- Член од
- 27 декември 2008
- Мислења
- 1.617
- Поени од реакции
- 769
Двомесечно бебе од Кавадарци со срцева мана напуштено од родителите - има ли кој да го спаси?
Македонија | 4. септември 2012 - 16:26
Малата Надица е во кардиолошкиот оддел на детската клиника во Скопје
Се родила со срцева мана па родителите се откажале од неа. Малата Надица повеќе од 2 месеци е во кардиолошкиот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје. Експертите велат дека станува збор за болест која може да се излечи и за која треба операција во Софија, но за малата Надица нема кој да грижи. Откако родителите ја оставиле, препуштена е на грижата на докторите во Детската клиника. Додека да заврши постапката во која државата треба да стане старател на Надица, времето изминува. Сега останува на надлежните, да ја забрзаат постапката и да ги платат трошоците за Надица, да се оперира нејзиното срце во Софија и таа да добие шанса за нормален живот.
Упатените велат дека досега, имало повеќе случаи во кои деца се раѓале со слична болест и по неколку операции се развиваат исто како и сите нивни врсници.
„Зарем не е жално да се остави едно невино и мало суштество кое не е виновно што дошло на овој свет, само на себе. Само да го видите колку жално изгледа. Целото е модро поради болеста, нема кој да го земе во раце како секое новородено дете. Само врти со очињата како да бара помош, кутрото“ - вели еден од докторите кој инсистира да остане анонимен.
Истиот извор за Press24 вели дека оерацијата мора да се изврши многу брзо, бидејќи Надица нема повеќе од 2 -3 месеци во ваква состојба.
http://press24.mk/story/nadica/dvomesechno-bebe-od-kavadarci-so-srceva-mana-napushteno-od-roditelite-ima-li-koj-da-go-
Добро какви се овие родители?