инаку втора најисфорсирана ongoing серија е Dexter. Кој се не ја гледа.
Ептен е испопуларизирана и тоа само по себе е лошо, со гледаноста идаат нови сезони а ионака беше шаблонска и само се повтара, у круг.
Беспредметно глорифицирана, океј е Декстер како лик, ама нема ништо ново уште од првата епизода.
Фина поента. Сакав да го спомнам Декстер во минатите постови ама сум заборавил. Популарноста тоа го прави - штанцање беспотребно нови сезони. Декстер не е тип на серија која може да изгура со 5+ сезони, самата приказна не го дозволува тоа, исто како што Брејкинг Бед ако имаше во најава и шеста, седма и осма сезона сто посто се кладам дека ќе го изгубеше квалитетот.
Ги изгледав првите 4 сезони од Декстер, ја почнав 5тата сезона и не ја догледав. Серијата стана катастрофа, а сезоните и варираат.
Првата сезона - ремек дело (само таа е правена според книга или стрип, не знам што беше)
Втората сезона беше досадна.
Третата сезона не се сеќавам, значи била лоша.
Четвртата сезона исто беше одлична, со многу добар негативец.
За после петтата сезона да ја направат копија на втората, и тука прекинав.
Се што е натака од Декстер е префорсирано. Не е ЦСИ па да се прават нови сезони секоја година. Не знам кога планираат да ја завршат серијата, ама е префорсирана веќе, изгуби од квалитет. Секоја чест, пак ќе кажам, на првата сезона - после и да не гледаш, не губиш ништо.
Порано за преценета серија која извиси важеше Heroes. Сега ја даваат на Телма и случајно изгледав некоја епизода и не ми се верува какво срање од серија достигна толкава популарност. И на форум беше доста актуелна, особено првата сезона, после се натака беше шпанска серија на луѓе со супер моќи, добро што ја прекинаа кога видоа дека никој веќе не ја сака.
Lie to me, серија која самата се префорсира, од одлична прва сезона премина во потпросечна втора сезона, досадна и неинвентивна, додека Тим Рот беше супер, сценаристите негде по патот си се изгубија...