Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
Некако ко да е потрошен човекот или ко да сме презаситени од него.
 
Нешто не го бива. Едноставно не е интересен како што знае да биде.
 
Многу комплицирал. Направи си со гости едно 70 проценти од времето, 20 проценти зафрканции клипови и 10 проценти музика. Како што прави цел ебан свет...
 
Боже скечевиве се ужасни.:facepalm:

Абе викни гостин, направи си муабет изведи самиот некоја песна и толку.

Со овој тертип нема да си најде таргет публика. Оние на кои им сече и сакаат да гледаат нешто повеќе нема да паднат на овие алтер ега и шупливиот хумор, оние кои гледаат турски серии нема да сфатат што сакал да направи.

Џамбазов, очекував повеќе. Жалосното е што може подобро.
 
Почетниве скечеви се најблаго кажано од почит према Иги, тапа.:)

Чекам муабетот со Тони, Калиопи и Тамара......
 
Ова е само прва емисија, чекајте ќе видиме има време да се покаже...

Веројатно сите епизоди кои му се снимени се во овој формат. Така да, се гледа во прва емисија како ќе биде после тоа...
 
2:17 Јас сум разочаран,максимално.......(n)

Значи очекував дека ќе има гости,и ќе има муабет,зезање,квалитетни информации во врска со гостите,не вакви глупи,итоа употребувам благ збор,глупи скечови. :sick:

Ова не е емисија бе,ова се глупи скечови само. :(
 
Не ми се верува дека денес цел ден го изгубив за да наместам МТВ1 на компјутер за да гледам ова. Ко да е за ретардирани. Па уште женами ми вика да сме купеле уште една сателитска за да гледаме МТВ на телевизорот.:tapp:
 
Ќе се самозапалам, отров. Новото дно е достигнато.
 
2:17 Јас сум разочаран,максимално.......(n)

Значи очекував дека ќе има гости,и ќе има муабет,зезање,квалитетни информации во врска со гостите,не вакви глупи,итоа употребувам благ збор,глупи скечови. :sick:

Ова не е емисија бе,ова се глупи скечови само. :(

Скечови е ок, ама не во волкав процент и толку наеднаш. Скечови се прават поврзани со гостите кои ти доаѓаат и настаните моментални. Правење на карактери кои се вртат секоја недела, треба да е сведено на минимум. Концептот ќе беше далеку подобар да имаше публика во живо, доаѓа Игорче, седнува на столче пред биро, прави некој ситен монолог со негови шали, пушта некој клип и доаѓа прв гостин, со него муабет ова она, и ајт нов клип, па после доаѓа другиот гостин и со него муабет, па после некоја песна и после вкрстен муабет со гостите и тоа е чао-рагаци.
 
Се обидувам да најдам интересно нешто, ама не можам... се надевам ќе се подобри, ова вака е лошо...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom