Вашиот брат/сестра

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
па искрено ја не познавам сестра (која е во добри односи со братот) да му земе дел од куќата. нели она заминува од дома за да живее кај мажот, па таму е се нејзино. секако дека кога и да посака да дојде, да остане, или нејзините деца да останат вратите треба секогаш да и се отворени во домот каде што пораснала. ама да си заклучи соба во куќата каде што живее братот со неговото семејство е претеризам.
и пази малку на речникот.....животиња??? сакаш да кажеш дека и ја и сестра ми сме животињи, па кога таа ќе си замине од дома ја ќе останам ЕДИНА животиња???
преиспитај се малку те молам. како можеш вака да се обраќаш кон личност што не ја познаваш?
а вие дома ако си се понашате како животињи, не се сите семејства исти.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 02:03 ---

секако дека сите деца се исти и секако дека сите имаат дел ама како што пишав и погоре, обично ( 98%) сестрите ако имаат брат, со кој се во добри односи, се нему му оставаат, затоа што тие се мажени во друга куќа и таму е се нивно.
и секако дека нивна е и куќата каде што пораснале, имаат право да дојдат, да спијат, да останат колку што сакаат, само глупаво е соби да му земат на братот. да си ги заклучат и шо? сите ќе се испокараат после.......
а ако се две/три женски тогаш е друго........

Како тоа ,,да му земе,,?
Не можам да земам од некој друг нешто што е мое. Може ако цела куќа му ја земам, да зборуваме за земање.
Животиња не требаше да те навреди, штета што тоа така го сфати. И јас сум ,,животиња,, на моите, ама не сум крива јас за тоа. Ако е се како што треба во животов и земјава, (а не е), не треба ниту јас, ниту ти, ниту било кој да живее со родителите. Туку да се вработи и да си создаде сопствен дом. Малкумина се такви среќлии тука, најголемиот дел пола живот се шлепаат на грбот на родителите (старите плаќаат сметки, на пример).
Кај и да се мажам, маж ми може има сестра, а јас не би сакала истата таа да биде лишена од нешто што и припаѓа ради мене. Освен тоа, мажот домот го стекнал пред моето доаѓање, па во случај на развод, нема да добијам јас половина од таа куќа, без оглед дали 30 години сум вложувала во неа.
При развод се дели само стекнатото во брак.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 17:41 ---
а триесет и кусур многу ти се?:D
За тоа може да се размисли. :sneaky:
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 17:46 ---
ме изнасмеа со постов.
ова што го кажа ама воопшто не е точно. посебно за делот: "ако дојде до развод ќе остане на улица"???
куќата каде што растела секогаш е нејзина и секако дека има дел. ако дојде до развод секако дека ќе се врати во куќата на своите родители. еве жив пример имам в комшии. жена се разведе после 20 згора години брак и нормално дека си се врати кај мајка и, татко и, братот, снаата, и двајцата внуци. мислиш дека некој при здрава свест би ја оставил сестрата или ќерката да остане на "улица"? дај ти се молам.......
а и во поново време како што гледам, младите си купуваат башка стан. не си ни кај нејзините, ни кај неговите. чиста сметка долга љубов.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 02:41 ---

ако си сака и сестрата дел (што и сосема во право е нели и нејзина е куќата) братот е најубаво да и даде пари, половина од колку што вреди имотот отколку да му земе 2-3 соби, да ги заклучи и да нема пристап братот во нив. колку е глупаво така. еве сега ја си замислувам како би било ако пола од собиве (кај мене дома) да се закучени и да си се од тета (сестра на тато). глупаво. (n)

Не заебавај, кој зборува за заклучени соби?
И се подразбира по смртта на родителите или при продажба на куќата.
Законот е таков, ако родителите не назначиле наследник, рамномерно се дели наследството на сите наследници. А како тие ќе си ги регулираат меѓусебните односи, е сосема друго.
Мајка ми има половина од наследството на нејзините родители, баба ми е уште жива, но правно се е регулирано по смртта на дедо ми. Имотот е поделен не пропорционално (пола соби мои, пола твои, пола фонтана моја, пола твоја) туку според вредноста е делен.
 
Сестра имам 5 години помала. Како мал многу барав сестра да имам, и плачев на мајка ми сестричка да ми роди. Како малечок, на едно дете од влезот му се роди сестра пред мене, ми се плачеше. :(

Кога беше помала многу се расправавме и се каравме, за ништо неможевме да се сложиме. Едно време дури и не зборевме. Како почна да расте и да ги разбира работите, не е веќе таква. :)
Сега сме супер, кучни љубимец ми е дома. Како помал ја бранев, се разбира тоа е предноста кога имаш постар брат, јас што никогаш го немав. И сега да дознаам дека некој и прави проблем у средно ќе му отидам ќе го здробам и во контињер ќе го фрлам. :D

Шала на страна, ја советувам и и помагам за многу работи во животот, сум бил на нејзини години и ја разбирам за многу работи. Писмените работи јас секогаш и ги составувам, а за германскиот она ми помага ако сум на факс, германски јазик дрво сум. Да не беше она уште ќе бев заглавен со германски во прва година. :)
 
Уф, сестра имам помала 6 години од мене, де се караме де се сакаме.Нормално сето ова ваљда спаѓа у таа сестринска љубов:icon_lol:Кога беше помала, ептен им се лутев на моите што цело време и попуштаат и буквално можеше да се извлече од се а особено да направи јас да изгледам лошо.Ако скршила она чаша, Мартина е крива, доаѓа мајка ми мене ми се дере.Ако сме се затепале нешто(а она почнала да се закача) пак Мартина е крива и пак јас си го пијам на крај.Еден ден така се закачавме, се тргнав на страна, се испошамарав самата, се иштипав(пошо сестра ми опасно штипе) и идам кај мајка ми и викам, види што ми напраи оваа од нигде никаде.Тогаш малава беше фатена у тесно од мајка ми и од тогаш навака не и текнало да се закачне:icon_lol:
Делевме соба, јас ја немав приватноста која ја сакав, па и она.Се каравме за глупости, за украдени алишта/венчиња/шминки..Сеа од коа сме разделени во посебни соби, си ја иаме навиката да си идеме една кај друга во соба и да се глупираме.Сакам да кажам, не дека во иста соба не беше убаво, ама вака е дефинитивно подобро, секој со својот неред.
Се си доаѓа со годините, паметот особено.За разлика од минатото, денес сестра ми ме крие пред моите и ми е одличен шпиун кога и да ми затреба, јас на неа и помагам со школото, ја спремам за искачање и и давам совети кога и требаат.Секако, злото за крадењето алишта мислам дека никогаш нема да и го искоренам(цело време си ги наоѓам кај нејзе у соба коа не е тука)али ваљда со време и за тоа и ќе и дојде памет :D
 
според постариве ние помалите сме секош криви и никош нема да си призна и да ни се извина дека сме згрешиле , ми се случило нервен слом да преживем од шо не сум можела да му докажам дека не е во право ама тое....иначе многу го сакам зато му попуштам ...ама не можам салам муабет да си напрам со него....ми недостигаат старите денови кога бевме деца и праефме бељи и глупости:D ...сето то остана во спомени...сега се гледаме два три пати месечно толку...и таков му е карактеро не само со мене со сите се кара и расправа...па ко че сака нешто , то нешто мора да го добија...не велам дека него го сака мојте појче дека е машко ама факт е дека нему појче работи му се овозможени и не знај да ги цени јас никогаш не би се запнала ко него на моите ко шо прај тој скроз е разгален...па зошто да не бидиме еднакви ко че треба да се дели имото ? оти е машко и дека е многу малку постар од мене скоро ко близнаци сме? ами ако се погодев машко и јас? можи јас нејчам да се мажам , можи мажо че ме остај на улица , кај че одам , кај че живем ? мора на се да си мислам...
Иначе за личење ист е ко мајка ми по карактер зато не можам да го поднесам а јас сум по карактер на татко ми а физички па обратно јас личам на фаца на мајка ми а тој на татко ми а да не видиш нема шанси да не познајш дека сме брат и сестра , освен шо има коса долга ко мојата , пред да му мутира гласо ни беше ист , по одо , двајцата одиме ко татко ми брзо и ко коњи , тој е слаб , јас свинче дебело така ме вика :) , и можиш можда да ни најдиш некоја заедничка црта ако ни се загледаш убо...тое
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom