Darklady
Модераторка
- Член од
- 29 октомври 2011
- Мислења
- 5.643
- Поени од реакции
- 35.193
Брачна двојка од Канада сака да ја посвои Надица!
Брачна двојка од Канада ја сака Надица, двомесечното бебе кое неодамна е напуштено од своите родители, а чие срце е болно и ќе мора под итно да се оперира за да му се спаси животот. Во телефонскиот разговор тој ни објасни дека би сакал пред се да помогне за покривање на трошоците за операцијата на малата Надица, а потоа со сопругата имаат желба и да го посвојат бебето. Тие се наши иселеници од Скопје кои над две децении живеат во Канада, но не можат да имаат деца.
За желбата да помогнат во случајот со бебето Надица вчера го информиравме Министерството за труд и социјала. Оттаму велат дека се благодарни за хуманиот гест на брачната двојка од Канада, но дека трошоците за операцијата, што веројатно ќе биде извршена идната недела во Бугарија, ќе ги подмири државата.
Средствата се обезбедени, но секако дека ќе стапиме во контакт со ова семејство кое има желба да го посвои бебето, велат од Министерството. Оттаму додаваат дека малата Надица сега има привремен старател, а на нејзините родители се уште не им е одземено родителското право. Тоа ќе се случи во редовна судска постапка, во согласност со законот. Според министерот за труд и социјала, доколку биолошките родители пред донесувањето на судска пресуда се премислат, детето ќе им биде вратено. Доколку не, тогаш ќе биде згрижено од центрите за социјална работа и во натамошна постапка дадено на посвојување.
Нејзиното мало срце нема време за чекање, а по операцијата можеби во прегратките на своите биолошки родители, или можеби во Канада, Надица ќе расте и ќе му се радува на животот.
Извор
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF5E19F6BB28DC46A4B9773E82203BC7
Какво премислување кога тие веќе еднаш донеле одлука и го оставиле на милост и немилост на државата. Или пак можеби со ова им се дава јасна порака на сите родители кои ќе се најдат во ваква или слична ситуација да се откажуваат од своите деца, за подоцна државата да ги лекува, а подоцна да се ‘‘премислат‘‘ и да си ги вратат.