Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
Е што ке правиме ние што пиеме кафе по станување, а не пред легнување :icon_lol:
ке си го напраиш одвечер и ке си го туриш на радјатор... топлификација за беспари ке ти го направи
 
562701_354085934669225_1432666259_n.jpg
 
Укината ли е дневната тарифа или уште не е ? Да знам кога садови да мијам..
 
ЗА ВРЕМЕ НА ЕВТИНАТА ТАРИФА:pos:

Во неделата половина град без струја
Евтината струја во неделата го прегоре кабелот од кој се снабдуваат со струја населбите Карпош 1, 2, 3, целиот реон околу Зоолошката градина и Тафталиџе. Вака заклучија скопјани кои доцна попладнето останаа без струја, единствениот ден во седмицата кога имаат евтина тарифа дење.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=91B2697CD6E82247BDA412775799ACFB
--- надополнето: 22 август 2012 во 19:36 ---
.
.

:eek::pos:

УГОСТИТЕЛИТЕ НА ЈА ИЗДРЖАА НОВАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА
Поскапеа свадбарските порции
http://www.vest.com.mk/?ItemID=91B2697CD6E82247BDA412775799ACFB
 
Pa ko se glupi Makedoncite ..pravat megalomanski svadbi so 300-400 gosti i vise ..namesto da napraat poskromna i pojaka zabava za najbliskite.Seljaci.


Golemite svadbi ne se samo vo Makedonija , tuku na cel balkan ...e sega taka lesno ne se ukinuva taa tradicija....nemozeme da sporeduvame so americkine svadbi..posto tie pa ne si gi poznavaat rodninite ne ziveat vo ist grad ,ista drzava i normalno e da pravat svadbi so od po 50 dusi , zatoa sto i tolku imaat.
Pa ke ima svadbi od po 300 dusi....ama sega ke jadat samo zelka :pos: , a moze i ke pocnat da gi praat srede leto posto togas e zesko i nikoj ne pie ...pa ke se snajde makedonceto
 
Нова цена на струјата!?

24.08.2012 | 17:02
Економија
Прочитано: 85
Цената на струјата повторно ќе расте. Наспроти очекувањата на граѓаните за ублажување на ценовниот шок и враќање на ефтината тарифа, денеска стигна нова најава за нова поголема цена на струјата. Првиот човек на ЕЛЕМ Чинговски не ја исклучува можноста дека од нова година сметките за струја ќе бидат повисоки. Отплатата на новиот заем кој ЕЛЕМ го зема од Дојче Банк, за ревитализација на РЕК Битола ќе влијае врз цената на елетричната енергија.

8842.jpg
„Заемите што ги добиваме всушност помагаат притисокот врз цената значително да биде намален затоа што се прифакаат оние трошоци кои се реализирани во текот на годината.

Гледајки дека овие кредити ќе се враќаат дванаесет години, само ратат која ќе с еотплаќа годишно ќе влезе како трошок во работењето на компанијата, а со тоа и врши притисок врз покачување на цената на електричната енергија“ изјава Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ.

Во меѓувреме Владата призна дека граѓаните ги очекуваат повисоки цени на прехрамбените производи, какви што не се паметат во последните 27 години. Мерки ќе има, но кога не се знае.

„ Во текот на завчерашниот ден дојде до најголем пораст на цената на производите кои с еупотребуваат во процесот на исхрана. Владата како и досега ги следи состојбите и прави анализи проценки и сценарија за понатаму да реагира“ изјава Александар Ѓоргиевски, портпарол на Владата на РМ.

За еден месец цената на струјата поскапе за 10%, парното за 4%, а нафтените деривати за 14%. Статистика регистрираше повисоки цени во трговијата на мало за 2,3% . Цената на лебот веќе во некој од градовите е корегирана. Велешани веке плаќаат за 25 % повисока цена за леб.

Досегашни поскапувања

Струја + 9,82%
Парно Топлификација + 3,88%
Парно Скопје Север + 3,75%
Нафтени деривати +14, 06 %
Леб + 25%

Но поскапувањата не сопираат. Спиралата се одмотува. Во септември се очекуваат нови цени на месото, кондиторските производи, тестенитет и огревното дрво. Стандардот се топи, а граѓаните се молат за топла зима и пониски сметки.

http://24vesti.com.mk/nova-cena-na-strujata
--- надополнето: 24 август 2012 во 17:43 ---
Сите вие што се греете на струја со конвертери инвертери и слични глупости да си набавите алтернативно загревање по можност на дрва неколку кубика. Затоа што кога ќе падни системот по неколку дена можеби и недела ќе видите како живеат инутитите на Северен пол.
 
Видоа дека загазија, дека ништо не оди напред, се повеќе главиме, па ајде измислија финта оди ти поклони се, а јас ќе се лутам, па за да оставам чист образ ќе предложам закон за бранители а ти лути се и заканувај се дека ќе се распушти владава и така ќе си заминеме а граѓаните нека лупаат глава и нека се бесат и нека се снаоѓаат како знаат и умеат со поскапувањава. Се чита политикава како буквар, мислат народот е теле па не разбира, треба еден голем стап за вас преваранти едни, вакви вработувања, онакви инвестиции, не се виде ништо од тоа. Се видоа куп споменици и музеи и лажни ветувања. Не знам зошто упорно се збори дека од септември ќе поскапува се живо, јас како што гледам цените отидоа нагоре по продавнициве уште од првото поскапување на горивото овој месец.
А за струјата и нејзиното поскапување од 9,8% можат само деца да лажат, а што ја укинаа дневната? Тие 2-3 часа кои ги користевме ефтина, сега ги плаќаме во скапа и тоа плус поскапена 10%? Струјата е ненормално поскапена па ќе ми вика владата се труди намалува даноци, кои бе даноци копилиња едни, се живо дерете, сте намалиле, проклети да сте.
 
Ајде наредните дванаесет години плаќајте редовно сметки на струја за да се зголеми ликвидноста на Дојче Банк да може таму одборот директорски да дели убави бонуси.
 
Ајде наредните дванаесет години плаќајте редовно сметки на струја за да се зголеми ликвидноста на Дојче Банк да може таму одборот директорски да дели убави бонуси.
Со ова не сакаш да ни кажеш дека Дојче Банк е виновна за поскапувањата на струјата нели? Се надевам дека некој на форумов може да најде податок за бројот на вработените во ЕЛЕМ и МЕПСО, па да го споредиме со бројот на вработени во некои други електростопанства во регионов и пошироко. Или уште подобро би било да видиме ревизорски извештај (барем тоа треба да е јавен податок) па да видиме на што се трошат нашите пари. Од тепка претпоставувам дека има барем 20% превработеност и барем 10 милиони сомнителни јавни набавки и тендери.
 
Со ова не сакаш да ни кажеш дека Дојче Банк е виновна за поскапувањата на струјата нели? Се надевам дека некој на форумов може да најде податок за бројот на вработените во ЕЛЕМ и МЕПСО, па да го споредиме со бројот на вработени во некои други електростопанства во регионов и пошироко. Или уште подобро би било да видиме ревизорски извештај (барем тоа треба да е јавен податок) па да видиме на што се трошат нашите пари. Од тепка претпоставувам дека има барем 20% превработеност и барем 10 милиони сомнителни јавни набавки и тендери.

А бе и да има превработеност тие луѓе хранат фамилии од тие работни места трошат пари во ова наше стопанство, не е дебела банкарска германска свиња со милионска сума на бонуси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom