Филмови со малкубројна актерска екипа

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
одличен,одличен филм. Баш го гледав вчера и ги потврди моите високи очекувања. :cool:
Дап, Тарантино е мајстор... а „Кучињата„ се ремек дело, со оглед на буџетот на проектот. Единствено штета што батката отворено не призна дека прави римејк на City on Fire, сценариото е тотален рипоф. Т.е. омаж на истиот... :)

Еве една (претерано) критичка споредба на двата филма:
 
Уф, уф... ремек дело.

Неверојатна глумачка екипа и сите до еден одлично си ја вршат работата. Ако некогаш правиме муабет за одлично обработени ликови во едно сценарио и башка ОДЛИЧНО погоден кастинг, тогаш Гленгери Глен Рос дефинитивно оди меѓу првите неколку филма во оваа категорија.

Единствено буџетот од дванаес'ипол милиончиња не го прави нискобуџетен филм ама секако не е скап филм за таква екипа од глумци. Заштедиле на тоа што скоро цел филм е снимен во една канцеларија ама баш тоа генијално ја доловува атмосферата на сценариото.

Неверојатен филм.
 
Вториот има повеќе актери но по вториот критериум - се одвива во главно во една куќа. Така да на место е.
 
Вториот има повеќе актери но по вториот критериум - се одвива во главно во една куќа. Така да на место е.

Tака така, на тоа и мислев, плус не е битно колку актери се појавуваат во филмот, битно е колку се активно вклучени во него.
 
Vacancy (2007)

Не е лош филмот иако таму негде при крајот малце се подзабега, стандард за нови хорори.
 
Ko to tamo peva (1980)

http://www.imdb.com/title/tt0076276/

Незнам колку спаѓа во оваа категорија, сепак според мене филмот е ремек дело бидејќи поголемиот дел се одвива во Автобус со десетина актери.
 
Carnage
2 брачни пара , се среќаваат затоа што имало инцидент меѓу нивните деца на училиште . Доста комични и непријатни ситуации се случуваат. Дејствието цело време е на една локација (98 посто минимум :)) , во станот на Џоди Фостер .

Феноменална екипа :
Џоди Фостер , Џон Рајли , Кристоф Волц , Кејт Винслет.

Режија : Р. Полански (y)
 
Dogtooth Брилијантна драма и црна сатира за едно навидум обично семејство.

Aу филмов.. :cuc: Ќе пишав Ио да префрли мислењето во темата за филмски ентузијасти, ама ми текна дека нему не му се допадна. Он Continuum гледа. :icon_lol:

Carnage не е ништо посебно, самошто големи имиња има позади него. Ретко глума да ми вади комедија, али.. не е лошо да се ѕирне. (y)
 
Навистина Полански има снимено доста вакви филмови, дури слободно можам да кажам дека низ цела негова филмографија провејува таа клаустрофобична атмосфера што ја има во затворен простор, без разлика што има филмови кои не се просторно ограничени. Ми текна и на Death and the Maiden, Repulsion. Апсолутно тука спаѓаат и Потстанарот, можда и Розмариното бебенце.Еве горе е споменат и Carnage..

Некои филмови на други режисери кои ми се допаднале:

The Disappearance of Alice Creed, The collector, Suicide Kings, Wait Until Dark - приказни со киднапирање и теророт кој жртвите го преживуваат во една мала просторија, со исклучок на Suicide Kings кој содржи комични елементи.

Deathtrap, Sleuth, Noises Off - театарот пренесен на филмско платно и Мајкл Кејн како заедничка алка.:)

The Interview, Tape, Oleanna, Conspiracy (или пак "Витези на Тркалезната Маса" за некои членови на форумов кои така изненадно никнаа), и филмот кој неодамна го гледав и заслужува да се најде тука, една убава романса - Conversation With Other Women
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom