- Член од
- 21 септември 2012
- Мислења
- 1.308
- Поени од реакции
- 1.443
Тие 2007 година се многу истрошени камиони. Не трошат по 30 на 100, туку потрошувачката им е од 35 до 40 зависи на која релација возиш. А
Освен нафта за еуро 5ка, се става и посебно средство на 100л кое го има на бензиските пумпи и исто не ми текнува како се викаше е околу 50 евра.
Ад блу е тоа


Друга работа, моли се да не те стопрат горе. Затоа што немаш ЦЕМТ (а и да имаш, џабе ти е), ќе те казнат, и тоа дебело. Многумина возат на црно, со фалц цемтови/дневници и слично, ама полека полека ги фаќаат. Едино на бугарски таблици, во бугарска фирма.
Ако имаш КЕШ пари, со еден камион да почнеш... ајде, може некако


Како што кажа Леандра, фирмите посреднички се преваранти. Оштетени приколки, помалку километри и сл. работи кои ти штетат тебе се секојдневие. Да најдеш шофер на кој би му верувал барем малку, и кој би се нафатил на оваа работа е мишн импасабл

Со среќа !
Само би се надополнил на леандра, и нај тип топ да го стегнеш камионот никогаш не можеш точно да си сигурен колку е тип топ стегнат.
Уште помалку можеш да знаеш колку точно ќе ти биде трошокот на една тура.
Не се трга со точно пари на пат, регулационен вентил рикнал, пукнал јастук,семеринг пуштил,скинало црево за вода, интер кулер се дупнал, пукнал диск. итн, итн, ситни дефеци на потрошен материјал кој знаат ите како да коштаат,а се дешаваат и кај чичка нови возила.
Ако мислиш самостојно да вршиш транспорт и немаш доволно кешарица не ни почнувај, еден да те заебе за плаќање или да ти закасни те укопува 5 метри у тиња.
Не ја рачунај само нафтата како трошок,стаи и по некој паркинг сервис и остали заебанции, у шпедиција нема толку ми требаат до цент и почињам.
Една гума да ти пукне, отидоа 400 евра. Ќе дојде време за менување гуми и регистраија. 6 гуми * 400 = 2400евра само за гуми. Покрај тоа што за на пат треба да имаш вишок пари да му дадеш на шоферот, треба и дома некое евро да имаш. Ете криза е, каснат со плаќање ( некои и не плаќаат ). Ако не ти плати денес, а немаш на страна, утре за да оди на пат ќе немаш за нафта да ставиш. Едно полнење од 0 до врв е над 1200 евра
