Кои серии сметате дека се преценети и префорсирани?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално е да се спомнува Friends, зашто друго не ни знаат. (не дека е лоша серија)
Ако станува збор за комедии еве на пример - Scrubs, New Girl... (серии каде што не се смее публика од страна ко ретардоси)
А инаку се знае, Game of Thrones, и би ја кажал тука и Touch!
ПС Дали има полошо нешто од тоа да гледаш една сезона од некоја серија, за да дознаеш дека престанала да се снима...... (John Doe, Alcatraz, па и Heroes)....
 
Има ли некој што ја цени Touch?
 
HIMYM ја ебаа серијата,требаше да трае максимум до 4-та сезона,се после тоа е срање.Дечките веќе не прават комедија ни па романтична комедија.Ми стана одбивна и ја гледам само да видам колку долу може да се спуштат.Маршал и Лили се досадни и толку вештачки што е неописливо. Робин како да нема никаква важност,прелетува од животот на Барни до Тед и назад,ставена е во некое лимбо и така ќе остане се дур не се земат со Барни.По сите правила и прописи,јебига,Тед и Барни не треба да останат пријатели,Тед ја има ебено идната жена на Барни цела година.Барни пак се труди да биде смешен,но пропаднаа форите(не е глумецот крив).Тед е баланс на глупоста на писателите.Од серија која требаше да биде подобра од Френдс,имаше дух и беше смешна,писателите си ја упрастија до максимум трудејки се да извадат што може повеќе кеш.
 
Two & half Men
House
Dexter
True Blood

И сериозно, ќе прашувате „Сериозно оваа серија? Поима немаш.“? Дај пораснете, неколку теми вакви има и веќе досадни се истите мислења. Плус не значи дека ако вас ви се свиѓа дека на сите ќе им се свиѓа. Посебно коа има луѓе кои мислат дека турските серии се поучни, зашто би ве чудело ако не сака хуморот на Friends или пак мистеријата на Lost? Тој некој може го сака хуморот на Family Guy и мистеријата на Twin Peeks...Ако мрази некоја серија која ви се свиѓа, не значи дека има лош вкус, туку едноставно, не е по тоа...
Пеер ваљда си ироничен со постов.
Ставот е една ствар, ако така глеаме насловов требаше да гласи кои серии не ви се допаѓаат. Финтата е што поентата на темата е нешто друго. Рецимо си изглеал една сезона, две и кажеш - да. У почеток беше топ, сеа подјебаваат. Или пак го глеаш хаус и си викаш ејјј топ серија, интерсно. Ама до толку да влијае на психата на масата???
Поентата е, не. Не е тоа за вкусови и такви работи. Турските серии навистина ги префорсираа на еден поинаков начин - константно пуштање на иста па иста тематика што дури и тој кој некогаш бил љубител на истите, сега е презаситен.
Да е` се по вкусот рецимо ја би ги додал Лост, Беверли Хилс, Старгејт, Стар трек. Едноставно не ми се по ќеф и тачка. Ама знам дека тоа е ептен субјективно мислење.
 
Не ми е јасно зошто Декстер ја вметнувате во листата на префорсирани серии?Па серијата е нешто најдобро последниве неколку години.Не е серија на која сме навикнати да гледаме како добрите ги факаат лошите,ова е сосема друго.Ваму дејствието е сосема различно.


Мој избор:

LOST-втората сезона ја утнаа...Првата ми беше добра но подоцна ја отупеа.Многу неразјаснети работи и затоа прекинав да ја гледам.
TOUCH-Многу галама,премногу прашина се дигна околу оваа серија а едвај ја изгледав првата епизода и цело време се вртеше околу едно дете кое ни зборува ни се смее или јас погрешно сум ја сфатила.
BIG BANG THEORY-Неможам да ја сварам исто ко турско индиските серии.Лошо лошо лошо.
 
Ама знам дека тоа е ептен субјективно мислење.

Па ваквите теми се секогаш субјективни. :)
Во зависност од нашите убедувања, вкус, перспектива оформуваме мислење.

За мене покрај тие што ги кажав во првиот мој пост на темава, сметам дека и 2 и пол мажи е преисфорсирана серија, еднаш се немам насмеано како што треба, а сите ја фалат. Истото ми е и со Хаус.

Не значи дека ако некои одредени серии кои се општоприфатени како квалитетни не ми се свиѓаат дека сакам турски/индиски серии, едноставно си имам одредени субјективни критериуми кога гледам и ако не ги исполнат или ако не ме задоволат како гледач, а насекаде се застапени - ќе сметам дека се префорсирани.
 
или јас погрешно сум ја сфатила.
Мислам дека погрешно си сфатила! А и не верувам дека можеш да оформиш мислење за серијата после првата епизода, така да пробај продолжи!
 
Six Feet Under... ха!

Колку е ценета и префорсирана тоа глава боли. Сите ја гледаат. Користат реплики од неа по фејсбук, раскажуваат за неа низ град, а нашиве телевизии крваво се борат за да откупат права и да ја емитуваат....
 
Колку е ценета и префорсирана тоа глава боли. Сите ја гледаат. Користат реплики од неа по фејсбук, раскажуваат за неа низ град, а нашиве телевизии крваво се борат за да откупат права и да ја емитуваат....
И плус по форуми многу ја форсираат.
 
Колку е ценета и префорсирана тоа глава боли. Сите ја гледаат. Користат реплики од неа по фејсбук, раскажуваат за неа низ град, а нашиве телевизии крваво се борат за да откупат права и да ја емитуваат....
Зависи какви пријатели имаш на фб и на какви места излегуваш у град. Зборуваат за серијава и тоа многу. Само треба да ги најдеш паметните хипстери. На форумов пример ја форсираат заедно со ББ, ама заслужуваат и двете серии да бидат форсирани :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom