Друштво / Пријатели или партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Си запознавате според вас “идеален партнерт“ за вас кој може да го задоволи она што го барате и пред се сакате вие. Заедно сте неколку месеци и двајцата имате различен круг на пријатели кои ве опкружуваат. На почетокот и едните и другите сфаќаат дека сакате да си посветите повеќе време еден на друг и ве оставаат сами, нели да се запознаете подобро - а со тоа го занемеруваат вашето претходно интензивно дружење но, со тек на време почнуваат да ви кажуваат како се осеќаат запоставени и игнорирани од ваша страна заради партнерот и ви трубат дека кад-тад ќе раскините - нели ништо не е вечно, партнерите се минливи а другарите се вечни. И вашата партнертка го има истиот проблем. Што правите за да “ги задоволите пријателите“ и да сте заедно? Пробувате да ги здружите вашите со пријателите на вашиот партнер? Вие или можеби партнерот прекинува поблиски контакти со пријателите? Еден ден сте со нив еден ден со партнерот? Што правите?:icon_lol:
Сеа може некој ќе рече леле ама тинејџерска тема ама .. :bip:
 
Па наизменично дружење,неможам сега да ги батал другарите зашто сум фатил девојка нити да ја баталам девојката ради другарите.Дружба и со двете страни.Ако нема разбирање од страна на девојката за тоа тогаш значи дека е премногу посесивна и нема да има ни девојка!!!
 
Петок со дечкото, сабота со другарките.
И волкот сит, и овците на број.
 
JeCILaDy напиша:
Петок со дечкото, сабота со другарките.
И волкот сит, и овците на број.
И со дечкото еднаш неделно а?!!?
Па не ти е дечко тогаш,муватор само ти е,си излагаш во петок,си се гледате си праите што сакате и толку!
 
Помина модата на пријателите ... секогаш сум запоставувала партнер за да не се најдат тие запоставени, а никогаш не сум го видела истото од никој од нив. Така да, ако е партнерот тој што ми значи многу, што го сакам и ме сака, ако сум некое време со него и сваќам дека е све како што треба да е ... дефинитивно ќе ми е на прво место. Па пријателите ако се вечни нека ме сватат, ако не ... не мора да ми се веќе пријатели, нели?:)
 
BusHav напиша:
И со дечкото еднаш неделно а?!!?
Па не ти е дечко тогаш,муватор само ти е,си излагаш во петок,си се гледате си праите што сакате и толку!

Зборам за излегвање во викенд. А инаку, во работните дена, после/пред сколија, редовно се гледам со другарките, т.е. одам на кафе, а дечкото игра кошарка на игралиштето во моето училиште, така да, супер ми е.
 
Се наоѓа време и за другарките и за дечкото. Ке одам со другарките сат време на кафе па после тоа со дечкото ќе го поминам денот, или па обратно. Битно може да се најде време за сите.
 
Зависи. Ако партнерот е некој кој не се гледа со мене често (ако не ми е блиску), тогаш нормално е дека ќе сакам да го искористам времето да бидам што повеќе со него и ќе бидам. Пријателите би ме сфатиле како што кажа Дивне, а и фала богу ме сфатиле кога бев во таква ситуација. Пријателите се секогаш тука ако се пријатели. Ќе ми недостигаат и мене, можеби и јас ќе им недостигам за тоа време зошто нема да се гледаме како што сме се гледале, но секако ќе најдам време и за нив.
А зошто па да не излегуваме со моето и неговото друштво?

А ако ми е тука партнерот цело време, има милион начини да се најде време и за него и за пријателите.
А партнерот не смее да помисли да ми замери ако сакам да бидам со другарката еден цел ден (пример).
 
Ехеее колку иам за пишување на оваа тема, али на школо треба да идам за 5 мин, така да у кратки црти - ќе се менуваме на почетокот али после и друштвата ќе ги здружиме. И двајцата посебно ќе си излеземе али ќе се договориме на крај да се сретниме сите заедно на одредено место и да ги упознаеме. После све си иде само од себе
 
Мора да се создаде некоја рамнотежа, помеѓу излегување со партнерот и со друштво, излегување на само со партнерот и излегување само со друштво. НормалноКако што јас ќе го прифатам лругот на пријатели кои го има партнерката така и очекувам и таа да го прифати и мојот круг на пријатели (Малце е такак поголемчок али ај).

Пријателите мора да се одржуваат, можеби поретко ќе се гледаш со нив ама мора по некогаш зошто поинаку не иде, а тие мора да имаат разбирање за твоето поретко нивнно дружење, имено кога сите од друштвото имаат партнер и ним ќе им биде тоа истото јасно.
 
Епа јас би идела барем 2 пати во неделата со другарките а 3 пати со дечкото...Со другарки можам од 7:30 да кажеме до кај 9 и после 9 со дечко ми..Важно ќе имам време и за 2-те работи
 
Јас сакам да сум со него и со другарките:icon_lol:
Али ако морам да бирам - со него 3 викенди, а со другарките од тој 4тиот викенд еден ден.
И онака со другарките можам да се гледам преку ден на кафе...
Јас обично идам прво со него некаде - па после одам кај другарките. Значи излегуваме јас и он, одиме на кафе, мафе, кино и др. па после јаскај моите, он кај неговите.
А се десило па и еден цел период толку да ни е убаво така што не ни треба никој друг, а се десило и толку да ни е тапа, што едвај чекаме да се разделиме.
Значи рамнотежа некоја треба...:je:
 
Балансирање во прв ред. Без шаблони и некаков „дневен ред„. Секогаш има време за се, без разлика дали се работи за двајцата како пар, негови или мои пријатели. Моменти кога сакаме да сме сами посветени еден на друг, моменти на презафатеност од едната страна даваат можност за посветување на пријателите од другата страна. Понекогаш се случува пријателите да дојдат во прв ред инцидентно, ако сме таму најпотребни, а се случува и да имаме потреба од самите себе па тогаш не ни треба никој околу нас,за што мора да има разбирање од другата страна.За се има време и место:kafe:
 
Seto toa go pravam zaedno.
I prijatelite i ljubovta gi soedinuvam. Nema dvoenje.
 
Прифаќање на пријателите

Имате дечко/женска и сега после еден временски период одење.Значи се е како што треба, но почнуваат да се јавуваат проблеми.И тоа не поради начинот на кој функционирате туку баш поради вашите пријатели со кои сте мн. блиски и они не баш добро ја оцениле ситуацијата.Знаете дека им недостигате, секогаш пред тоа сте биле тука, а сега наеднаш ве снемува.Вие не можете да ги држите за рака кога нивните симпатии поминуваат или да средувате работа или воопшто да излезете, зошто имате обврска спрема некој друг/а.Кој воопшто не ги поднесува вашите пријатели, ниту тие него/неа?
И сега?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom