ПЕТИЦИЈА: Илиевски, Антиќ, Гечевски, и Докузовски на ЕУРОБАСКЕТ 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
Мене нешто не ми е јасно, Илиевски, Гечевски, Бо и Антиќ изјавиле дека нема да играат за репрезентацијата или? И зошто?
Реално гледано Гечевски е стварно стар за уште едно првенство. Илиевски постојано има фамилијарни проблеми, така да fuck it. Али Антиќ може, и треба да се врати. Ќе ни фали висок играч.
А за тренер... Ако нејќе Докузовски ондак неаме многу избор. Емил Рајковиќ и Слободан Петровски - НЕ. Најубаво да го викнат Пипан од МЗТ да ја води и репрезентацијава. Се гледа дека е квалитетен тренер.
Како мислиш фамилијарни проблеми?
 
Бо и Антиќ ќе играат 100% за репрезентација не ширете само глупости.Ќе има доста промени во тимот 100%

Очекувам да бидат викнати Костоски,Димчевски,Трајковски,Николовски и Соколов како надоплонување на Бо,Антиќ,Дамјан,Војдан,Чековски,Самарџиски + 1 младинец.

Со тоа што за наоѓање тренер е главен Врбица може да се очекува дека тренерот на Монтепаски ќе ни биде.Ако не ни е он тогаш ќе мора од Македонија Емил најверојатно.

.
 
Да се собереме што е можно повеќе и сите заедно да извршиме притисок кон Кошаркарската Федерација на Македонија и нашите кошаркарски репрезентативни херои, заедно да соберат сили за бар уште една битка за Македонија на Евро Баскетот во Словенија 2013 година.

Перо Антиќ, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Бо Мекејлеб, Марин Докузовски, ние вашата верна публика, ве замолуваме за уште еден пат да застанете зад боите на македонскиот кошаркарски дрес.

Или се шегуваш или немаш поим што е добар тренер и до каде ќе стигневме со еден тренер од рангот на Червар во ракометот.

А не ми изгледа дека се шегуваш.



П.С. Дај боже што поскоро да пишуваш петиции и за Шундовски.
 
Мене нешто не ми е јасно, Илиевски, Гечевски, Бо и Антиќ изјавиле дека нема да играат за репрезентацијата или? И зошто?
Како мислиш фамилијарни проблеми?
Зошто на Гече му поминува времето еве и во МЗТ максимум уште 2 години може да тера преку сила.
А тоа што не си запознаен со фамилијарните проблеми на Владче кажува за твоето позанавање на репрезентацијата, а и греота е такви муабети на форум да ги правиме.
Перо и Бо треба да играат дефинитивно.
 
Должност им е да играат за Македонија додека се способни да играат на високо ниво... ако не сакаат, нека идат у курац, нема да ги молам со некои глупи петиции.
 
Гледам на многу места и Бо го умешуваат у муабетот дека нема да игра. Па од каде ги извадија тие муабети не ми е јасно...:facepalm: Ај Антиќ сам си даде таква изјава, па јасна е и претпоставката дека нема да игра, ама па за Бо што земаат да се трескаат од земја - уште не можам да сфатам од каде дојде тоа...
 
Антиќ онај од ФИРОМ што е .....(n) не фала нас ни требаат Македонци па уште петиција леле бе

Тука у муабетов и Бо го рачунаш или он не се важи?;)
 
Антиќ онај од ФИРОМ што е .....(n) не фала нас ни требаат Македонци па уште петиција леле бе
Шо се трескаш од земја? Антиќ може да рече дека е од Марс ама пак таму ќе пишува до неговото знаменце ФИРОМ и не треба нит него, нит другите спортисти кој го бранат знамето на државата под име избрано од политичари кои благе везе немаат со спорт.
А ако сакаше да испаднеш интернет патриот ондак успеа браво.
 
Тука у муабетов и Бо го рачунаш или он не се важи?;)
Се извинувам:love: нема врска ова за боби
--- надополнето: 19 ноември 2012 во 01:28 ---
Шо се трескаш од земја? Антиќ може да рече дека е од Марс ама пак таму ќе пишува до неговото знаменце ФИРОМ и не треба нит него, нит другите спортисти кој го бранат знамето на државата под име избрано од политичари кои благе везе немаат со спорт.
А ако сакаше да испаднеш интернет патриот ондак успеа браво.
Али јас трескам али Антиќ треска не знам....тоа што пишува до неговото знаменце ФИРОМ нека пишува
 
Значи заклучок: Ни треба Кире Николовски место Гечевски,
Друже ти ок си? Да немаш нешто пиени пушено? Абе Кире Николовски неможе во Мзт да даде повеќе од 5 поени во натпревар јаде ќутек како магаре под кош а глеј колкаво магаре ,од што е толку добар за Македонска репрезентација затоа грее клупа во МЗТ. Да речеше Гечевски да го замени Бојан Трајковски ќе те разберев ама дрвово Кире Николовски дека ќе го замени Гечевски во некој друг сон. Патем се гледа колку поени и скокови има Гечевски во Мзт а колку Кире Николовски нема тука што повеќе да се дискутира.
 
Сакале да признаете вие или не.

Антиќ, Гечевски, Илиевски, Бо Мекејлеб заедно со Докузовски се костурот и носителите на нашата игра.

Тоа се четири играчи од нашата прва стартна петорка. Јас знам и верувам дека можат уште еден голем европски циклус да истераат за нашата репрезентација. И мислам дека далеку подобро ќе поминеме со нив одколку со некои комплетно нови момци на нивно место.

За тие што не се информирани постои опасност и Бо Мекејлеб да се повлече од репрезентативниот дрес токму поради губењето на костурот на нашата стартна петорка.

Ми пречат коментари од типот не вредат предавници цигани пензионери. Имате ли бре вие малку од малку достоинство, или тука сте само за го*на јадење. Кај бевте вие пред само година дена ? Со Игњовски накај Панчево ли ?

Дури и ако не се вратат во составот и ако се оствари вашата желба за нови кадри јас се кладам дека вие истите први ќе јадете го*на и за новите момци што ќе настапат бидејќи толку ви чука.

Извинете јас си ги сакам сите оние што ме израдуваа и ме направија горди и никогаш нема лесно да се откажам од нив. Напротив. Ако мислите дека тоа се глупости, нека ви служи на чест. Толку од мене. Имајте убава вечер.
 
Гледам на многу места и Бо го умешуваат у муабетот дека нема да игра. Па од каде ги извадија тие муабети не ми е јасно...:facepalm: Ај Антиќ сам си даде таква изјава, па јасна е и претпоставката дека нема да игра, ама па за Бо што земаат да се трескаат од земја - уште не можам да сфатам од каде дојде тоа...
Зошто направи трансфер во друг клуб мислам, не е веќе во Монтепаски. Не рече ништо тој ама тоа се претпоставки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom