ПЕТИЦИЈА: Илиевски, Антиќ, Гечевски, и Докузовски на ЕУРОБАСКЕТ 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
И поголеми sвезди од нив секојдневно се откажуваат од репрезентација заради клубот, не е ова ништо ново и не се дешава само во кошарката.
сепак, кај нас друга е приказната, немаме ние 30 квалитетни кошаркари за да се дозволи ваков луксуз… на некој начин би требало да играме како дома, а со добар пласман за прв пат би се пласирале на СП.
 
сепак, кај нас друга е приказната, немаме ние 30 квалитетни кошаркари за да се дозволи ваков луксуз… на некој начин би требало да играме како дома, а со добар пласман за прв пат би се пласирале на СП.
Знам, јасно ми е, само и објаснував дека ова појава не е нешто прв пат што се дешава.
 
Значи нема што да се прави муабет околу повлекувањето на Гечевски,човекот го даде максимумот за Македонија последниве 15 години,изигра се што можеше да изигра и тоа е тоа.Редно е да му се заблагодариме за се што направи и да го оставиме да ја заврши сезонава со МЗТ и да го чекаме после во стручниот штаб или со некоја улога во федерацијата.Реално и самите видовте на квалификациите за ОИ како играше против еден Хорфорд,Мартинез.Едноставно годините го газат и не може да игра на исто ниво,не знам што очекува народов,да игра до 60 ли?Гледате и сами дека на секој пад или крши рака,или нос или нога.Тоа е тоа,неговата кариера(не само репрезентативна)заврши/завршува и понатака останува на него да одлучи како ќе продолжи.Илиевски,самите знаете за него дека на предходното европско,пред ова последново и самиот го откажа настапот поради повреда на коленото.Правеше операција и јас го мразев толку многу што не можам ни да опишам моментално,реално кариерата негова му беше побитна одколку репрезентацијата.Ова го зборам зошто знам дека доколку би бил некој друг на негово место,100% сум убеден дека ќе играше.(Читај Наумче Мојсовски во Металург моментално)Има 32 години,и тој е на крајот на кариерата и моментално гледа да направи пари,доколку некој ја следи кошарката во Хрватска ќе види што се случува во Цедевита.Факт е дека е играчиште и моментално,бидејки сам ги нокаутираше Жалгирис пред некој ден меѓутоа доколку одлучил дека треба да се посвети повеќе на семејствотоо и да се повлече од репрезентацијата сигурно има и причини што го навеле на тоа.Една ебана петиција нема ништо да промени.Единствено може само да го памтиме по завршниот шут со Литванците и "леле што направивме".
Антич,кажав во предходните постови за него,тој ќе продолжи да игра за репрезентацијата бидејки тие информации што излегоа во јавноста дека се повлекува не се точни.Знаете какви се новинарите,само чекаат нешто да се појави интересно да бапнат за да имаат читаност.Точно дека се појави на фејсбукот на Антич таа информација дека се повлекува од репрезентацијата која за кратко време беше тргната од самиот него.Доколку имаше нешто вистина во тоа,тој како секој нормален човек ќе излезеше пред јавноста и ќе кажеше што е и како е.Исто и на страната на федерацијата ќе имаше известување околу ова.Се додека е ситуацијата како оваа моментално,Антич е играч на Македонија и тоа никој не може да го смени.
Така да,атакуваме на медал.
(y)
 
сепак, кај нас друга е приказната, немаме ние 30 квалитетни кошаркари за да се дозволи ваков луксуз… на некој начин би требало да играме како дома, а со добар пласман за прв пат би се пласирале на СП.
Епа ако немаме 30 квалитетни кошаркари ако не ај да ги влечкаме овие до 40 години. Еднаш мора да се направат промени, да се подмлади репрезентацијата, и не забораватје дека Македонија е овоа, некако многу апетитите се дигнаа после еден успех. Подобро е вака шо се откажаа, сметаат дека повеќе неможат да придонесат за репрезентацијата и се повлекуваат, оставаат простор за помладите да се развиваат и да добијат искуство за понатаму. Не гледам ништо трагично во сето тоа...
 
Никогаш не ми била јасна трансформацијата од херој во предавник. Како дојде до тој муабет дека Антиќ е предавник, па уште повеќе не ми е јасно.

Јасно ми е само дека без него и без Бо, на Македонија ќе и биде проклето тешко. На Илиевски и Гечевски време е да им се каже големо ФАЛА!

Welcome to hotel Macedonia.
 
Не знам за Антич али знам дека Илиевски има фамилијарни проблеми и добро што и продолжи да игра во друг клуб зошто мислев дека ќе се пензионира,така да не само лупетајте на слепо.Од каде знаете што проблеми си има човекот.Гечевски би бил добар за од клупа и ако не се пополни репка треба да се викне,ама секад би дал предност на помлади зошто е драгоцено искуство и баш на такви првенства знаат да се докажат.Мора некад да има смена на генерации.
 
Странец за тренер!
Штета ќе биде за генерацијава играчи ако не се донесе навистина добар тренер во репрезентацијава (читај: странец).

Жал ми е за рајава на форумов, се има љубов кон спортот ама се нема повиско познавање на она што е стратегија и фундаменти на играта.

Докузовски е релативно добар тренер ама за ниво на локална лига. Не е ни одблиску доволно добар за водење талентиран тим на такмичења од највисок ранг. Не може некој што има макар и основни познавања од стратегијата во кошарката да не ги види слабостите на Докузовски како тренер.

Банално е без практични видео примери да дискутираме ама првите работи кои со пола минута размислување ми доаѓаат на ум се дека: Човекот не може да процени кога е вистински момент за земање тајм-аут, кога треба да се прават дефензивни подесувања, кога треба да се стави дефанзивен играч на противничкиот играч што му оди шутот/играта... елементарни работи. Навистина со ростер од 8 играчи и нема многу можност за варијации ама и тоа делумно беше негова кривица (двете маскоти од Работнички што ги „шеташе„ на неколку првенства без да изиграат ни една минута на терен).


До иницијаторите на оваа „петиција„:
Бидете реални и согледајте ја вистината дека Докузовски е најмалку заслужен за успехот на европското првенство. Играта на нашата репрезентација беше основен школски напад каде најпрво се носеше топката до некој од центрите блиску до кош за притоа да се направи обид со пик&рол за влез или шут со понатамошно движење на топката по периметар.

Се друго беш е дај му ја топката на Бо!
Без Бо МекКејлеб оваа репрезентација немаше да направи ништо повеќе од евентуален втор круг на првенстовото... дури и тоа е оптимистичко предвидување.
Стратегијата на играта не се смени во ниедна утакмица и против сите противници се играше исто. Играчите играа скоро па и без тренерски корекции, и успехот дојде од самото нивно пожртвувано залагање во играта.

Во одбраната беше слично.
Освен одлуката против Литванија да им го бранат пик-от а да го остават рол-от, од нивниот пик&рол (што беше добра и валидна одлука), јас не видов никакви адаптации кон на играта на противникот. Тоа посебно ни штетеше против Шпанија и Русија.
Со Шпанија реално немавме премногу шанси ама против Русија добар тренер можеше и тоа како да ги добие и двете утакмици.


Оваа генерација заслужува одличен тренер!
А Докузовски дефинитивно не е тоа.
 
Ако се прашува нешто Врбица,а се прашува и тоа доста Luca Banchi ќе ни биде нов тренер.Веќе го имаме во тимот нивниот кондиционен тренер што е дополнителна олеснителна околност.

И да се разбереме секој кој може ќе игра за репрезентација и тоа поради многу добра причина ПРОМОЦИЈА.Цените на Антиќ,Самарџиски и Војдан им рипнаа дупло по Европското,а Мекејлеб од вон-сериски играч стана елитен играч.

Акој никој друг нивните менаџери нема да им дадат таков луксуз како ненастапување,посебно на Антиќ кај наскоро му завршува "дебелиот" договор со Олимпијакос.
 
vanlok
Се слагам со се што е напишано. Само би додал ние спортот премногу едноставно го гледаме само од страната на навивачите и на успесите. Никој не е свесен што се треба да се помине од спремање односно подготовки за еден таков настан како што е Европско првенство. Тука пред се се мисли на дисциплина и работа. Најлесниот дел е да се излезе и да се игра. Без тренерски корекции залагања и помош од федерацијата (која за среќа во кошаркава очигледно за репрезентацијата најмногу направи) штета ќе биде ако не се донесе квалитетен тренер.
 
Хммм, и премногу е очигледно колку НЕ се работи во Македнија, и не само во кошарката туку во спротот воопшто.
Спортските федерациите се непотистчко-депостски структуирани или поточно узурпирани од неранимајковци кои се штетни за спортот но и за државата и за општеството.

Рики Рубио баскет тренира од 4 години.
Ама Рики живее во земја каде со децата организирано се работи уште од предшколска возраст. Огранизирано и спонзорирано од самата држава, преку соодветните спортски структури што ги имаат таму.

Што работат нашите спортски федерации?
Каде е работењето за иднината, со децата?

Или премногу се зафатени со ручеци и платени одмори (под камуфлажа на некакви си семинари и презентации), каде најверојатно дискутираат од каде да најдат пари за премиите што им ги должат на спортистите... И да се разбереме, нема мислењево политичка позадина, ништо не е сменето на ова поле од кога постои Македонија (како модерна држава).
Затоа само те молам н емој да ми зборуваш колку „работат„ нашите спортски федерации/структури. Зошто не работат а тоа што го работат сигурно не е за наше добро.

И назад на темава, не гледам како може да се нема пари за врвен тренер странец, колку и да кошта. Ако имаат пари да платат странци цела ватерполо репрезентација, со се тренерот и помошниците, можат да платат и еден тренер за кошарка.
Посебно сега кога во кошарката имаме репрезентација за врвни дострели. (исто и за ракометот ама тоа е друга тема)
 
Ако се прашува нешто Врбица,а се прашува и тоа доста Luca Banchi ќе ни биде нов тренер.Веќе го имаме во тимот нивниот кондиционен тренер што е дополнителна олеснителна околност.

И да се разбереме секој кој може ќе игра за репрезентација и тоа поради многу добра причина ПРОМОЦИЈА.Цените на Антиќ,Самарџиски и Војдан им рипнаа дупло по Европското,а Мекејлеб од вон-сериски играч стана елитен играч.

Акој никој друг нивните менаџери нема да им дадат таков луксуз како ненастапување,посебно на Антиќ кај наскоро му завршува "дебелиот" договор со Олимпијакос.

e ako Bo bese vonseriski igrac....dobaar si....
 
Илиевски нека си се пензионира и така премногу глумеше принцеза.
Антиќ би требало да остане.
Гечевски веќе е завршена приказна, после оваа сезона не би можел да издржи уште едно првенство.
Докузовски си го направи своето и треба да остане веќе таму каде што е. Единствена грешка му беше тоа што не се бореше да остане селектор и за квалификациите за О.И.

Требаат нови играчи во репрезентација и нов (странец) селектор. Уште една системска грешка селекторот требаше да биде избран уште по завршетокот на квалификациите за О.И.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom