Двомесечно бебе од Кавадарци со срцева мана напуштено од родителите - има ли кој да го спаси?

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување
Брачна двојка од Канада сака да ја посвои Надица!

Брачна двојка од Канада ја сака Надица, двомесечното бебе кое неодамна е напуштено од своите родители, а чие срце е болно и ќе мора под итно да се оперира за да му се спаси животот. Во телефонскиот разговор тој ни објасни дека би сакал пред се да помогне за покривање на трошоците за операцијата на малата Надица, а потоа со сопругата имаат желба и да го посвојат бебето. Тие се наши иселеници од Скопје кои над две децении живеат во Канада, но не можат да имаат деца.
За желбата да помогнат во случајот со бебето Надица вчера го информиравме Министерството за труд и социјала. Оттаму велат дека се благодарни за хуманиот гест на брачната двојка од Канада, но дека трошоците за операцијата, што веројатно ќе биде извршена идната недела во Бугарија, ќе ги подмири државата.
Средствата се обезбедени, но секако дека ќе стапиме во контакт со ова семејство кое има желба да го посвои бебето, велат од Министерството. Оттаму додаваат дека малата Надица сега има привремен старател, а на нејзините родители се уште не им е одземено родителското право. Тоа ќе се случи во редовна судска постапка, во согласност со законот. Според министерот за труд и социјала, доколку биолошките родители пред донесувањето на судска пресуда се премислат, детето ќе им биде вратено. Доколку не, тогаш ќе биде згрижено од центрите за социјална работа и во натамошна постапка дадено на посвојување.
Нејзиното мало срце нема време за чекање, а по операцијата можеби во прегратките на своите биолошки родители, или можеби во Канада, Надица ќе расте и ќе му се радува на животот.

Извор
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF5E19F6BB28DC46A4B9773E82203BC7

Какво премислување кога тие веќе еднаш донеле одлука и го оставиле на милост и немилост на државата. Или пак можеби со ова им се дава јасна порака на сите родители кои ќе се најдат во ваква или слична ситуација да се откажуваат од своите деца, за подоцна државата да ги лекува, а подоцна да се ‘‘премислат‘‘ и да си ги вратат.
 
Оттаму додаваат дека малата Надица сега има привремен старател, а на нејзините родители се уште не им е одземено родителското право. Тоа ќе се случи во редовна судска постапка, во согласност со законот. Според министерот за труд и социјала, доколку биолошките родители пред донесувањето на судска пресуда се премислат, детето ќе им биде вратено. Доколку не, тогаш ќе биде згрижено од центрите за социјална работа и во натамошна постапка дадено на посвојување.
Нејзиното мало срце нема време за чекање, а по операцијата можеби во прегратките на своите биолошки родители, или можеби во Канада, Надица ќе расте и ќе му се радува на животот.

Сите оние кои се финансиски загрозени, а се борат за животот на своето дете, наместо да чекаат на донации треба да ја искористат оваа дупка во законот се со цел да се спаси нивното дете.
Се надевам многу ќе го искористат ова за спас на своите деца, наместо парите кои ги плаќаме да ги крадат.
 
Брачна двојка од Канада сака да ја посвои Надица!

Брачна двојка од Канада ја сака Надица, двомесечното бебе кое неодамна е напуштено од своите родители, а чие срце е болно и ќе мора под итно да се оперира за да му се спаси животот. Во телефонскиот разговор тој ни објасни дека би сакал пред се да помогне за покривање на трошоците за операцијата на малата Надица, а потоа со сопругата имаат желба и да го посвојат бебето. Тие се наши иселеници од Скопје кои над две децении живеат во Канада, но не можат да имаат деца.
За желбата да помогнат во случајот со бебето Надица вчера го информиравме Министерството за труд и социјала. Оттаму велат дека се благодарни за хуманиот гест на брачната двојка од Канада, но дека трошоците за операцијата, што веројатно ќе биде извршена идната недела во Бугарија, ќе ги подмири државата.
Средствата се обезбедени, но секако дека ќе стапиме во контакт со ова семејство кое има желба да го посвои бебето, велат од Министерството. Оттаму додаваат дека малата Надица сега има привремен старател, а на нејзините родители се уште не им е одземено родителското право. Тоа ќе се случи во редовна судска постапка, во согласност со законот. Според министерот за труд и социјала, доколку биолошките родители пред донесувањето на судска пресуда се премислат, детето ќе им биде вратено. Доколку не, тогаш ќе биде згрижено од центрите за социјална работа и во натамошна постапка дадено на посвојување.
Нејзиното мало срце нема време за чекање, а по операцијата можеби во прегратките на своите биолошки родители, или можеби во Канада, Надица ќе расте и ќе му се радува на животот.

Извор
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF5E19F6BB28DC46A4B9773E82203BC7

Какво премислување кога тие веќе еднаш донеле одлука и го оставиле на милост и немилост на државата. Или пак можеби со ова им се дава јасна порака на сите родители кои ќе се најдат во ваква или слична ситуација да се откажуваат од своите деца, за подоцна државата да ги лекува, а подоцна да се ‘‘премислат‘‘ и да си ги вратат.
Жими ташаков ке им ја земат, и да што побрзо сите го искористат ова право толу подобро.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 11:34 ---
Сите оние кои се финансиски загрозени, а се борат за животот на своето дете, наместо да чекаат на донации треба да ја искористат оваа дупка во законот се со цел да се спаси нивното дете.
Се надевам многу ќе го искористат ова за спас на своите деца, наместо парите кои ги плаќаме да ги крадат.
Не е дупка едноставно државата нели мора да се грижи за својте штитеници, е сега уште подобро е тоа што државата и како привремен старател мора да плати.
Само едно ме плаша да не нправат некоја дубара за да ги заплашат лугето па да донесат некој закон набрзина и да ја дадат малата на тие во канада, колку да ги обесхрабрат сите идни случаеви. Ке паднат на уставен и на суд за човекови ама можно е таква гомнарија да пробаат.
 
Јас ќе се молам ова погоре на доро познат, и останатите кои го тврдат истото да е стварност, а не родителска несовесност и нечовечност, дај боже детето пред се да ја преживее операцијата и да остане здраво, значи тоа е најбитно што кој таков сите се бламирате одма каква задна цел има настанот, не се прашувате дека детето може и да не ја преживее операцијата бидејќи е многу мало... како таа мајка која се нафатила на варијанта да си го спаси детето со можност државата да ја стави како старател и никога повеќе да не си го гушне чедото а? И вие погоре имате деца? сте го почувстувале мирисот на сопственото што туку родено дете, знаете што значи сето тоа за една мајка, јас не би била во можност ни во никаква задна намера да се откажам од мојте три деца, ќе дадам органи ако треба, ама да си го оставам чедото со можност никогаш повеќе да не го гушнам тоа нема да ми се случи колку и да звучи себично и нелогично, така е, инстинктот мајчински е најсилното оружје кое може една жена да го поседува.
 
Жими ташаков ке им ја земат, и да што побрзо сите го искористат ова право толу подобро.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 11:34 ---

Не е дупка едноставно државата нели мора да се грижи за својте штитеници, е сега уште подобро е тоа што државата и како привремен старател мора да плати.
Само едно ме плаша да не нправат некоја дубара за да ги заплашат лугето па да донесат некој закон набрзина и да ја дадат малата на тие во канада, колку да ги обесхрабрат сите идни случаеви. Ке паднат на уставен и на суд за човекови ама можно е таква гомнарија да пробаат.

Ако продолжиме да ја расправаме тезава за еден ден ќе ја зациментираат дупката.
Затоа терај дека родителите се неодговорни итн :)
 
Ако продолжиме да ја расправаме тезава за еден ден ќе ја зациментираат дупката.
Затоа терај дека родителите се неодговорни итн :)
АХ ГАДОВИ КАКО МОЖЕА ДА ГО ОСТАВАТ ДЕВОЈЧЕТО ХРККККККККККККК ПУУУУУУУУУУУУУУУУУ ИМ ПЛУКАМ НА ГАДОВИТЕ ВО ЛИЦЕ, се надевам дека и малата даница ке го направи истото кога ке порасне.
А што викаш да се избрише темава ? Зашто после каснувањето од кучето и судската пресуда веднаш донесоа заон дека никој не е клиф ( иако пак да тужиш пак ке добиеш ) Мислат дека ако донесат некој закон дека ги штити од одговорност .
 
Море како дојде времето ни на форум да не можиш муабет да си направиш, одма ке сменат некој закон;).
Па вака не било ни за време на Тито, додуша тогаш немаше форуми ама сеедно.
Инаку за муабетот на темата--
Родителите Тапа(n)
 
Шала на страна, знаеш дека сега можат да ги принудат од социјално да потпишат дека се откажуваат од детето.... ништо да не те чуди, секаде имаат доушници.
 
Шала на страна, знаеш дека сега можат да ги принудат од социјално да потпишат дека се откажуваат од детето.... ништо да не те чуди, секаде имаат доушници.
И да се откажат и со двете раце да потпишат, нема жива сила или закон кој нема да им го врати бебето на биолошките родители освем тие самите ако не сакаат да си го побараат.
п.с шпиуни су меџу нама:)
 
Шала на страна, знаеш дека сега можат да ги принудат од социјално да потпишат дека се откажуваат од детето.... ништо да не те чуди, секаде имаат доушници.
Абе реков јас да се брише темава, инаку нема шанса да не им се врати не закони не подзакони што сака нека прават.
 
Оттаму велат дека се благодарни за хуманиот гест на брачната двојка од Канада, но дека трошоците за операцијата, што веројатно ќе биде извршена идната недела во Бугарија, ќе ги подмири државата.

Како се решила бе државава да одбие други да ги платат трошоците?!

PS: Sarcasm is not always good.
 
Пропаганда само да не се учат идните родители да не ги прават овие финти! Каква канада, какви 200 денара, каков лифт? o_O
 
МАКЕДОНИЈА | 24. ОКТОМВРИ 2012 - 15:55
Македонско семејство од Канада заинтересирано да ја посвои малечката Надица

nadica.png
Македонско семејство од Канада донираше пакет нова облека за малата Надица. Нашинците кои долги години живеат и работат во оваа прекуокеанска земја уште по објавувањето на сторијата на Сител се заинтересираа да го посвојат бебето родено со срцева мана кое беше напуштено од родителите.
Нивната желба да ја чуваат Надица од ден на ден станува се поголема. Веќе покренале и постапка да бидат запишани во регистарот на потенцијални посвоители, а во Канада согласно тамошните прописи почнале да посетуваат и соодветна обука за нега и грижа на деца. Иако ветуваат дека ќе го чуваат детето во најдобри услови и ќе му пружат неизмерна љубов, од труд и социјала се категорични. Без разлика на желбите законите мора да се почитуваат.
-Сакам да посочам дека малата Надица сеуште не е дефинирано дека ќе биде дадена на посвојување. Државата односно центарот за социјални работи во Кавадарци е сеуште привремен стрател и наша примарна цел е детето да се врати кај биолошките родители. Доколку тие отстапат Надица да се врати кај нејзиното биолошко семејство, во тој случај Надица ќе биде дадена на посвојување. Си постои постапка во која приоритет имаат македонски граѓани, а потоа и граѓани од странство, рече Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
Согласно законот за семејство доколку биолошките родители во текот на една година најмалку 3 пати пројават желба да ја видат и да си ја вратат Надица тоа ќе им биде овозможено, ако и пред едногодишниот рок дефинитивно се откажат од детето, тогаш тоа ќе биде дадено на посвојување, велат од труд и социјала.
Во меѓувреме по двете успешни операции на срцето во Софија малата Надица успешно закрепнува на детската клиника. Тука ќе остане уште некое време, а потоа ќе биде префрлено во домот за доенчиња во Битола.
Александар Динев
 
Јас на некој начин ги оправдувам луќето.Ја оставиле бидејќи можеби немале пари да ја лечап,па се надеваат дека државата ќе ја излечи,или пак некој ќе ја посвои и че ја излечи.Не сакаат детето да им умира дома на раце.
Ајде,поччнете со камењата по мене...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom