Помош со математика

DSC01504.JPG DSC01505.JPG DSC01506.JPG

За асипмтотите не знам како да ти помогнам, пошто тие се бараат со лимеси, а според ова што учите не ми личи дека сте учеле лимеси. Пошто постојат многу повеќе својства од овие 4 :D

Немам многу време да ти објаснувам, така да ќе пробам накратко.

Кога бараш дефинициона област или Df, имаш неколку опции.
Прво ако имаш обичен полином, тогаш секогаш Df=R (R е множеството од реалните броеви).
Ако имаш дропка, тогаш се става именителот да е различен од нула (именител е тоа доле во дропката :D). Го израмнуваш на нула и ја решаваш равенката. Ако најдеш дека постои некое x за кое именителот е нула (како во задачата од третата слика) ставаш дека Df=R/{најдениот број}, што значи сите реални броеви освен најдениот. Некогаш може равенката да ти биде квадратна, па да најдеш два такви броја за кои именителот е нула, па Df ќе ти биде сите реални броеви освен тие два.

Кога бараш нули, бараш дали има точки во кои графикот ќе ја сече икс оската и ипсилон оската.
Кога бараш пресек со икс оска, ставаш y=0.
Тогаш целата функција што ти е дадена ја израмнуваш на 0 и си решаваш задача. Е сега секоја задача си е приказна сама за себе. Ако имаш дропка, само горниот дел се израмнува на нула. На втората слика сум извадил икс пред заграда, па кога имаш два множители да се еднакви на нула, го израмнуваш и едното и другото на нула, така сум ги добил решенијата :D
Па пресекот со икс оската е точка (или точки зависи колку решенија ќе најдеш) од облик M(најдената вредност за x, 0).

Кога бараш пресек со ипсилон оска, тогаш сегде кај што има x во функцијата заменуваш нула, осносно бараш f(0).
И тоа е ептен лесно, кај што има икс заменуваш нули и добиваш некоја вредност за y, па точката е М(0,најдената вредност за y).

Парност ти значи да провериш дали f(-x)=f(x) (тоа е парност), f(-x)=-f(x) (непарност) а ако не важи ни едно ни друго имаш НИ ПАРНОСТ НИ НЕПАРНОСТ... :D

Вертикална аспмтпота пошто не сте земале лимеси (претпоставувам) гледаш од првиот чекор со дефиниционата вредност. НЕ ПОСТОИ ако Df=R, а ако Df=R/{некоја вреднопст} тогаш имаш вертикална асимптота во x=најдената вредност во првиот чекор за Df.
 
hehe fala mnogu..izvini sho te iznamaciv ama mnogu mi se sobra se za na krajov da odgovaram a nemam kniga fateno
p.s imame za limesi uceno,go znam 4-to svojstvo a inache se na se ima 6 :D
pozdrav
 
Да не има некој што сака да ми објасни за веројатност,комбинации?
фала
 
Помош околу промена на граници кај двоен интеграл и редослед на интегрирање?
Имам задачи решени ама неможам да сконтам како е правилото.
zad1.jpgzad2.jpg
 
17. Еден ученик првиот ден прочитал ¼ од книгата, другиот ден 2/3 од остатокот од книгата, а третиот ден последните 40 страници. Колку страници имала книгата?
18. Таткото сега е трипати постар од синот. По 12 години таткото ќе биде два пати постар од синот. Колку години сега има таткото, а колку синот?
poomosh? ?:)
 
Еден ученик првиот ден прочитал ¼ од книгата, другиот ден 2/3 од остатокот од книгата, а третиот ден последните 40 страници. Колку страници имала книгата? ajde pomoss[DOUBLEPOST=1428942253][/DOUBLEPOST]. Базен се полни од две цевки за 4 часа. Само едната цевка го полни базенот за 5 часа и 15 минути. за кое време сама втората цевка ќе го наполни базенот?
 
Еден ученик првиот ден прочитал ¼ од книгата, другиот ден 2/3 од остатокот од книгата, а третиот ден последните 40 страници. Колку страници имала книгата? ajde pomoss


Првиот ден прочитал 1/4... вториот ден прочитал 2/3, 1/3 му останала или 40 страници.
2/3 = 80 страници
40+80 = 120 страници прочитал вториот и третиот ден.
Првиот ден 1/4 од книгата, а му останале 3/4 (за вториот и третиот ден).... 3/4=120 страници, од тука 1/4=40 страници.
120+40 = 160 страници има книгата.
 
(x− 2) (x + 5) < 0
x2+5x-2x-10<0
kako da se oslobodam od x2(x na kvadrat)?
 
(x− 2) (x + 5) < 0
x2+5x-2x-10<0
kako da se oslobodam od x2(x na kvadrat)?

А зошо се ослободуваш? Ги имаш нулите за интервалот, 2 и -5, е сега имаше едно правило, ако знакот е поголем интервалот е надвор од нулите, ако е помало мислам дека како решение се земаше интервалот. Ако не сум грешка решението ќе ти е (-5,2).
 
epa vaka ovie ox ke odat na levata strana a 10 na desnata strana
3x<10
a ova x2?
 
Не се ослободуваш од заградите.
Само правиш две равенства:

х-2=0 и х+5=0

Па имаш решенија х=2 и х=-5

Од тука решението ти е во интервал (-5;2) како што ти кажаа погоре.
 
epa vaka ovie ox ke odat na levata strana a 10 na desnata strana
3x<10
a ova x2?
Другар кога имаш неравенка не ти треба x2, убаво ти кажа Емка, директ ги наоѓаш 2 и -5 и ги ставаш на оска, ја ставаш и нулата (школски) и чим ти вели да е помало од нула интервалот ќе биде (-5,2).
 
epa vaka ovie ox ke odat na levata strana a 10 na desnata strana
3x<10
a ova x2?

Имаш неравенка, значи треба да најдеш интервал на решенија. Кога бројките од интервалот ќе ги замениш во неравенката стално треба да имаш резултат кој ќе ти е помал од нула.
Неравенката си ја средуваш секогаш да ти е во облик

израз знак граница

Кога префрлаш од друга страна на знакот го менуваш знакот на членот што го префрлаш. На пример во твојот случај 3х<10 би изгледало 3x-10<0. Значи треба да ја доведеш неравенката во таков облик за да ја решиш.
 
znaci vaka:
(x-2)<0 (x+5)<0
x<2+0 x<-5+0
x<2 x<-5

(-5,2)[DOUBLEPOST=1428999607][/DOUBLEPOST]Одреди ја вредноста на параметарот k така што правите y = (5k − 1)x + 1 и y = 7x − 1 се паралелни? k =___ a za ovaja ke mi pomogni nekoj?[DOUBLEPOST=1429000628][/DOUBLEPOST]Одреди го коефициентот b на правата = 3 + така што правата да минува низ точката (-1, -2).[DOUBLEPOST=1429002659][/DOUBLEPOST]na pravata y=3x+b ***[DOUBLEPOST=1429037961][/DOUBLEPOST]kje mi pomogni nekoj mi trebaat itno
:(
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom