На барањето цените да паднат на ниво пред 2006....ќе добиеме одговор дека цените на енергенсите во светски рамки пораснале
На барањето цените да бидат соодветни со стандардот....ќе излезат со статистика од 2006 и 2011 ....за просечни плати (кои не ја отсликуваат реалната состојба)....и пак ништо
Просечната пата е тотално нерелевантна....многу луѓе и 2006 и 2012 земаат по 10000-12000....но по статистика просечната плата пораснала...и сега само поради таа информација истите луѓе со истата плата денес подобро живеет отколку во 2006
Проблемот е што енергетските компании се во приватна сопственост, а регулаторната комисија е тотално некомпетентна.....рекламите, бонусите и спонзорствата на ЕВН им се прифаќаат како трошоци кои треба граѓаните да ги покријат со повисока цена на струјата
единствен лек за спасување од овие опшествени тумори е либерализација на пазарот и формирање на нова регулаторна комисија составена од компетентни членови од секоја област од интерес ....односно активни професори од ЕТФ, Машински, Економски и Правен (секој експерт во својата струка)
Ако го погледнете сегашниот состав ќе забележите дека има електраши, правници и економисти, но нема експерт за топлинска енергија, а регулаторната комисија се дрзнува да донесува одлуки поврзани со топлификација
Членовите на регулаторната комисија ги бира собранието и тоа најчесто се политички подобни личности....сметам дека оваа практика треба да се смени и за да регулаторната комисија биде тотално независна членовите треба да ги предлагаат факултетите....сепак тие знаат кој професори се експерти во својата струка
Ние сега се обидуваме да се бориме против последиците, без да го видиме причинителот на болеста....а тоа е привремено решение.....за да се излечиме мораме да навлеземе во сржта на проблемот и да делувааме таму
Само со реални и конкретни барања можеме да ја добиеме оваа битка
Прилог
СЕГАШЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:
Димитар Петров, дипломиран електро инженер, Претседател и член на РКЕ;
Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09.
Рухи Бакију, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.
Светлана Јаневска, дипломиран економист, Член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08.
Видан Кулевски, дипломиран електро инженер, Член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09.
Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер, Член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.
Еден постар текст на тема регулаторна комисија
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4A83B45740913A4C90A7F2EE717B2943
Ќе го издвојам пасусот за Рухи Бакију бидејќи само за него има биографија.....човекот работел како секретар и асистент.....ДАЛИ НА ВАС АСИСТЕНТ ВИ ЗВУЧИ ДОВОЛНО КОМПЕТЕНТНО ДА ОДЛУЧУВА ЗА СУДБИНАТА НА 2000000 ГРАЃАНИ???????? МЕНЕ ЛИЧНО НЕ. ЗА ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ МОЖАМ САМО ДА ПРЕТПОСТАВУВАМ
На интернет страницата на Регулаторната комисија нема биографии на сите пет членови, туку само на заменик претседателот Бакију. Пишува дека е роден во село Калиште, гостиварско, а живее во Мала Речица. Завршил Правен факултет и постдипломски студии во Приштина. Од 1994 година работел на Тетовскиот Универзитет како секретар, а од 2002 е асистент во Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Во биографијата се посочени и неколку негови објавени научни трудови.