Македонскиот народ е пред демографска катастрофа

Зошто?
Она збореше за македонки по националност, за албанките просекот кажа дека е 3,2 деца. Они и ромите го вадат просекот.
Не е така како што мислиш, затоа што се ислени повеќе од 100 000 македонци во изминативе 12 години, тоа се претежно млади луѓе во фертилна доба. Ако ги исклучиш нив македонците имаат фертилитет негде околу 1,6 според мене.
 
Зошто?
Она збореше за македонки по националност, за албанките просекот кажа дека е 3,2 деца. Они и ромите го вадат просекот.
Нема шанси Македонците да имаат најмалку деца по една жена во цела Европа.Само погледни околу себе и кажи ми ти дали навистина приметуваш до толку жени без деца или со максимум едно ?
Да беше така Македонија веќе ќе беше одамна прегазена кога би имале едните 1,2,а другите 3,2 фертилитет.
Па дури и по пописот од 2002 сите муслимани заедно немаат 3,2 фертилитет.
Нема шанси ниту Албанките да имаат 3,2 деца.

Погледни го само редот на раѓањето на децата и собери колку деца имаат тие мајки што се породиле лани.
Карпош на пример 271 прво дете, 214 второ, 42 трето, 1 шесто и 2 седмо дете.
А 533 мајки ги родиле овие деца до 2012 година.
 
Последно уредено:
Нема шанси ниту Албанките да имаат 3,2 деца.

Криво ми е што не ја снимав изјавата на дотичната, и јас бев негативно изненаден од бројките.

Само погледни околу себе и кажи ми ти дали навистина приметуваш до толку жени без деца или со максимум едно ?

Ехе, само да знаеш колку стари моми на 30+ познавам, што не си ни во сериозна врска, камо ли пред брак и деца раѓање.
 
Криво ми е што не ја снимав изјавата на дотичната, и јас бев негативно изненаден од бројките.
Дотичната веројатно лупа глупости. :D
Мислам дека и по пописот Македонците имаат поголем фертилитет од 1,2
Ехе, само да знаеш колку стари моми на 30+ познавам, што не си ни во сериозна врска, камо ли пред брак и деца раѓање.
Во Италија преку 25% од жените од 45+ години никогаш не родиле,па пак имаат фертилитет повисок од тоа.
Има секако многу,но за 1,2 фертилитет тоа треба да е од епски пропоции.
И Бугарите се подобри од тоа и Србите,па дури и Грците.
 
И Бугарите се подобри од тоа и Србите,па дури и Грците.

Ај извади ми бројки за етничките бугарки. Кај нив просекот го вадат ромите и турците, а и македонците со БГ пасоши.
 
Еве ќе земам за пример 2 селски општини едната чиста македонска,другата албанска.Зрновци и Зајас.

Во Зајас 2012 година 68 деца се родени, 5 вонбрачни и 63 родени во брак.
Од нив по ред на раѓање

I - 29
II - 21
III - 10
IV - 4

Во Зрновци од другата страна имаме 26 раѓања (22/4)

I - 8
II - 12
III - 2
IV - 4[DOUBLEPOST=1403639258][/DOUBLEPOST]
Ај извади ми бројки за етничките бугарки. Кај нив просекот го вадат ромите и турците, а и македонците со БГ пасоши.
Кои Македонци со Бугарски пасоши ? Нема масовно вселување на Македонци во Бугарија за да можат да влијаат значајно.
Инаку Турците во Бугарија според некои податоци од минатата деценија се скоро на ниво со Бугарите и најмногу се селат.Имаше една слика споредба на муслимани и христијани и нивните фертилитети според образованието.....прилилно слични.Муслиманскиот за нијанса подобар само и секако многу повеќе послабо образовани кои се пофертилни.
Единствени појаки таму се Ромите,но тие се околу 10% од родените.Не е доволно за да може толку да влијаат на вкупниот фертилитет.
 
Фертилитетот во Бугарија во 2013 бил 1, 48, а кај етничките бугари сигурно е 1,40 , исто колу кај србите. Не верувам дека е помалку.
 
Еве ви за Македонија

Вкупна стапка на фертилитет ( 2013) :1.48живородени на една жена.

Одбијте ги ромите и албанците и ќе дојдете до 1,2 деца по македонка.
 
Еве ви за Македонија

Вкупна стапка на фертилитет ( 2013) :1.48живородени на една жена.

Одбијте ги ромите и албанците и ќе дојдете до 1,2 деца по македонка.
Добро бе, по кој пат треба да ти се каже дека овие прават процени само според пописот од 2002 и земање во обзир на природното движење на населението.:icon_mrgr:
Сигурен си дека Македонците имаат слична старосна стурктура како и 2002 година ? Дека таму каде што биле попишани 30.000 луѓе во една генерација дека горе доле имаме и исти бројки и сега ? ДЗС смета така.....
Заводот за статистика проценува дека имаме и преку 2 милиони жители што не значи дека е навистина така.Треба овој податок кој се вади реда ради без прав попис да се зема со гоооооооолема резерва.
 
Еве ви за Македонија

Вкупна стапка на фертилитет ( 2013) :1.48живородени на една жена.

Одбијте ги ромите и албанците и ќе дојдете до 1,2 деца по македонка.
Ова е според проценката на ДЗС и воопшто не е релевантен извор барем кога станува збор за проценки затоа што не ги зема во предвид иселените македонци и албанци.
 
Инаку самата логика налага дека Македонците немаат 1,2,а Албанците 3,2 фертилитет.
Бидејќи имаме старосни структури само по религија,а не по националност ќе земам дека сите православни се слични со Македонците и сите муслимани со Албанците.Односот е 65-35.

Кога тие 35 жени да речеме би имале 3,2 тоа би дало 112 деца,а кога тие 65 жени би имале 1,2 деца би имале 78 деца православни.
Како прво и основно Македонците и денеска помеѓу родените се околу 50 %.Сега паднаа прв пат малце по тоа,но кога би им ги додал купените Албанки (чии бројки можат да се пратат така што кога ќе видиш во Ново Село на пример регистирани 5-10 родени Албанци што е нон сенс) би прешле преку 50%.
Така да во старт опаѓа тоа.
Башка што просекот на муслиманките и христијанките во тој случај не би бил 1,48 туку 1,9.

Да имаа Македонците 1,2 фертилитет тогаш Албанците и другите муслимани уште одамна ќе ги надродеа Македонците.Дури и ако Македонците имаат 1,2 фертилитет тогаш кај Албанците нема ни теоретски шанси да е многу поголем.
 
Има еден интересен феномен кај муслиманите , тие што живеат со македонци имаат слаб наталитет а тие што живеат изолирано како јуруците во источна македонија растураат. Во кисела вода турците и бошњаците имаат 10 промили наталитет, исто колку македонците.
 
Еве ви за Македонија

Вкупна стапка на фертилитет ( 2013) :1.48живородени на една жена.

Одбијте ги ромите и албанците и ќе дојдете до 1,2 деца по македонка.

Тешко би знаеле од ДЗС точен фертилитет.

А дека не се точни овие пресметки , еве ти потврда, фертилитет према региони, 2012та година:

-Полошки: 1,3
-Источен: 1,3
-Вардарски: 1,4


Не знам што се случува во Источна Македонија , но верувам дека немаат ист фертилитет како во Полог.

Овие се служат со податоци од 2002ра , а сепак многу млади се иселиле во последните 12 години.

Според мене , македонците не стојат толку лошо како што се прикажува. Многу општини кои сега имаат под 10 промила наталитет, доколку се одржи реален попис ќе излезат над 10 промили.
Ако се служиш со податоци од 2002ра, па ги пресметуваш со податоци од 2013та , биди сигурен ќе добиеш погрешен резултат.

Според тие податоци , Зајас има 6 промила наталитет ... не е наталитетот низок , туку попишани се луѓе со престој во странство.
 
И Русите ќе го папаат стапот ако вака продолжи.
Среќа на време воведоа сериозни мерки за стимулација на наталитетот и намалување на морталитетот,па сега стојат ок во поглед на родените.Етничките Руси имаат накај 11 промили наталитет и околу 1,6 фертилитет што за европски народ и не е така лошо.
Арно ама во големите градови каде што живеат голем број на Руси и каде што имаат голем прилив на луѓе од внатрешноста имаат фертилитети од 1,2-1,4.
Тоа им е голема болка,а имигранти од Централна Азија колку сакаш има.
Муслиманските малцинства и другите неевропски народи демографски стојат одлично + приливот од страна на муслимани.

И Русија е во опасност да го јаде стапот.Русија е дури позагрозена од повеќето западноевропски држави.Русите се во опасност во наредните декади да паднат на удел во популацијата сличен со тој на Македонците во Македонија денес.
Јас само ја пренесов веста, дека допрела до руски медиум.

Второ да русите имаат проблем, но Русите веќе 5 години спроведуваат позитивна демографска политика и реформа.
80% во Русија се руси. 1/10тина се тие емигранти или 7.7 посто. Не се баш колку сакаш.
Биди сигурен дека ќе го решат и овој проблем. А и гледам нема некоја загриженост ниту паника кај Рускиот политички врв околу ова прашање,така да далеку е дека се во опасност дека ќе го јадат стапот.
 
Ехе, само да знаеш колку стари моми на 30+ познавам, што не си ни во сериозна врска, камо ли пред брак и деца раѓање.
Да видам да не верувам. Можеш ли да напишеш малку што се причините. Знам дека ми е оговарачки муабетов, ама баш ме интересира пошо е скоро немогуче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom