Си запознавате според вас “идеален партнерт“ за вас кој може да го задоволи она што го барате и пред се сакате вие. Заедно сте неколку месеци и двајцата имате различен круг на пријатели кои ве опкружуваат. На почетокот и едните и другите сфаќаат дека сакате да си посветите повеќе време еден на друг и ве оставаат сами, нели да се запознаете подобро - а со тоа го занемеруваат вашето претходно интензивно дружење но, со тек на време почнуваат да ви кажуваат како се осеќаат запоставени и игнорирани од ваша страна заради партнерот и ви трубат дека кад-тад ќе раскините - нели ништо не е вечно, партнерите се минливи а другарите се вечни. И вашата партнертка го има истиот проблем. Што правите за да “ги задоволите пријателите“ и да сте заедно? Пробувате да ги здружите вашите со пријателите на вашиот партнер? Вие или можеби партнерот прекинува поблиски контакти со пријателите? Еден ден сте со нив еден ден со партнерот? Што правите?
Сеа може некој ќе рече леле ама тинејџерска тема ама .. :bip: