Ролери

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
офф па моите да ги видиш какви се! ми беа кремасти, сега ми се кафеаво-црни :vozbud::vozbud:.
ја сакам да си купам штитници. ајде хак кој је ми ги препорачаш?

Барем стојат уште,па и боја мењаат,да не ти е досадно со една хаха
Мене ми фалат делчиња од тркалцата,со дупки се,испукани цели.....страв ми е да одам да возам,или па ќе морам со патики во ранец,за секој случај хаха
 
абе сега па ти, важно се саломон...
а да збориме реално моите се многу убави, многу си ги сакам, ама кога ке ги видам тркалцата (црни целите) ......:kesa:
 
офф па моите да ги видиш какви се! ми беа кремасти, сега ми се кафеаво-црни :vozbud::vozbud:.
ја сакам да си купам штитници. ајде хак кој је ми ги препорачаш?

Еве едни што се на распродажба.
http://www.vertigo-skates.com/bg/products.php?id=766
Ма да за фитнес не ти прават многу разлика штитниците само да не се како оние нинџа желкине :) Види ги и во Саломон која цена се и ако ти одговараат овие горе и за таа цена (10 еура за цел сет - колена, лакти, дланки) пиши ми.
А и да знаете дека ако некогаш купувате ролери со бела пластика (особено школката-делот што е измеѓу зглобот и шината односно делот кај што ви е стапалото) за да ви биде бела и лична долго време, немојте да ја земате зошто секоја бела пластика што СИТЕ брендови ја користат за изработка на тој дел со тек на време од сонцето пожолтува, кај некои многу побрзо кај некои подолго али неминовно е :)
 
многу ефтини бе, 10 евра.
чекај да ги видам сите па после ке се пазариме :smir:
 
Јас пред 3 години од Саломон земаф комплетче за 2000 денари. Ова ми делува нереално ниска цена, дали квалитетот е понизок или нешто друго е во прашање, не знам. Инаку јас сум презадоволен од моите штитници.
 
Во Струмица има 20тина младичи и младинки што возат во паркот. Се популаризира ова спортче. Бидејки се облекуваат доста атрактивно:drk::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Јас пред 3 години од Саломон земаф комплетче за 2000 денари. Ова ми делува нереално ниска цена, дали квалитетот е понизок или нешто друго е во прашање, не знам. Инаку јас сум презадоволен од моите штитници.

Знам дека изгледа нереално ниско али работата е што до пред некој месец овие истите беа за едно 15 еура поскапи, при крај на сезона прават секогаш голема распродажба. А Powerslide се секогаш меѓу првите (ако не и први) за квалитет. Не викам дека Salomon имаат лош квалитет, баш напротив прават добри штитници само цената на Powerslide е прилично пониска од Salomon, а нема да добиеш ништо послабо од Salomon.Работата е што тука кај нас нема многу продавници и 2-3 фирми им се познати како добри на повеќето потрошувачите и тие што ги носат тие фирми можат да ставаат какви сакаат цени и пак ќе им се трошат продуктите. Ви кажувам зошто и јас сум мислел исто така до пред некои 5-6 години пред да „навлезам“ длабоко во индустријата. На пример сега Roces се едни од последните марки на ролери би ги препорачал на некој, а 98ма година некаде тие беа едни од најдобрите, но од тогаш многу работи се сменија но Roces не еволуираа за разлика од другите фирми, уште нудат на пазарот ролера што ја МИНИМАЛНО сменето од 96та година и во SportLife истата веќе 4 години одприлика ја продаваат по иста цена - околу 200 еура. Ако мислите да купувате квалитетни брендови и да добиете за тоа што сте платиле, избегнувајте Roces (особено aggressive) ролери. И не ви кажувам ова од онака што ми текнало туку од многу години искуство со скоро сите фирми за ролери и поминато прилично доста време на нив.
 
Прашав пред месец дена ама нешто не добив задоволителни одговори, па еве пак да се исконсултирам.

Сакам да си купам ролери, некој основен модел за почетник. Пред некој ден поминав во Саламон и видов дека претежно продаваат Fila ролери. Видов 2-3 модели меѓу 6 и 7 илјади. Толку и ми беше планирано да дадам за ролери, а додатно сакам да земам и штитници (во Саломон ми бараа 1400 за основните).

Прашањето е дали овие ролери и штитници се ОК и ако може да препорачате уште некоја продавница за ролери и/или пак некоја посебна марка кој би ми одоговарала.

Thx за одоговорите...
 
Таман ти се фила, ја си купив пред некој месец, има на темава и слика, добри се за почеток ...
Мислам дека џабе пари ке даваш за штитниците али ти си знаеш.
 
Мислам дека џабе пари ке даваш за штитниците али ти си знаеш.
Штитниците се и те како корисна работа,освен ако можеш да шеташ со издрани колена и лакти. Па после да се праиш фраЈер дека си направил нешто бесно на ролерки, ама никој не видел, остануваат само доказите (лузните).
Таман ти се фила, ја си купив пред некој месец, има на темава и слика, добри се за почеток ...
Јас колку што знам ФИЛА беа малку поскапи од старите модели на Саломон во истата продавница, само не знам дали уште има од нив.
Можеш да прашаш и во Мега Спорт, продавницата за Рибок на ќошот на ГТЦ позади Ајриш Паб.
На улицата меѓу Плоштад и МекДоналдс има една продавница за ролерки и слични работи.
Bila Bong по Рекорд.
Толку ми текнуваат сега за сега на памет.
 
Прашав пред месец дена ама нешто не добив задоволителни одговори, па еве пак да се исконсултирам.

Сакам да си купам ролери, некој основен модел за почетник. Пред некој ден поминав во Саламон и видов дека претежно продаваат Fila ролери. Видов 2-3 модели меѓу 6 и 7 илјади. Толку и ми беше планирано да дадам за ролери, а додатно сакам да земам и штитници (во Саломон ми бараа 1400 за основните).

Прашањето е дали овие ролери и штитници се ОК и ако може да препорачате уште некоја продавница за ролери и/или пак некоја посебна марка кој би ми одоговарала.

Thx за одоговорите...

Зависи какви сакаш, ако сакаш Aggressive или ако ти се допаѓаат на изглед aggressive ма да и ако не ти се допаѓаат овие се ПРЕУБАВИ :) http://vertigo-skates.com/bg/products.php?id=1019
цената е 115 еура
а ако не тогаш овие
http://vertigo-skates.com/bg/products.php?id=808
цената е 80 еура
а за штитници види на овој линк што ти се допаѓа
http://vertigo-skates.com/bg/products.php?category=8
Тоа е мој предлог, Fila и Salomon спаѓаат под иста корпорација така да квалитет би требало да е горе-доле ист. Само што според мене не вредат толку.
До оваа продавница би требало да одам за недела дена така да ако си заинтересиран/а слободно кажи.
 
вака:
првите не ми се свигаат, глупа форма некако, а и + мали тркалцата.
вторите тркалцата се убави и се тоа шината, ама кондурата и е некако гломазна.
и третите т.е. штитниците - какви сака нека се важно штитници да се!
 
Првите во живо мн опасно изгледаат или на некои други слики... Еве линк
http://www.ignitionshop.com/product.php?id=5627
Detailed picture кликни.
Мене многу ми прават мерак + МНОГУ добиваш за тие пари, добиваш Liner („чорапот“ што е внатре), шина, тркала ептен добри што само они вредат повеќе од цената на цели ролери(со исклучок на тркалата што се добри али не се најдобри), а и кондурата е многу подобра него просечна.
Мали се тркалцата зошто се Aggressive.
Вторите исто, во живо мн по не гломазна изгледа кондурата и се зависи од тоа кој број се. Шините ги прават во две големини, до 42 се S, над 42 се L. А згора на тоа тоа е машкиот модел, еве го женскиот:
http://vertigo-skates.com/bg/products.php?id=1012
 
ејј хак па не се лоши тие агресив шо се!мислам дека ногата нема да лежи убаво, зашо е мн. голема кондурата.
а на втората слика, кај женската ролерка, таа патика под неа, гратис да не ја даваат? :vozbud: :vozbud:
http://vertigo-skates.com/bg/products.php?id=450
овие ми се свигаат!
 
Тие што се со патиката (и машките и женските) се Blade and walk моделот, доаѓаат со патиката што е на сликата прво ја облекуваш патиката и посебно направен предел на ролерата на делот што е измеѓу зглобот и шината за да си ја прицврстиш патиката и си подешаваш колку сакаш да ти биде стегнато. Баш пред недела дена ми стигна женски модел од таа ролера и ептен добро изгледаат во живо. Поентата е за да не мора да се носат екстра патики кога идете да возите или на пример да ги користите ролерите како превозно средство, а притоа да не се замарате многу за соблекување/облекување и да не се замарате да носите ранец за патики со вас. И да стига патиката што е на сликата кога ќе порачаш таков модел(и машки и женски) :)
Многу добар избор имаш на линкот што го имаш дадено :) Ролерата е мн добра, 82мм големина на тркалцата, а 83а е тврдината (перфектно особено за кај нас), доста удобни, добиваш многу добар модел за буквално џабе цена, кога излегоа беа 200 еура одприлика па после остана остана само овој број и ги намалија на 90 еура одприлика и сега се спуштени на 70 пошто е останат само еден број, кој е 38ца ова му е супер избор. Единствена замерка на овие имам што лагерите се Abec 5, а тркалата се 82мм, имаат далеку поголем потенцијал за брзина, во иднина би им ставил или Abec 7 или најдобро ILQ 9 (Salomon само не) и ќе летаат :)
Ако нешто повеќе те интересира слободно прашај или ако сакаш да ги купиш :)
За болдираното, најверојатно е или лош кадарот и така ги прави да изгледаат или некоја слика кај што не се вистински претставени (на пример слика од пред да излезе ролерата и некоја друга „пробна“ комбинација) зошто во живо си е право пропорцијална и ако ти е точен бројот било која ролера што е на денешниот пазар да ја земеш ќе ти лежи супер.
Значи до сите што планираат да земат ролери што не им расте ногата уште да си земат ролера што ќе им биде кнап на нозе (не поголема и не помала) за да имаат најдобар осет на неа, сите ролери (што се на денешен пазар што не им биле останати 8 години во магацин па сега извадиле за да ги продадат :) ) малце се шират после употреба. Не слушајте тоа што кажуваат во продавниците дека требало 2 броја поголеми или помали или не знам што затоа што не е точно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom