Во Скопје нема струење на воздух, ниту сончев зрак

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Скопје врие со објекти-лепенки

Мерките за оддалеченост зависат од тоа дали се градат куќи, станбени и деловни објекти или, пак, редица згради што најчесто се градат по линијата на некој булевар

zgradi-banskoliev1.jpg

transparent.gif

Станарите кај бугарска амбасада може да си подаваат кафе од тераса

Нема струење на воздух ни сончев зрак

Речиси цело Дебар Маало, новите згради што се градат околу трговскиот центар „Буњаковец“, објекти околу бугарската амбасада и уште десетици такви објекти се изградени несоодветно блиску еден до друг. Соседите не мора да одат да пијат кафе еден кај друг, туку може и да си го подаваат кафето преку прозорец. Скопјани прашуваат како општинските инспектори дозволуваат да се изградат вакви објекти, во кои нема предвидено место за паркирање, ниту, пак, зрак сончева светлина влегува во становите што се заградени со други објекти.

Некои од жителите на една од новите згради, која пред неколку години се изгради веднаш до бугарската амбасада, се жалат дека само што се вселиле во новите станови што ги купиле, на соседната парцела почнал да се гради хотел, кој им ги затворил видиците.

- Едната страна од зградата ни е целосно блокирана. Немаме никаква светлина во становите. Хотелот се гради на нецели три метри од нас, а нашите прозорци се токму од таа страна. Освен тоа, зградата во која живееме била направена на земјиште што не е во целосна сопственост на инвеститорот што ја градеше. За објектот се водел судски спор и поради тоа ние не можеме да извадиме имотни листови. Извадивме скици од катастарот, каде што се гледа дека дел од зградата е на туѓо земјиште - револтирано коментираат жителите.

Во правилниците за урбанизам постојат многу критериуми како треба да се изгради еден објект и колку простор треба да има од еден до друг објект. Мерките за оддалеченост зависат од тоа дали се градат куќи, станбени и деловни објекти или, пак, редица згради што најчесто се градат по линијата на некој булевар.

На пример кај индивидуалните куќи прозорците на бањите треба најмалку 1,20 метар да бидат оддалечени еден од друг, додека пак зградите што се градат една до друга покрај булеварите треба да бидат лепенки. А во објектите каде што е предвидено зградите да имаат двор, треба да има најмалку три метри од едната до другата зграда.

- Кога се планираат згради во центарот на градот е многу тешко да се остави доволно простор, особено сега, кога речиси сегде е веќе изградено. Но, во секој случај, прво правило во урбанизмот е дека живеењето мора да биде хумано. Мора да има простор за струење на воздухот и место од каде што ќе влегува светлина во домовите - вели урбанистот Благоја Тагасовски.

Општинските инспектори велат дека многу често се случува во почетокот на изградбата на еден објект да не се забележува дека објектот ќе се изгради премногу блиску до околните. А кога ќе се изградела карабината било доцна за какви било интервенции.

Автор: А.М.Д.

Фотографија: Игор Бансколиев

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6281291332&id=14&prilog=0&setIzdanie=22616
 
Сонце и воздух нема ни да има од корумпирани градежни инспектори и катастарци.

Кога се доселив во станот пред десетина години, карши на улицата имаше само мали куќарки со дворови и зеленило. Денес сето тоа е заменето со неколку згради, градени по најмафијашкиот принцип „Охридска куќа“ (темелите се залепени до работ на улицата, а со секој спрат се навлегува по половина метар навнатре во улицата, за на крај петиот спрат да е 2.5-3 метри над самата улица, те до нејзината средина).
 
Требало претоа да мислат..џабе им е сега.
 
Општинските инспектори велат дека многу често се случува во почетокот на изградбата на еден објект да не се забележува дека објектот ќе се изгради премногу блиску до околните. А кога ќе се изградела карабината било доцна за какви било интервенции.

На 5 годишно дете ќе му текнеше подобро оправдување... :facepalm: Мафијашки згради, сите изградени со дозвола од корумпирани инспектори и општини, кои се продаваат на кредити кои треба да ги отплаќаш со гооодини во несигурна економија каде што во секој момент може да те избркаат од работа. Е тоа ти се вика живот на ниво. А овие ба уште барале сонце и воздух... :pos:
А што е најстрашно сите се сеизмички несигурни. Земјотрес ко у 63, мислам дека ќе ги срамни со земја сите овие зградиве од 2000 та наваму.
 
Баце,а тие од 50-та до 99-та ко бисквити ќе бидат,посебно оние лего коцки градени за време на ес еф ер еј.. тежок фушерај се и тие,градени на брзина колку само да се има станови,а и новите не се посаглам нешто,предност е што се со современи материјали градени,ама се штедело и на нив и со полош квалитет се одошто треба.
 
Требало претоа да мислат..џабе им е сега.
Џабе. А бе ако се сака се се може.
Јас да сум инспектор донесувам наредба за рушење на цел објект, им давам 1 месец да си ја исчистат зградата, по месец дена викам фирма која се бави со рушење, викам полиција 2-3 коли, да не рипа газдата и евентуално станарите и рушам. Крај на муабетот.
Станарите нека си го тужат после газдата, што сакаат нека прават, не е моја работа тоа.
Не знам онаа зградана кај после рампа во кисела вода што не ја рушат. Онаа што ја градеше тој криминалецот, Фиком ли Фриком како беше сега не ми текнува. И онака е грдо, се докажа дека е нелегално, викај булдожери и руши. Што чекаат не знам?
 
Битно на Фиат зградата ја бувнаа, се е селективно кај нас, ако си со нив си над законот ако си против подобро исели се.
 
Баце,а тие од 50-та до 99-та ко бисквити ќе бидат,посебно оние лего коцки градени за време на ес еф ер еј.. тежок фушерај се и тие,градени на брзина колку само да се има станови,а и новите не се посаглам нешто,предност е што се со современи материјали градени,ама се штедело и на нив и со полош квалитет се одошто треба.
Шо зборвиш глупости, зградава во која сум сместен моментално е од 55та, и го имат преживеано земјотресот,носечките ѕидови се подебели и од триумфалнана...од друга страна ,зградата кај шо се сместени едни другарчиња ,ваљда изградена почетокот на 70-те ,е буквално како од картон.
Пред да генерализираш следен пат размисли неколку пати а не само да се кенкало за сфјр ... А новиве згради ради то шо се планирале 5 спрата а изградиле 7 ради ебаната урбана мафија и како што и самиот шо напиша дека се штеди на материјал , до некаде ми се не сигурни.

Иначе ова кај бугарска стварно е смешно,ако бев во другиот влез комотно мојш од зградата во хотелот да си прескокниш без никакви напори...
 
Џабе. А бе ако се сака се се може.
Јас да сум инспектор донесувам наредба за рушење на цел објект, им давам 1 месец да си ја исчистат зградата, по месец дена викам фирма која се бави со рушење, викам полиција 2-3 коли, да не рипа газдата и евентуално станарите и рушам. Крај на муабетот.
Станарите нека си го тужат после газдата, што сакаат нека прават, не е моја работа тоа.
Не знам онаа зградана кај после рампа во кисела вода што не ја рушат. Онаа што ја градеше тој криминалецот, Фиком ли Фриком како беше сега не ми текнува. И онака е грдо, се докажа дека е нелегално, викај булдожери и руши. Што чекаат не знам?
Тоа е тоа,кај што има пари нема правдина..имаат пари и прават што сакаат..Занив нема легално нелегално,занив само парите се важни..
 
Кај што нема закон, нема ни правдина. (т.е. каде што е селективен). Ама понекогаш се чудам што сорта сме како народ брееееј, и си велам и најдобар да е законот, абе МакедонЧЕ ќе најде дупка, ќе даде поткуп, и се е залудно. :tapp:
 
Шо зборвиш глупости, зградава во која сум сместен моментално е од 55та, и го имат преживеано земјотресот,носечките ѕидови се подебели и од триумфалнана...од друга страна ,зградата кај шо се сместени едни другарчиња ,ваљда изградена почетокот на 70-те ,е буквално како од картон.
Пред да генерализираш следен пат размисли неколку пати а не само да се кенкало за сфјр ... А новиве згради ради то шо се планирале 5 спрата а изградиле 7 ради ебаната урбана мафија и како што и самиот шо напиша дека се штеди на материјал , до некаде ми се не сигурни.

Иначе ова кај бугарска стварно е смешно,ако бев во другиот влез комотно мојш од зградата во хотелот да си прескокниш без никакви напори...

Добро де,ај нека не биде од 50-та..ама од 63-та па по 70-ти се такви..знам х случаи за вакви фушерајски згради..а во денешно време се речиси пред распаѓање..со испукани ѕидови,влага звучна и топлотна изолација нула..итн.. не се сите такви,ама има доста голем број..како што и денес не се сите фушерај,има и квалитетни градби.
 
Епа нема ни да има, отидоа Дебар Маало го направија тврдина. Сруши куќа компензирај со станови останатите продај ги, не градат подземни гаражи, спалната на еден комшија гледа во дневната на друг. Некои се поставени така да никад сонце не ги грее, ѕидовите имаат уши. Ама битно профитот е прв сите бизнисмени станаа, а општината и тие незналици во неа нека не пробуваат да се вадат со дебилни соопштенија. Ова почна од истакнатиот сезнајко Грчев продолжи преку Аларова и трае се до денес.
 
Барем не мора да одете кај комшијата да пиете кафе доволно е само да отворете пенџерето двете страни еден спроти друг и ем кафе ќе пиете и ем муабете ќе правете или уште поубаво само да скокнете право низ пенџерето кај комшиката;):)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom