T-Mobile ќе ги дава броевите на секој кој ќе побара

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
L

Löwe

Гостин
fffffff44-229x300.jpg
Нема потреба повеќе да вртите по пријатели и да го барате мобилниот телефон кој ви е потребен. Барем така вели смс пораката која т-мобиле им ја испраќа деновиве на своите корисници.

Според неа Т-Мобиле ќе ги дава мобилните броеви на секој – во функција е број за информации за мобилни и фиксни броеви.
Во смс пораката се вели дека во секое време може да се сврти на бројот 1188 за да добиете информации и телефонски броеви. Според информацијата ќе можете да побарате и фиксен, но и мобилен телефон на секое лице, фирма или институција – стои во пораката.
Сепак не е џабе – цената која е запишана е 14,99 денари за повик.
Да не се чудите веќе ако некој ви се јави на мобилниот – од каде го нашол бројот. Освен ако не сте побарале од Т-мобиле да не во го дава бројот на секој што ќе се јави. Не сме ни сигурни дали постои таква опција.
 
Вчера ми стигна порака што гласеше:

Информации за телефонските броеви во секое време! Јави се на 1188 и побарај мобилен или фиксен број на секое лице, фирма или институција. Цена: 14,99 ден./повик.

Они тоа сериозно?

Мислам, кај е приватноста? Ќе ги даваат „на тацна“ броевите за 15 денари, на некој што знае само име и презиме за корисникот?

Еве, информации и на линков.

Што мислите за потегот?
 
А како ке се бараат лицата? На пример Стефан Петрески има којзане колку во Македонија, и ако незнам адреса или било што поточно како ке го најдам човекот? Да бараш во Илинден има 2ца такви тука, ке ти дадат они неколку бројчиња па пробај си ти, врити на сите :D баш ме интересира
 
Ова е по законот кој беше изгласан пред некое време со кој им беше наложено на мобилните оператори да направат база со детали, која ќе биде јавна. Нешто слично како фиксната мрежа која е достапна од поодамна. И секако дека е корисна. Која приватност? Тоа ти е како адреса на живеење, фиксен телефон кој е достапен, на овој принцип функционираат операторите во развиените држави. А ако мислиш дека можеш да се "криеш" тогаш пак постоеше можност и пред законов да се дојде до информации за кој е корисник, преку полиција и преку мобилните оператори во случај на било каква злоупотреба и слично. Јас ова го поддржувам. Сега на почетокот ќе се плаќа да земат некое денарче, после ќе биде бесплатна и веројатно и онлајн па ќе направат и мобилни апликации како за фиксните телефони.
 
За фиксни(лица, фирми, институции) информации секогаш имало.
 
Две минути пред тебе отворив иста ваква тема :))

Да, видов. Реагирав во редакција. :) Ќе се спои.


Океј е да има нешто како именик, ко што си има за фиксните телефони. Ама тоа беше поинаку, го имаше само корисникот на чиешто име гласи бројот, времето беше друго и се користеше за информативни цели. Глупаво би било да даваат број на секој што ти го знае името. Има секакви фрикови.
 
ке бидат дадени само броевите што не се заштитени т.е. што не постои забрана за јавно прикажување во согласност со политиката на користење и законот за заштита на лични податоци :)
 
И што ако некој корисник има повеќе броеви сите броја ќе ги дадат ?
 
Се за да заработат повеќе. :facepalm:
Па е ова е глупаво вака да се дава број на секој тоа е еден вид на нарушување на приватноста без разлика дали кога потпишал договор нагласил дека сака да му се заштитени податоците или не. Кој сака ќе те најде преку некој пријател/роднина а не вака на секој да се дава број. (n)
Среќа што не сум на Т-mobile инаку сите бивши ќе ми дознаат број ќе ме утепаат од титкање и смс. :свиркам: :coffee: :icon_lol:
 
Ај малку оф топик али видов тема за т-мобиле а и башка гледав онлајн сметка и налетав на
SMS_klub_ 13.06.2012 11:06:43 VIDEXSODRZINIPROVIDER
у
која ми ја наплакаат 100ден и тоа повеке пати во месецот 5-6 има некој поим пто е тоа ?
 
Глупаво е да се дава број на секој тоа е еден вид на нарушување на приватноста. Кој сака ќе те најде преку некој пријател/роднина а не вака. (n)
Среќа што не сум на Т-mobile инаку сите бивши ќе ми дознаат број ќе ме утепаат од титкање и смс. :свиркам: :coffee: :icon_lol:

А што си ти Мадона? :D И адреса и фиксен телефон по закон е достапен отсега е и за мобилен. На почеток има секогаш бунтување како камерите кои ги поставија низ скопските улици, по некое време се си доаѓа во ред, сепак си корисник на оператор по што тешко можеш да очекуваш приватност. Ако некој сака да дознаеше информации пред законот верувај дека можеше на повеќе начини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom