне со оваја серија. Има над 435897349857298345772835 епизоди досега СИГУРНО, којзнае уште колку има!
 
Знаете ли која убава програма ја имаа македонските телевизии од пред 8-9 години до пред 2-3?

На сител одеа сериите: The Others, Hotel, Dukes of Hazard, Quanum Leap, Sliders, Fresh Prince of Bel-Air, Everybody Loves Raymond, Xena: Warrior Princess, That 70's Show, 7th Heaven, Las Vegas со тоа што на лето во летната програма, Журнал или како и да се викаше некои од овие серии одеа од 10 часот без престан до кај 17 часот на А1 секој петок, сабота, недела имаше филмови навечер и во ноќните термини, а од серии ги имаа According to Jim, Friends, Spin City, Will & Grace, LOST, сите CSI, 24, на Телма одеше Monk, Frasier, Star Trek: Enterprise, NCIS, Battlestar Galactica и тоа овие сите се само тие на кои што сум се сетил, можда ги имам измешано и на која телевеизија оделе а сигурно има уште.

Не знам дали изгубија интерес да даваат добри серии или видоа дека нема профит, сеуште не можам да сфатам.

Видоа дека поголема публика навлекуваат турскиве. Баба ми да не ќе седне да ти гледа дјукс оф хазард? :icon_mrgr:
 
Не го сфаќам ова жалење, па постојат Алфа и Телма кои даваат емисии и програма која не е од овој вид. Ама изгледа се гледаат Канал 5 и Сител па после се критикуваат.
Немаат ни овие добра програма,на телма само италијанско,на алфа само онаа кај што пеат Македонски песни од времето кога имавме најдобра музика во свет. Друго ништо не ме заинтересирало,многу стари филмови пуштаат да му се сневиди.

Всушност јас не ни гледам ТВ,тоест МК канали,само плачење и политика има.
 
Глупаците од Канал 5 го достигаат дното изгледа!Еве да речеме гледам преска промо на ТВ за игран филм, напишале Вечерва По девојката што ја сакав или така нешто.На што личи тоа, зар мислат дека сите им ги гледаат тие ебани серии.од вакви мизерии од телевизии како оваа и Сител неможе да пркне медиумскиот простор
 
Немаат ни овие добра програма,на телма само италијанско,на алфа само онаа кај што пеат Македонски песни од времето кога имавме најдобра музика во свет. Друго ништо не ме заинтересирало,многу стари филмови пуштаат да му се сневиди.

Всушност јас не ни гледам ТВ,тоест МК канали,само плачење и политика има.

Телма напротив има мноооогу добри работи. Туристичката емисија со Берта Додевска (вакви емисии имавме порано на аните ТВ станици, сега само телма гледам ја има), ги превзедоа сериите што Канал 5 ги шутна за да откупи турски (Хаус, Галактика, Монк, Закон и ред), прва ТВ станица која воведе руски и италијански серии кои се со мал број епизоди (Мајсторот и Маргарита на пример), Филмополис (водителот, му го заборавив името, си ја знае работата и за разлика од неговите колеги не ја прекина емисијата), дека има стари филмови има, ама подобро и тоа би гледал отколку веќе виденото на турските серии.
 
Немам поим колку менуваат програма, но некако највпечатлива ми е емисијата „Најди време“ и тоа поради водителката која постојано ме воодушевува со нејзините сецкања и недозволувања на гостите да го кажат тоа за кое се поканети, со неумесните забелешки и заклучоци. Некако буквално си ја сфатила задачата, па води ли води - чиниш емисијата постои поради неа а сите други се ситни статисти и сценографија.
Денеска, додека се вклучуваа во церемониите на фрлање на крстот низ републиката, постојано ги форсираше момците од музичкиот бенд да изведат уште нешто, а тоа „нештото“ главно беше српско забавно, ептен пригодно :tapp:
 
Кај преку недела,и викенд....се само Турски серии и тоа рапризи...
Па зарем мора толку репризи бре!
На махтв во видеотека на тв-тека,ја има цела програма уназад 3 дена...па нели е поедноставно,ако некој сака цел ден да гледа нека си ги врти и 24/7...
Претерано е ова....Изгубив желба да пуштем тв...
 
Што го направија овие од канал 5 во приказните за Итар Пејо, најголема секс машина во историјата ќе испадне...
 
[quote="annaja01, post: 5614532, member: 52542"
На махтв во видеотека на тв-тека,ја има цела програма уназад 3 дена...па нели е поедноставно,ако некој сака цел ден да гледа нека си ги врти и 24/7...
Претерано е ова....Изгубив желба да пуштем тв...[/quote]


Па не секој има Макс тв :)

И мене ме нервира тоа што има репризи ,ама ај да се репризи ,но се репризи на веќе репризираното.
 
Јас сум Добре од Карбинци и многу сакам да го гледам султанот на каналот 5.:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom