Двомесечно бебе од Кавадарци со срцева мана напуштено од родителите - има ли кој да го спаси?

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.677
Поени од реакции
807
Локација
Скопје
Двомесечно бебе од Кавадарци со срцева мана напуштено од родителите - има ли кој да го спаси?

Македонија | 4. септември 2012 - 16:26
Малата Надица е во кардиолошкиот оддел на детската клиника во Скопје



nadica-600x450.jpg

Се родила со срцева мана па родителите се откажале од неа. Малата Надица повеќе од 2 месеци е во кардиолошкиот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје. Експертите велат дека станува збор за болест која може да се излечи и за која треба операција во Софија, но за малата Надица нема кој да грижи. Откако родителите ја оставиле, препуштена е на грижата на докторите во Детската клиника. Додека да заврши постапката во која државата треба да стане старател на Надица, времето изминува. Сега останува на надлежните, да ја забрзаат постапката и да ги платат трошоците за Надица, да се оперира нејзиното срце во Софија и таа да добие шанса за нормален живот.
Упатените велат дека досега, имало повеќе случаи во кои деца се раѓале со слична болест и по неколку операции се развиваат исто како и сите нивни врсници.
„Зарем не е жално да се остави едно невино и мало суштество кое не е виновно што дошло на овој свет, само на себе. Само да го видите колку жално изгледа. Целото е модро поради болеста, нема кој да го земе во раце како секое новородено дете. Само врти со очињата како да бара помош, кутрото“ - вели еден од докторите кој инсистира да остане анонимен.
Истиот извор за Press24 вели дека оерацијата мора да се изврши многу брзо, бидејќи Надица нема повеќе од 2 -3 месеци во ваква состојба.

http://press24.mk/story/nadica/dvom...na-napushteno-od-roditelite-ima-li-koj-da-go-

Добро какви се овие родители?
 
Како може родителите да живеат со оваа одлука.....:(
 
Подобро е што од сега знае државата кaкви се луѓево , него ли да расте здраво право покрај вакви психопати :tapp:
 
Како може родителите да живеат со оваа одлука.....:(

Во светов каде што секојдневно сме сведоци на се повеќе и повеќе вакви или слични случки,веќе ништо не треба да не изненадува...

Жално.
 
Никогаш. нема да можам да сфатам како може родител да си го напушти детенцето!
Таквите луѓе се бесчувствителни, и за мене не се луѓе, и нема оправдување за таквата постапка! Мајчината љубов е најголема, а мајката се жртвува за своето дете, без разлика дали имала пари, или ја спречуваат други фактори! Токму во тоа е борбата на животот, во неа е олицетворена мајчината љубов!
По тоа се гледа дека родителите на ова ангелче се бесчуствителни морони!
Се надевам дека иднината на ова малечко ќе биде исполнета со среќни моменти! Дајбоже да и го одстранат дефектот, и да биде среќно малечко! Се надевам дека некој ќе го посвои и ќе му даде многу љубов!
 
оди бе ненормални луѓе. ете убаво им кажале дека има повеќе деца со таква срцева маана па од кога ќе ги оперирале се си било најнормално, па и на крај краева ако била посериозно болна требало да се жртвуваат, да соберат пари, да се зајмат сепак НИВНО дете е.
овие не заслужуваат малава со прст да покаже на нив кога ќе порасне. :tapp:
 
Добро бе нормални се родителите?! Па пробај да си го спасиш детето верувај дека ке го спасиш не се откажувај во старт :tapp:
 
Не дај боже ама одма ставам недвижен имот под хипотека.Можеле да отворат хуманитарен број или сметка во која било банка,можеле и од роднини или пријатели да се позајмат.
Последен би ми бил спасот кај некој лихвар
 
Срамота, баш сакам девојчево да се спаси и да ги плукне у фаца кога ќе порасне.
Изгледа немаат тие лице за да ги плукне некој...

Страшно!
Јас не разбирам како така некои си ги оставаат децата...
 
Боже Господе. Треба дефинитивно да се организира некаква акција, прв сум што би помогнал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom