Вашиот брат/сестра

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување

Ништо. Бар 20 да имаше, ебаго :)
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 01:02 ---
Имам 5 години поголема сестра и се додека не наполнив 14тина години а она 18-19 разликата не се осеќаше многу напротив бевме најдобри другарчиња, е кога веќе направив јас 14 она 19+ се осети разликата и почнаа конфликтите пред се поради тоа што бевме во една заедничка соба и поради тоа што делевме компјутер откако се среди тоа конфликтите значително се намалија.. а истите конфликти со текот на годините како растевме и скроз ги снема иако често пати се лутев што многу повеќе нејзе и дозволуваа и ја бранеа поради тоа што женско е нели... Инаку доста ми помогнала во животот од пишување состави за нашколо до цртежи исто така за нашколо, со позајмување на пари иако е доста скржава :) сега кога веќе е мажена и не живее под ист покрив мислам сфаќаш колку повеќе ти значела и ти недостига, и да не би ја мењавала за брат баш супер е вака.

Ретки се тие случаеви зошто повеќето кај нас наследството го пренесуваат традиционално кај машкото, ете и тато единствено машко во фамилија бил помеѓу две сестри па целото наследство му припадна него.

Не се ретки, но ептен сме офф топик.
Како и да е, твојов пост е пример за еден муабет на Мачорка во една сосема друга тема. :)
 
Он е Луки Џуниор број 1.
Јас сам Луки Џуниор број 2.

Јас дрдорко, он е потих.
Јас паметен, он 3 пати повеќе акл.
Јас забркам се у го*на до гуша, он тегле нагоре како ненормален.
Он се забрка у го*на до гуша, јас теглам нагоре како ненормален.
И така веќе четврт век. Поарен човек и да сам сакал, и да сам го бирал за брат, немало е да добијам.
 
Најголемиот и најдобар подарок што еден родител може да му го даде на своето дете е брат или сестра, уште поубаво и двете.
 
Оф: И мајка ми има брат па цело имање е делено на два дела ;)
Добрата страна во имањето сестра, а не брат, е што привремено ќе си останеш едина животиња по дома :)

Немам брат, ама имам братучед, разлика 10 месеци сум постара од него. Искрено, го чувствувам исто како брат, исто го сакам.
Како мали не можеа во иста соба да не стават, сега сме супер :) Сега сме ние против ,,старците,, :)
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 00:23 ---

Колку години има? :icon_mrgr:
па искрено ја не познавам сестра (која е во добри односи со братот) да му земе дел од куќата. нели она заминува од дома за да живее кај мажот, па таму е се нејзино. секако дека кога и да посака да дојде, да остане, или нејзините деца да останат вратите треба секогаш да и се отворени во домот каде што пораснала. ама да си заклучи соба во куќата каде што живее братот со неговото семејство е претеризам.
и пази малку на речникот.....животиња??? сакаш да кажеш дека и ја и сестра ми сме животињи, па кога таа ќе си замине од дома ја ќе останам ЕДИНА животиња???
преиспитај се малку те молам. како можеш вака да се обраќаш кон личност што не ја познаваш?
а вие дома ако си се понашате како животињи, не се сите семејства исти.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 02:03 ---
со тие две ќе мора на три дела куќата да се дели:ROFLMAO:
пред законот се сите деца исти!!!
секако дека сите деца се исти и секако дека сите имаат дел ама како што пишав и погоре, обично ( 98%) сестрите ако имаат брат, со кој се во добри односи, се нему му оставаат, затоа што тие се мажени во друга куќа и таму е се нивно.
и секако дека нивна е и куќата каде што пораснале, имаат право да дојдат, да спијат, да останат колку што сакаат, само глупаво е соби да му земат на братот. да си ги заклучат и шо? сите ќе се испокараат после.......
а ако се две/три женски тогаш е друго........
 
Болдираново е главниот аргумент со кои себичните мажулиња се правдаат за тоа што сакаат да си го присвојат цел имот и да ја шутнат сестрата. Во куќата каде што ќе се омажат не само што ништо не е нивно, туку е дури ни заедничко, туку на мажот. Исто како што куќата што ќе ја наследиш ти од твоите нема да биде на жена ти, туку твоја. Во имотен лист нема да стои нејзиното, туку твоето име. Наследен имот и имот стекнат пред брак ниту се смета за заеднички, ниту се дели во случај на развод. Со други зборови, ако сестра ти се разведе, ќе остане на улица, од имотот на мажот нема да добие ништо, биди сигурен во тоа, а од куќата каде што пораснала па ич, пошо нели ти ќе бидеш новиот владетел на династијата.:icon_lol: Ќе биде целосно зависна од маж и`, затоа што на нејзино име ќе нема никаков имот. Ќе мора да трпи, што и да се случува, затоа што друга варијанта нема. Од тие причини мажјаку, имаш еден куп жени што трпат психофизички тортури, неверства и понижувања.

А ти од друга страна, ќе си го земеш целиот имот, ќе си се обезбедиш, ќе си домкнеш некое невестуле и ќе командаш по дома, затоа што нели на твое тло ти си газда, а ако и жена ти има брат и затуцани родители, тогаш и таа као и сестра ќе нема друг избор па ќе мора да те трпи.

PurplePuma, да тој муабет го имам спомнато, ама тогаш некои wannabe комичари ми се потсмеваа, демек сум била затуцана, сум живеела во 18 век или па во некоја пустелија, а факт е дека оваа пракса, синовите да наследуваат се` е се`уште широко распространета, и што е најтрагично, многу луѓе (претежно мажи) ја оправдуваат, што донекаде е разбирливо, затоа што таквата поделба на имотот им одговара. Им одговара жените да бидат целосно зависни, а мажите да имаат слобода да прават што ќе им прдне, сигурни дека жената нема да ги остави.
А знаеш што е уште потрагично а истовремено и смешно? Што заради ваквите муабети и јас и ти имаме репутација на некакви милитантни и радикални феминистки. Пази, во 21 век, луѓето го сметаат за радикален феминизам фактот што јас и ти сметаме дека и ќерките треба да наследат еднаков дел од имотот. Ај ти имаш сестра, ама јас имам брат и ги замислувам форумските традиционалисти како го сожалуваат што за сестра му се паднала милитатна феминистка. "Караконџула низаедна, сака да му земе пола имот на детето, ццц јадно дете каква клета судба го снајде, сигурно го има проколнато некој...:place:"
 
секако дека сите деца се исти и секако дека сите имаат дел ама како што пишав и погоре, обично ( 98%) сестрите ако имаат брат, со кој се во добри односи, се нему му оставаат, затоа што тие се мажени во друга куќа и таму е се нивно.
и секако дека нивна е и куќата каде што пораснале, имаат право да дојдат, да спијат, да останат колку што сакаат, само глупаво е соби да му земат на братот. да си ги заклучат и шо? сите ќе се испокараат после.......
а ако се две/три женски тогаш е друго........
знам како треба се тоа да оди,но тие твој 98% денеска се смалени на 67% се имат доста сменато карактерот на луѓето последниве 20 години во негативна смисла,многу жалосно!!!
 
Болдираново е главниот аргумент со кои себичните мажулиња се правдаат за тоа што сакаат да си го присвојат цел имот и да ја шутнат сестрата. Во куќата каде што ќе се омажат не само што ништо не е нивно, туку е дури ни заедничко, туку на мажот. Исто како што куќата што ќе ја наследиш ти од твоите нема да биде на жена ти, туку твоја. Во имотен лист нема да стои нејзиното, туку твоето име. Наследен имот и имот стекнат пред брак ниту се смета за заеднички, ниту се дели во случај на развод. Со други зборови, ако сестра ти се разведе, ќе остане на улица, од имотот на мажот нема да добие ништо, биди сигурен во тоа, а од куќата каде што пораснала па ич, пошо нели ти ќе бидеш новиот владетел на династијата.:icon_lol: Ќе биде целосно зависна од маж и`, затоа што на нејзино име ќе нема никаков имот. Ќе мора да трпи, што и да се случува, затоа што друга варијанта нема. Од тие причини мажјаку, имаш еден куп жени што трпат психофизички тортури, неверства и понижувања.

А ти од друга страна, ќе си го земеш целиот имот, ќе си се обезбедиш, ќе си домкнеш некое невестуле и ќе командаш по дома, затоа што нели на твое тло ти си газда, а ако и жена ти има брат и затуцани родители, тогаш и таа као и сестра ќе нема друг избор па ќе мора да те трпи.

PurplePuma, да тој муабет го имам спомнато, ама тогаш некои wannabe комичари ми се потсмеваа, демек сум била затуцана, сум живеела во 18 век или па во некоја пустелија, а факт е дека оваа пракса, синовите да наследуваат се` е се`уште широко распространета, и што е најтрагично, многу луѓе (претежно мажи) ја оправдуваат, што донекаде е разбирливо, затоа што таквата поделба на имотот им одговара.

ме изнасмеа со постов.
ова што го кажа ама воопшто не е точно. посебно за делот: "ако дојде до развод ќе остане на улица"???
куќата каде што растела секогаш е нејзина и секако дека има дел. ако дојде до развод секако дека ќе се врати во куќата на своите родители. еве жив пример имам в комшии. жена се разведе после 20 згора години брак и нормално дека си се врати кај мајка и, татко и, братот, снаата, и двајцата внуци. мислиш дека некој при здрава свест би ја оставил сестрата или ќерката да остане на "улица"? дај ти се молам.......
а и во поново време како што гледам, младите си купуваат башка стан. не си ни кај нејзините, ни кај неговите. чиста сметка долга љубов.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 02:41 ---
знам како треба се тоа да оди,но тие твој 98% денеска се смалени на 67% се имат доста сменато карактерот на луѓето последниве 20 години во негативна смисла,многу жалосно!!!
ако си сака и сестрата дел (што и сосема во право е нели и нејзина е куќата) братот е најубаво да и даде пари, половина од колку што вреди имотот отколку да му земе 2-3 соби, да ги заклучи и да нема пристап братот во нив. колку е глупаво така. еве сега ја си замислувам како би било ако пола од собиве (кај мене дома) да се закучени и да си се од тета (сестра на тато). глупаво. (n)
 
ме изнасмеа со постов.
ова што го кажа ама воопшто не е точно. посебно за делот: "ако дојде до развод ќе остане на улица"???
куќата каде што растела секогаш е нејзина и секако дека има дел. ако дојде до развод секако дека ќе се врати во куќата на своите родители. еве жив пример имам в комшии. жена се разведе после 20 згора години брак и нормално дека си се врати кај мајка и, татко и, братот, снаата, и двајцата внуци. мислиш дека некој при здрава свест би ја оставил сестрата или ќерката да остане на "улица"? дај ти се молам.......
а и во поново време како што гледам, младите си купуваат башка стан. не си ни кај нејзините, ни кај неговите. чиста сметка долга љубов.
се зборува за после смрта на родителите,ти погрешно си сфатил или се правиш малку на :eek:
 
се зборува за после смрта на родителите,ти погрешно си сфатил или се правиш малку на :eek:
па братот ако психички нормален надвор ќе ја остави сестрата? и се нему да му оставила, и да нема ништо повеќ тука, јас мислам не постои брат што не би ја зел сестра си дома.
и ај со муабетиве напнавте. темава зошто е, вие што ми праите муабети :свиркам:
 
Имам брат што е постар 2.5 години. И нормално како мали, кради играчки, тепај се со него и слични глупости... :). Ама тоа не траеше долго, многу се поштуваме, и ретко кога сме скарани.Сите ни викаат дека многу си личиме (Дури понекогаш и на живци ми иде тоа). За во школо секогаш ми помагаше, па дури и професорите ми попуштаа со оценките заради него ( Тој одличен ученик сите петки му беа, додека пак јас прав дудук, само со тетратка одев вшколо :pipi:). Сега помалце се гледаме дека почна да работи, но кога е така поодморен, мора малце да ме исплеска на ПЕС, секогаш губам ( + ми попушта ) :(. За компјутер никогаш не сме се скарале кој да седи попрво.Си имаме џентлменски договор, ако мене ми се седи на ком, му давам 30-40 минути да стане од столчето, и обратно, тој на мене исто. Си имаме разбирање де, респект што се вели.И често се заебаваме за тимовите за кои навиваме, кој е поместачки клуб,Манчестер Јунајтед или Јувентус :icon_mrgr: . За се прво нему му кажувам, па после на другите
Не би го менувал за ништо на свет, тоа е мојот брат :cuc:
 
па братот ако психички нормален надвор ќе ја остави сестрата? и се нему да му оставила, и да нема ништо повеќ тука, јас мислам не постои брат што не би ја зел сестра си дома.
и ај со муабетиве напнавте. темава зошто е, вие што ми праите муабети :свиркам:
Не си размислил за случај каде што братот и сестрата се раскарани до даска и на пример не правеле муабет со години? Има еден куп такви случаи, сигурен сум дека знаеш дека има.
 
Не си размислил за случај каде што братот и сестрата се раскарани до даска и на пример не правеле муабет со години? Има еден куп такви случаи, сигурен сум дека знаеш дека има.
па ако се скарани нема да му го остава цело имање нему :unsure: се ќе делат по пола што значи дека ако сестрата се разведе ќе си се врати дома кај што пораснала.....логика бе брат......си има дел таму.........
 
Имaм постaрa сестрa 26 години имa, помaлa 19 и брaт 16.
Сестрите ми се лепотици, всушност сите сме убaви aмa мислaм нaјстaрaтa е нaјубaвa од сите. Со помaлaтa сестрa секогaш сме зaедно, ептен се сложувaме и подржувaме. Сестрa ми и јaс скоро исти сме, во кaрaктерите не физички. Брaтот иaко е многу помлaд од мене, веќе е повисок од мене. Него нaјмногуууу го сaкaм. Лепотaн :love: Иaко го учев aнглиски ко беше помaл сегa подобро и од мене зборит и aнглиски и гермaнски. Крaјно себично суштество, некогaш морaм пaри дa му дaвaм aко требит дa ми помогнит во нешто. Никогaш не не издaвa и мене и сестрa ми зa што и дa се рaботи. Домa со сестрa ми aнглиски збориме aко не сaкaме дa не рaзберaт родителите, a ко ќе криеме нешто од брaт ми збориме шпaнски, зa среќa не рaзбирaт. Ме викaт рaсисткa когa нa нервозa ќе речaм црнчиштa или цигaни, тоa него во нервот го мaвaт. Брaтчето ми е личнооо преличнооо, умно преумнооо, пaметно препaметнооооо, со нaјубо име нa светот :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom