Македонско национално движење - НЕПОКОР - 10 години

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Баш напротив, моето убедување, нема никаква врска со темата. Темата збори за едно движење, кои промовираше слобода, без разлика на идеологијата што се нуди. Но бараше и промовираше слобода пред се на Македонецот, како нација угрозена од разни структури во минатото, било да е левица било да е десница, кои како што викаш се стремат кон тоталитаризам. Ако ние кои по некој случај припаѓаме или ако така сакаш се чувствуваме како Македонци, дали е тоа слобода, тоа чувство да ми се исмејува ( **), да ми се забранува, и според тоа чувство да ми се припишува чувство на вина(**). Мене ќе ми почне да ми биде грижа за политичкиот поредок, во оној момент, кога јас ќе ја овозможам примарната слобода на оние кои се чувствуваат Македонци во светот ( *). И секој еден кој ќе ми застане на патот, ќе го сметам за непријател.

Тие што си мислат дека еднаквоста е во тоа да нема религии и да нема нации, гадно се лажат, таквата политика 1917-1990 однела 200 милиони животи. Разликата е нормална работа во човештвото, секој човек е индивидуа. Неможеме да мижиме врс полните, расните и разни други очигледни разлики. Тие постојат и ние мора да ги цениме.

Прво збориш за слобода а порано одговори дека тоа здружение било иницијатор на некаков Морален суд .Би сакал само да прашам според чиви морали се водеше тој суд,на основачите ? :facepalm:

Беше иницијатор и правна подршка како организација на Моралниот суд чиј претседател беше професорот Љупчо Арнаудовски а меѓу оснивачите беа писателот Петре М. Андреевски, сликарот Владимир Георгиевски, актерката Синоличка Мелес-Трпкова, професорот Светомир Шкариќ, писателот Коле Чашуле и ликовниот уметник Ибрахим Беди.

.

А второ како одговор на првиот цитат ( ги болдирав и им ставив ѕвезди за како идат одговорите на извадоците )

(*) Ако сакаш да се бориш за права на индивидуи надвор од нашата држава кои притоа не се граѓани на нашата држава го имаш правото да отидеш и да се бориш.Но немаш право да ја користиш оваа држава како засолниште за твоите дела .

(**) Секој има право да те исмејува или да ти "набива некакви чувства на вина" тоа се вика правото да бидеш серко и е заштитено со правото на говор.Ти ако решиш да се преименуваш во Снежана јас имам право да ти се смеам секој пат кога ќе те сретнам зошто мислам дека си избрал глупо име.
 
Не сум анархист(но ги поддржувам во некој теми). Не сум испран мозок. Не сум националист. И не сакам да има теми со вакви наслови за да ги читаат деца од 12 години и да мислат позитивно на овие срања(благо се извинувам). Престанете со траскања во гради за македонштината, престанете со педерите се болни и останати теми. Гледајте подалеку од вашиот нос.

Ќе се лупам во гради за Македонија до последна воздишка.
И хомосексуалците не се болни, но имаат нарушување, кое немам намера да ти го објаснувам, си постои интернет, ѕирни ;)
--- надополнето: 15 мај 2012 во 02:46 ---
Ах, и ќе заборавев.
И јас не сакам многу работи, па се случуваат.
Ако не ти одговара - не читај.
Пример, мене не ми одговара Спорт, и не тролам во тој подфорум ;)
 
Прво збориш за слобода а порано одговори дека тоа здружение било иницијатор на некаков Морален суд .Би сакал само да прашам според чиви морали се водеше тој суд,на основачите ? :facepalm:
Ако слободата излегува надвор од некои морални нормативи кое ги наметнало општеството (не законите), тогаш тоа станува тортура. Ако мене ми е законски дозволено да те убијам, тогаш тоа за мене може да е слобода, ама не и за тебе. Моралниот суд ги судеше баш тие прекршувања на слободите на обичниот човек, од страна на тие што беа на власт. Судењата беа симболични. Беа за потпишувањето на рамковниот договор, неможноста да се браниме и слично. Од тие личности што беа осудени ниту се бараше некаква одговорност ниту пак тој суд имаше некаква тежина, освен изразување на револт на одредени интелектуалци, кои немале моќ поинаку да делуваат.

И тие се воделе според најосновните прифатени општествени нормативи, кои општеството ги градело и според кои и ти би требало да ја валоризираш слободата ако сакаш да си прифатен во општеството. Општеството ако не прифаќа да си педофил, тебе и да те штитат законите, ќе бидеш осуден од општеството, и твојата слобода ќе мораш да си ја бараш на друго место.

(*) Ако сакаш да се бориш за права на индивидуи надвор од нашата држава кои притоа не се граѓани на нашата држава го имаш правото да отидеш и да се бориш.Но немаш право да ја користиш оваа држава како засолниште за твоите дела.
Не мислев за надвор од нашата држава, туку тука внатре. Ние внатре го немаме решено тоа, а не пак надвор. Јас тука внатре се борам да ги освестам луѓето и тоа ми успева за среќа. Кога ќе стигнам да одам надвор, ќе одам надвор. А и да не одам, кој си ти да ми ја ускратиш таа слобода, оваа држава да ја користам како засолниште, ако не го прекршам нејзиниот правен систем? По кој основ, немам право оваа држава да ја користам како засолниште ако ги подржувам правата на Македонците во Бугарија а? Кои закони на оваа држава јас сум прекршил а?

Или тоа важи само за тие што се чувствуваат Македонци ?

(**) Секој има право да те исмејува или да ти "набива некакви чувства на вина" тоа се вика правото да бидеш серко и е заштитено со правото на говор.Ти ако решиш да се преименуваш во Снежана јас имам право да ти се смеам секој пат кога ќе те сретнам зошто мислам дека си избрал глупо име.
Ок ама за да не биде лицемерно твоето смеење, зошто на пример не отидеш у џамија со еден транспарент со нацртан Мухамед? Смееш? Но ок, ако вербално можеш да бидеш серко можам да речеме и јас. Можам на многу фин начин, без директно да повикам, ама сепак да повикам на линч, што е и случај и ти правно никад нема да докажеш дека јас сум крив, ама ќе бидеш бумбар, или со расцепена глава. Заштитеното право на говор ми го спречува тоа? Не. Моралните нормативи кои ги имам. Нема никогаш ниту да те исмејам, ниту да изманипулирам некого да те тепа. Но како што гледам..... од другата страна не е така. И така беше и кога беа истите во режимот.

Значи дечко многу лесно е да се вадиш за све нешто на слободата, јас можам многу работи да ти напраам во име на мојата слобода дека мене така ми текнало. Ако така ја интерпретираме слободата тогаш таа ќе стане право на посилниот. Всушност така и почнала цивилизацијата. И пак да се вратиме назад, пак исто ќе почне. И ќе настанат групирања и пак на крај ќе се заврши на истото. Каде е границата? Самосвеста?
 
Ќе се лупам во гради за Македонија до последна воздишка.
И хомосексуалците не се болни, но имаат нарушување, кое немам намера да ти го објаснувам, си постои интернет, ѕирни ;)
--- надополнето: 15 мај 2012 во 02:46 ---
Ах, и ќе заборавев.
И јас не сакам многу работи, па се случуваат.
Ако не ти одговара - не читај.
Пример, мене не ми одговара Спорт, и не тролам во тој подфорум ;)

Пријателе не вредиш. Да си трошам зборови на тебе. Кој ме разбра ме разбра. Ајде тебе ти е поголем. :noze:
 
Која ароганција, кое омаловажување, кое обезвреднување. Вака слободата се практицираше за времето на Сталин, Тито, Мао, Чаушеску и така натака. Не прифаќање здрава дебата. Навидум безгрижно омаловажување, а во позадина страшна репресија на неистомислениците.

Или е тоа провокација за да се оствари зацртаното од тебе и да се претвори темата, во нешто што го кажа ти?
 
Аха, ова треба да биде сарказам? Кај го виде господ тука а?
Подобро би било да го побараш кај твоите пријателчиња со бради и куси пантолончиња.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 01:54 ---

Темата не повикува ништо, туку дава почит, на некои луѓе, вклучително и луѓе со исти леви идеали, и слично антиглобалистички настроени, некои од нив и академци. кои особата ги плука со самото тоа што ја плука темата.
Но ако, навикнат сум јас на плуканици и бљувотини кои минатиот систем, на кој му се поклонува, и нивните идеолози на кои им ВЕРУВА, ја доживеаја својата кулминација и веќе никогаш нема да се вратат. Но за жал нивните инструменти, нивната војска, се врати кај нас и одзема 5 млади животи, на најгрозен и најкукавички можен начин, многу слично на нејзиниот претходен пост.

Јас би и препорачал, да отиде доле до Атина да поживее малце со нејзините идоли и да види за што всушност се борат и на кој начин се борат. Наместо да седи тука на форум и да го криви светот за својата состојба, неправејќи ништо, осудувајќи го секој кој низ животот се потрудил и се здобил со нешто, осудувајќи го дека не заслужил.

И да, имаш право, со една исправка, темата нема да се, туку СЕ претвори во ВЦ шоља со самото тоа што вие се укључивте со намерни провокации кон истата.

Значи Raziel еве колку само за информација, кој ги усеруваше темите за убиствата и така натака и кои методи ги користеше. По што се разликува оваа метода од таа? ФАКТОТ, дечко ФАКТОТ. Тие се надоврзуваат опстојуваат заедно. Декември 2008 година никој не спомна 2000 Хасам ракети на цивилни цели во Израел, а ја прекинаа својата „револуција“ во Атина, за да изразат подршка(ако дивеење и кршење пред Израелска Амбасада значи тоа) на своите браќа од Хамас во Газа, против узурпаторите, кои се дрзнале да се бранат од терористите. Ти звучи познато?
Нејзините идоли од југот ОВИЕ ги подржуваат:
http://video.google.com/videoplay?docid=-6041204945834291260
Ти изгледа познато ?

Побогу, идоли :icon_lol:
Been there, done that. А ти кога последен пат отиде и разговараше кој за што се бори? Информацијава гарант ја имаш добиено преку медиуми :icon_lol:

Назад на темата.
Благодарност, да. Ама не затоа што некој наполнил нечиј џеб и го ризикувал животот во името на Македонија, побогу! ;)
 
Не беше поентата благодарност, туку беше поентата осуда, за тие што на туѓ грб ги напунија џебовите.
А колку за твое инфо, бев запознаен од Македонката(иако не се кажуваше Македонска, и се извинувам што така ја викм) од Австралија, Славица(така мислам дека се викаше), дека тие деца не признаваат по уставно име и бев во Атина за да видам кои се и што се тие луѓе, за што и како се борат.
Видов само дека ги презираат луѓето што постигнале нешто во животот, желба да уништат тоа што другите макотрпно го граделе, подршка на терористи кои праќаат мали деца во самоубиствени напади и егзекутираат невини жртви, па макар и од нивната припадност.

Тоа не ми дава слика дека тие се борат за некоја друга причина отколку за својата неспособност да се адаптираат на општествествените нормативи.

Едит:
Знаеш што, отвори тема, која збори за твоите идеали, објасни ги и тогаш можеме да збориме за нив, а вака да се нафрлаш на тема, чиј наслов те вади од такт, е само доказ на немоќ. Ете како можеш да придонесеш на твојата кауза, шири ја така што уште од насловот ќе се знае што шириш. Можеби ете вие малкуте сте свесни за тоа, а ние сме глупи дивјаци и не разбираме.

Btw,
Бескрајно сум ти благодарен височество, што ете мене понизниот ми одговоривте и што на некој начин ме барем на секунда ме сметате за еднаков со овој одговор.
 
Ми текнува на знамето што беше поставено во 2004-та покрај автопат (во близина на Велес ако не грешам). Тогаш имав 14 години и бев крајно воодушевен кога го видов, лиги ми течеа ... Тато тато види колкаво македонско знаме ! :D

Не сум знаел за оваа организација, ама големо благодарам за се што направиле (y)
 
Бесполов ентитет :vozbud:
И не само тоа, користат бескрајни провокации омаловажувања и исмејуавања, за да на крај речат еве ви кажавме ли дека сте дивјаци со рогови.
Еве ја најавата:
http://forum.kajgana.com/threads/Ма...е-НЕПОКОР-10-години.60604/page-2#post-5008964
Пријателе, дозволи и на темата да продолжи ќе видиш за кој работи зборувам. А и арно рековте игнорирајте ме. Нели сепак, вие ќе ги проталкате работите.
Овдека на темава немаше никакви провокации, никакви повици, туку едноставно ете да подсетиме дека некоја иницијатива постоела.
Или пак омаловажувањето кон тебе. Тоа се подли и ниски работи, кои на обичен човек му ги превртуваат цревата. Имаше во прошлиот систем луѓе што беа платени за вакви дејства, тие ги нарекуваа агит-проповци, ја уништуваа секоја прогресивна мисла со исти вакви методи. Во денешно време, пошто тој систем е уништен. таквите агит-проповци се собираат од масите, се таргетираат личности, кои се разочарани и отфрлени од општеството и тие луѓе се обучуваат на истите тие методи да бидат несвесно агит-проповци. Човек кој вистински се бори за еднаквост, не ќе да е арогантен.

bottom line: Еволуцијата на тој режим воопшто не ја опфатила идеологијата која се застапува и начинот на нивната имплементација, туку само методите се усовршуваат.
 
Ако слободата излегува надвор од некои морални нормативи кое ги наметнало општеството (не законите), тогаш тоа станува тортура. Ако мене ми е законски дозволено да те убијам, тогаш тоа за мене може да е слобода, ама не и за тебе. Моралниот суд ги судеше баш тие прекршувања на слободите на обичниот човек, од страна на тие што беа на власт. Судењата беа симболични. Беа за потпишувањето на рамковниот договор, неможноста да се браниме и слично. Од тие личности што беа осудени ниту се бараше некаква одговорност ниту пак тој суд имаше некаква тежина, освен изразување на револт на одредени интелектуалци, кои немале моќ поинаку да делуваат.

И тие се воделе според најосновните прифатени општествени нормативи, кои општеството ги градело и според кои и ти би требало да ја валоризираш слободата ако сакаш да си прифатен во општеството. Општеството ако не прифаќа да си педофил, тебе и да те штитат законите, ќе бидеш осуден од општеството, и твојата слобода ќе мораш да си ја бараш на друго место.

Нема такво нешто како морални нормативи кои ги наметнува некое општество.Тие општествени морални нормативи се секогаш морални вредности на одредени индивидуи кои мислат дека знаат како другите треба да си го живеат својот живот.Никогаш до сега немам сретнато одредена група луѓе кои имаат исти морални вредности,бар не целосно може да се сложуваат околу неколку работи али тоа е тоа.

На почетокот збориш за слобода а после се префрлаш на законски нормативи кои ти даваат право да убиеш некој,слободата не ти дава право да убиеш некој никогаш не ти давала ниту ќе ти даде,слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат. Тука секако спаѓа и слободата да не те осодувуваат луѓе со различни морални вредности од тебе.

Не мислев за надвор од нашата држава, туку тука внатре. Ние внатре го немаме решено тоа, а не пак надвор. Јас тука внатре се борам да ги освестам луѓето и тоа ми успева за среќа. Кога ќе стигнам да одам надвор, ќе одам надвор. А и да не одам, кој си ти да ми ја ускратиш таа слобода, оваа држава да ја користам како засолниште, ако не го прекршам нејзиниот правен систем? По кој основ, немам право оваа држава да ја користам како засолниште ако ги подржувам правата на Македонците во Бугарија а? Кои закони на оваа држава јас сум прекршил а?

Или тоа важи само за тие што се чувствуваат Македонци ?

За такви работи до пред 50 години почунвале војни во кој умирале 100 000 а и денес има такви примери.Тие граѓани таму не се граѓани на оваа држава и со тоа не спаѓаат под нејзината заштита ако сакаат да се под заштита на оваа држава можат да се преселат.

Ти тоа што сакаш да го правиш е истото што Косоварите го прават кај нас али ние сме банана протекторат и не смееме ништо да направиме во врска со тоа.Која било друга сериозна држава прво дава барање да се предадат личностите во одредена временска рамка после која најчесто доаѓа војна.Ако сакаш можеш да го убедиш Македонскиот народ дека треба да се помогне како држава таму ( тоа значи војна патем ) али немаш право со сопствени акции на своја рака да вовлекуваш цела држава во војна.

Ок ама за да не биде лицемерно твоето смеење, зошто на пример не отидеш у џамија со еден транспарент со нацртан Мухамед? Смееш? Но ок, ако вербално можеш да бидеш серко можам да речеме и јас. Можам на многу фин начин, без директно да повикам, ама сепак да повикам на линч, што е и случај и ти правно никад нема да докажеш дека јас сум крив, ама ќе бидеш бумбар, или со расцепена глава. Заштитеното право на говор ми го спречува тоа? Не. Моралните нормативи кои ги имам. Нема никогаш ниту да те исмејам, ниту да изманипулирам некого да те тепа. Но како што гледам..... од другата страна не е така. И така беше и кога беа истите во режимот.

Значи дечко многу лесно е да се вадиш за све нешто на слободата, јас можам многу работи да ти напраам во име на мојата слобода дека мене така ми текнало. Ако така ја интерпретираме слободата тогаш таа ќе стане право на посилниот. Всушност така и почнала цивилизацијата. И пак да се вратиме назад, пак исто ќе почне. И ќе настанат групирања и пак на крај ќе се заврши на истото. Каде е границата? Самосвеста?

Како што напишав претходно
Слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат

Ти можеш да си го живееш животот како сакаш но јас го имам правото да те исмевам се додека не те спречувам да живееш како сакаш.Со самото повикување да бидам тепан ти повикуваш да бидам спречен да те исмевам и со тоа да бидам спречен да живеам како сакам.Моето исмевање пак од друга страна не те спречува во ниеден момент да правиш што сакаш,е сега ти ако се срамиш од твоите дела или неси сигурен дали тоа што го правиш е ОК тоа си е твој проблем.

--- надополнето: 15 мај 2012 во 15:56 ---
И не само тоа, користат бескрајни провокации омаловажувања и исмејуавања, за да на крај речат еве ви кажавме ли дека сте дивјаци со рогови.
Еве ја најавата:
http://forum.kajgana.com/threads/Македонско-национално-движење-НЕПОКОР-10-години.60604/page-2#post-5008964

Овдека на темава немаше никакви провокации, никакви повици, туку едноставно ете да подсетиме дека некоја иницијатива постоела.
Или пак омаловажувањето кон тебе. Тоа се подли и ниски работи, кои на обичен човек му ги превртуваат цревата. Имаше во прошлиот систем луѓе што беа платени за вакви дејства, тие ги нарекуваа агит-проповци, ја уништуваа секоја прогресивна мисла со исти вакви методи. Во денешно време, пошто тој систем е уништен. таквите агит-проповци се собираат од масите, се таргетираат личности, кои се разочарани и отфрлени од општеството и тие луѓе се обучуваат на истите тие методи да бидат несвесно агит-проповци. Човек кој вистински се бори за еднаквост, не ќе да е арогантен.

bottom line: Еволуцијата на тој режим воопшто не ја опфатила идеологијата која се застапува и начинот на нивната имплементација, туку само методите се усовршуваат.

Зошто цело време користиш како аргумент стар режим кој веќе не постои притоа комплетно игнорирајќи го сегашниот режим или притоа оправдувајќи ги денешните услови со надворешни или елементи од минатото?Комунизмот пропадна пред повеќе од 20 години.
 
Не беше поентата благодарност, туку беше поентата осуда, за тие што на туѓ грб ги напунија џебовите.
А колку за твое инфо, бев запознаен од Македонката(иако не се кажуваше Македонска, и се извинувам што така ја викм) од Австралија, Славица(така мислам дека се викаше), дека тие деца не признаваат по уставно име и бев во Атина за да видам кои се и што се тие луѓе, за што и како се борат.
Видов само дека ги презираат луѓето што постигнале нешто во животот, желба да уништат тоа што другите макотрпно го граделе, подршка на терористи кои праќаат мали деца во самоубиствени напади и егзекутираат невини жртви, па макар и од нивната припадност.

Тоа не ми дава слика дека тие се борат за некоја друга причина отколку за својата неспособност да се адаптираат на општествествените нормативи.

Едит:
Знаеш што, отвори тема, која збори за твоите идеали, објасни ги и тогаш можеме да збориме за нив, а вака да се нафрлаш на тема, чиј наслов те вади од такт, е само доказ на немоќ. Ете како можеш да придонесеш на твојата кауза, шири ја така што уште од насловот ќе се знае што шириш. Можеби ете вие малкуте сте свесни за тоа, а ние сме глупи дивјаци и не разбираме.

Btw,
Бескрајно сум ти благодарен височество, што ете мене понизниот ми одговоривте и што на некој начин ме барем на секунда ме сметате за еднаков со овој одговор.

Да, ги осудувам тие што на туѓ грб си ги наполнија џебовите и знаеш што? Ти си им помогнал во тоа, жртвувајќи си го својот живот.
Си бил во Атина, ама не знам на кого си налетал. Бујрум во септември со мене таму, да те запознаам со вистинските луѓе, оние кои ги плукаш меѓу останатите штетници, па повели разговарај.

Темата е отворена одамна, издискутирано е се‘, секоја ситница, дури и претпоставка е изнесена, повели прочитај ја, ако и понатаму имаш желба (после читањето на целата тема!), ќе дискутираме http://forum.kajgana.com/threads/Анархија.6087/ .

Btw, обидите да ме направиш арогантна кучка ти се неуспешни.
 
Нема такво нешто како морални нормативи кои ги наметнува некое општество.Тие општествени морални нормативи се секогаш морални вредности на одредени индивидуи кои мислат дека знаат како другите треба да си го живеат својот живот.Никогаш до сега немам сретнато одредена група луѓе кои имаат исти морални вредности,бар не целосно може да се сложуваат околу неколку работи али тоа е тоа.
Види, тоа ти е све до интерпетацијата. За да одреден број на луѓе живеат како заедница мора да прифатат, некои нормативи, кои условно кажано се договорени меѓу нив. Тие се најосновно морални нормативи на тоа општество. Педофилијата кај нас во општеството не е прифатена, па дури да има согласност кај детето. Тоа е општ факт. Човештвото се базира на заедништво кое прераснало во цивилизација, а не на индивидуализам. За да таа цивилизација функционира, мора да се договорат одредени нормативи кои мораат да се следат. Така да, не секогаш тие нормативи ќе ти одговараат тебе, но понекогаш ќе мораш да ги следиш заради доброто на цивилизацијата или пак ако не ти се допаѓа ограничувањето да се избориш за твоите морални нормативи.

На почетокот збориш за слобода а после се префрлаш на законски нормативи кои ти даваат право да убиеш некој,слободата не ти дава право да убиеш некој никогаш не ти давала ниту ќе ти даде,слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат. Тука секако спаѓа и слободата да не те осодувуваат луѓе со различни морални вредности од тебе.
Вака сега, јас лично не осудувам никој, збориме за моралниот суд, кој ете се дрзнал да осуди според некои морални вредности луѓе кои ја изманипулирале слободата на луѓето во Македонија.

И пак ќе се навратам во интепретацијата, дали според тебе е слобода некој човек да општи со 10 годишно дете, доколку детето доброволно го прави тој акт. Дали е според тебе слобода, да му се забрани на човек слободата да се разнесе на плоштад во името на неговата религија. Дали според тебе е слобода ти да шеташ гол низ град според твоите убедувања или да маструбрираш на јавно место, пошто ете ти тоа го сакаш, а и не пречиш на никого физички и сакаш да си го живееш така животот.

Истото важи и за тебе, темата тука не е слобода, туку е почит кон некои луѓе кои нит ги знаеш нит ги познаваш, и нешто во што учествувале писатели, професори, академци и така натака. Слободата е многу флексибилен поим кој секоја единка различно го терминира. Ако сакаш да збориш за твојата лична интерпретација на слободата, те молам да отвориш тема за слободата и дискутирај таму. Јас веќе нема да ти одговарам на прашањата и ќе ги замолам модераторите да го избришат секој пост кој не е поврзан со темата.

За такви работи до пред 50 години почунвале војни во кој умирале 100 000 а и денес има такви примери.Тие граѓани таму не се граѓани на оваа држава и со тоа не спаѓаат под нејзината заштита ако сакаат да се под заштита на оваа држава можат да се преселат.

Ти тоа што сакаш да го правиш е истото што Косоварите го прават кај нас али ние сме банана протекторат и не смееме ништо да направиме во врска со тоа.Која било друга сериозна држава прво дава барање да се предадат личностите во одредена временска рамка после која најчесто доаѓа војна.Ако сакаш можеш да го убедиш Македонскиот народ дека треба да се помогне како држава таму ( тоа значи војна патем ) али немаш право со сопствени акции на своја рака да вовлекуваш цела држава во војна.
Хитлер сам не ја вовлекол Германија во војна, позади него стоел Германскиот народ. Впрочем 16 милиони не отишле туку така во смрт. Јас секогаш ќе се борам за Македонците било каде во светот, на начин каков што јас и моите соборци ќе го одбереме. И јавно кажувам дека секој кој ќе ни излезе на патот, ќе се обидеме да го тргнеме на било каков начин. Пошто слободата и правото на живот и припадност на мојот народ нема цена.

Како што напишав претходно
Слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат

Ти можеш да си го живееш животот како сакаш но јас го имам правото да те исмевам се додека не те спречувам да живееш како сакаш.Со самото повикување да бидам тепан ти повикуваш да бидам спречен да те исмевам и со тоа да бидам спречен да живеам како сакам.Моето исмевање пак од друга страна не те спречува во ниеден момент да правиш што сакаш,е сега ти ако се срамиш од твоите дела или неси сигурен дали тоа што го правиш е ОК тоа си е твој проблем.

Зошто цело време користиш како аргумент стар режим кој веќе не постои притоа комплетно игнорирајќи го сегашниот режим или притоа оправдувајќи ги денешните услови со надворешни или елементи од минатото?Комунизмот пропадна пред повеќе од 20 години.
Прво и основно, ова не беше наменето за тебе, туку за некој кој ја дели идеологијата на тој режим, но ако си се препознал тоа е твој проблем.

Што се однесува до исмејувањето, јас не ти плачам тебе за исмејувањето, туку јасно и гласно ги посочувам методите, кои се користени во тој режим чисто како илустрација на дејството. И пак тоа не беше наменето за тебе, туку за оние кои паѓаат на тие провокации, и пак ако ти си се препознал, тоа е твој проблем.

И не ти ја ускратувам слободата да збориш тука, ниту пак ќе ти се исмејувам и ќе те осудувам или напаѓам, туку едноставно ќе ги пријавувам твоите постови кај модераторите, па ако сакаат нека ги бришат ако не нека ги остават. Но пошто не го цениш тоа што овие од НЕПОКОР го направиле, не гледам зошто воопшто пишуваш и ја актуелизираш темава, зошто едноставно не си отвориш тема за слободата и можеш таму до утре сабајле да филозофираш што значи слободата за тебе.

За мене борбата за слободата во моментов не е поврзана ниту со идеологија ниту со економија. Во моментов таа е поврзана со опстанокот на мојот народ, ако ти мислиш дека таа борба не е во ред, тоа е твое право, но пак тоа не е тема на разговор тука.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 16:54 ---
Да, ги осудувам тие што на туѓ грб си ги наполнија џебовите и знаеш што? Ти си им помогнал во тоа, жртвувајќи си го својот живот.
А за кого и што ќе го жртвуваш ти животот во септември а? Имаш идеја ? Или можеби идеал?

Си бил во Атина, ама не знам на кого си налетал. Бујрум во септември со мене таму, да те запознаам со вистинските луѓе, оние кои ги плукаш меѓу останатите штетници, па повели разговарај.
Хехе, реши да отидеш значи. Па добро тогаш барем ќе научиш да ги цениш ветераните, без разлика на кој табор припаѓаат.

Темата е отворена одамна, издискутирано е се‘, секоја ситница, дури и претпоставка е изнесена, повели прочитај ја, ако и понатаму имаш желба (после читањето на целата тема!), ќе дискутираме http://forum.kajgana.com/threads/Анархија.6087/ .
Ок, чим е отворена тема, како би било јас таму да отидам, со уште 5-6 мои истомисленици, и да се нафрламе без врска, да осудувам без врска, како што ти тука правиш, без воопшто да знаеш за што се работи. Да ја разводниме цела тема во правец „слободата на племенските старешини во Пакистан за силување на децата од 10 години“.

Btw, обидите да ме направиш арогантна кучка ти се неуспешни.
Не ми ставај зборови во уста, никогаш не би се симнал толку ниско да те наречам кучка. Тоа никогаш не сум го ни помислил. Јас не се обидувам да те направам арогантна, ти тоа сама го правиш. Животот ќе те научи дека не е важно ти како се осеќаш, туку каков впечаток оставаш, а ти оставаш впечаток на арогантна. Јас знам уште 20 луѓе тука што одма ќе потврдат дека си арогантна, зошто „не заслужуваат одговор“, „се прости и изманипулирани“ и горе доле такви одговори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom