KupiKniga.mk - online нарачка на книги

  • Креатор на темата Креатор на темата goce76
  • Време на започнување Време на започнување
Да, имате извонредни цени, во негативна смисла. Книгите ви се двојно поскапи отколку на друго место.
За да не речете дека измислувам, чисто за илустрација, ми требаше книгата "Poslovna astrologija" од Сергеj Шестопалов.
Вие ја продавате за 1219 денари, а истата на сајтот www.knjigaknjiga.com чини само 950 динари, односно 8.80 евра!!! Значи, ме чини поевтино да си нарачам од Србија, ќе ми стигне за 7 работни дена, при што ќе платам поштарина и пакување од 4 евра. Тоа е вкупно 12.80 евра, многу, многу поевтино од вашата продажна цена.
Разликата во цените е фрапантна. Исто е и со останатите книги кои ги погледнав. Разбирам дека сакате да профитирате, но ова е веќе грабеж. Срамота!

Почитувана, Ви благодарам на коментарот.
Книгата која ја споменувате чини 1650 динари во Србија. Еве го линкот од нашиот партнер таму
http://www.knjizara.com/knjige/pretraga/0/-aktuelnost//c51211/Poslovna%20astrologija
Таа е нашата набавна цена и според тоа може да забележите дека ако ги додадете трошоците за испорака до Македонија, царина, шпедиција и бесплатна испорака до Вашиот дом, цената е скоро иста.
Зошто и како сајтот кој го наведувате ја продава по друга цена ние не знаме, нав таа цена не ни е достапна.
Втора работа е сто нудиме над 30000 наслови во моментот кои ги носиме специјално за нашите корисници. Толку голема количина која се носи специјално нема ниту една книжарница во Македонија. Сајтот кој го наведувате има само 5400 наслови, токму поради тежината да се обезбедат 30000 наслови.
Наша цел е да задоволиме што поголема публика во Македонија, да им овозможиме пристап до книги кои не можат да ги најдат на едно место. Во таа желба и работа, секако се случува да бидеме поскапи за некоја од книгите.
Поздрав
KupiKniga.mk
 
Книгата која ја споменувате чини 1650 динари во Србија. Еве го линкот од нашиот партнер таму
http://www.knjizara.com/knjige/pretraga/0/-aktuelnost//c51211/Poslovna%20astrologija
Таа е нашата набавна цена и според тоа може да забележите дека ако ги додадете трошоците за испорака до Македонија, царина, шпедиција и бесплатна испорака до Вашиот дом, цената е скоро иста.
Зошто и како сајтот кој го наведувате ја продава по друга цена ние не знаме, нав таа цена не ни е достапна.

Можеби затоа што набавувате книги од најскапата книжара/прекупец. Да одите директно од издавачите може да добиете многу поповолни цени. Еве баш оваа книга вчера ја гледав во книжарница, 580 денари, кај вас е 721, во србија во книжара редовна цена е <500 денари, а со попуст и за 350.
 
Многу одамна и ние мислевме дека е така лесно. Но за жал не е. Никој не може да оди и да се договори со 350 издавачи колку што имаме ние во овој момент. Затоа имаме НАЈГОЛЕМА понуда, и во овој момент тоа ни е важно. Нашите корисници наоѓаат се на едно место, купуваат книга од Лагуна, од Чаробна Кнјига, од Алнари, и од 300 други издавачи и сите тие им се носат директно дома.
Ако се договаравме со секој од нив поодделно ке имавме како и другите сајтови по 4000 до 5000 книги и немаше по ништо да се разликуваме од нив.
Да, можеби сме поскапи за некој книги, но за узлугата и понудата што ја нудиме мислиме дека сме добар избор. Секако затоа постојат и другите сајтови, кој сака може во секое време да купи од нив.
 
Муабетот беше зошто не ви достапна пониска цена на конкретната книга, како што пишавте во претходниот пост. Се обидов да ви укажам. Инаку воопшто немам намера да ви се мешам во деловната политика. Јас, а верувам и другите, ќе продолжиме да купуваме од кај што ни е најефтино, безоглед дали таму имаат 10000 книги или само таа една што сакаме да ја купиме.
 
Многу одамна и ние мислевме дека е така лесно. Но за жал не е. Никој не може да оди и да се договори со 350 издавачи колку што имаме ние во овој момент. Затоа имаме НАЈГОЛЕМА понуда, и во овој момент тоа ни е важно. Нашите корисници наоѓаат се на едно место, купуваат книга од Лагуна, од Чаробна Кнјига, од Алнари, и од 300 други издавачи и сите тие им се носат директно дома.
Ако се договаравме со секој од нив поодделно ке имавме како и другите сајтови по 4000 до 5000 книги и немаше по ништо да се разликуваме од нив.
Да, можеби сме поскапи за некој книги, но за узлугата и понудата што ја нудиме мислиме дека сме добар избор. Секако затоа постојат и другите сајтови, кој сака може во секое време да купи од нив.
2 месеци веќе ми пишува во кошничката дека книгите кои ми се ставени таму се распродадени. Уште колку ќе чекам ебаго :D
 
Здраво дечки. Има ли некој купувано книги од веб страницата www.kupikniga.mk ? Како оди процесот на купување, преку што испорачуваат и дали доставата е бесплатна?
 
Јас имам купено. Ми ги донесоа за неколку дена, директно на врата. Доставата беше бесплатна затоа што нарачката беше над 1000 денари.
 
Здраво дечки. Има ли некој купувано книги од веб страницата www.kupikniga.mk ? Како оди процесот на купување, преку што испорачуваат и дали доставата е бесплатна?

Јас имам купувано и испораката не е бесплатна ако е под 1000 денари. Имаш два вида на испорака за недела дена окулу 150 денари и 200 денари за 1-2 дена. Ти ја носи курир до врата.
 
А доставата му ја плаќаш на курирот или се пресметува и плаќа кога плаќаш со картицата?
 
При плаќањето со картичка си одбираш како сакаш (брза пошта, препорачана, обична) и директно ти ја пресметува.
 
Јас порачав пред еден месец во четврток вечер и сабота сабајле ми беше донесена. Порачав само една книга и платив плус за достава (од та поефтината). Многу сум задоволен од брзината на испорака.
 
При плаќањето со картичка си одбираш како сакаш (брза пошта, препорачана, обична) и директно ти ја пресметува.

Аа, значи со картичката си ја плаќаш сумата (книгата + доставата) и после само ти ја носи. А каква достава треба да одберам за тука во Скопје, сигурно препорачана? И поштар од МК Пошти ја носи?
 
Мислам дека има тема за овие.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom