Логиката се вика Телефонски именик. На времето кога немаше мобилни беше добро позната работа. Сега некои кои се родиле со мобилни и незнаат за фиксен телефон им е малце чудно, ама ке се навикнат.
Друга работа е како би ви го дознал бројот на пример. Ете да речам дека сакам твојот број да го научам, како би го научил.
Ке се јавам во информации и што??? Што ке им речам , дајте ми го на Александар бројот. Операторот ке праша кој Александар. Значи треба да ти знам презиме, како прво, и адреса како второ. Со други зборови треба да те знам или барем да сум доволно запознаен со тебе, инаку џабе. Така да не паничете .
Е сега финта друга, некој ми досадва од некој непознат број, е така одма ке научам кој е кој, така да место за паника има само кај оние кои досадуваат а не на оние на кои им досадуваат. Сега ако е тоа причината за паниката ваша е тогаш е сосем на место, повеќе титкање во 4 сабајле тешко.
И да уште една работа, ке му текне на некој ке земи припејд број и ке пријави бомба некаде и ке си го фрли бројот. Е па сега нека повели, жив ке го фатат.
И ако сте го продале бројот пред да стапи во сила ова, корисникот на истиот е должен да си поднеси податоци до одреден рок или ке го исклучат.
Друго нешто нејасно??( не мислам на тебе туку општо)