Ристовски: Напуштеното бебе со срцева мана ќе се оперира во Бугарија
Малата Надица ќе биде испратена на операција во Бугарија. Државата и министерството за труд и социјална политика ги преземаат сите мерки кои се во нивна надлежност.
Министерот Спиро Ристовски, вети дека двомесечното бебе, кое родителите го напуштиле по раѓањето бидејќи имало срцева мана, наскоро ќе биде испратено на операција.
- Ветувам дека во наредните денови ќе биде навремено реализиран транспортот на малата Надица и оперативниот зафат по кој очекуваме малата Надица да биде здрава и нормално ќе се развива. Ние ќе дадеме максимум.
Привременото старателство веќе е стапено на сила и државата во рамките на своите законски надлежности ќе ја обезбеди целата грижа и бебето ќе биде испратено на операција во Бугарија, изјави министерот Ристовски за Сител.
Здравствената состојба на двомесечната Надица засега е стабилна.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/83...bebe-so-srceva-mana-ke-se-operira-vo-Bugarija
Се надевам дека се ќе испадне добро за малава и сакам еден ден да биде голем човек и овие идиотиве што ја напуштиле да си цркнат од мака