Нема такво нешто како морални нормативи кои ги наметнува некое општество.Тие општествени морални нормативи се секогаш морални вредности на одредени индивидуи кои мислат дека знаат како другите треба да си го живеат својот живот.Никогаш до сега немам сретнато одредена група луѓе кои имаат исти морални вредности,бар не целосно може да се сложуваат околу неколку работи али тоа е тоа.
Види, тоа ти е све до интерпетацијата. За да одреден број на луѓе живеат како заедница мора да прифатат, некои нормативи, кои условно кажано се договорени меѓу нив. Тие се најосновно морални нормативи на тоа општество. Педофилијата кај нас во општеството не е прифатена, па дури да има согласност кај детето. Тоа е општ факт. Човештвото се базира на заедништво кое прераснало во цивилизација, а не на индивидуализам. За да таа цивилизација функционира, мора да се договорат одредени нормативи кои мораат да се следат. Така да, не секогаш тие нормативи ќе ти одговараат тебе, но понекогаш ќе мораш да ги следиш заради доброто на цивилизацијата или пак ако не ти се допаѓа ограничувањето да се избориш за твоите морални нормативи.
На почетокот збориш за слобода а после се префрлаш на законски нормативи кои ти даваат право да убиеш некој,слободата не ти дава право да убиеш некој никогаш не ти давала ниту ќе ти даде,слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат. Тука секако спаѓа и слободата да не те осодувуваат луѓе со различни морални вредности од тебе.
Вака сега, јас лично не осудувам никој, збориме за моралниот суд, кој ете се дрзнал да осуди според некои морални вредности луѓе кои ја изманипулирале слободата на луѓето во Македонија.
И пак ќе се навратам во интепретацијата, дали според тебе е слобода некој човек да општи со 10 годишно дете, доколку детето доброволно го прави тој акт. Дали е според тебе слобода, да му се забрани на човек слободата да се разнесе на плоштад во името на неговата религија. Дали според тебе е слобода ти да шеташ гол низ град според твоите убедувања или да маструбрираш на јавно место, пошто ете ти тоа го сакаш, а и не пречиш на никого физички и сакаш да си го живееш така животот.
Истото важи и за тебе, темата тука не е слобода, туку е почит кон некои луѓе кои нит ги знаеш нит ги познаваш, и нешто во што учествувале писатели, професори, академци и така натака. Слободата е многу флексибилен поим кој секоја единка различно го терминира. Ако сакаш да збориш за твојата лична интерпретација на слободата, те молам да отвориш тема за слободата и дискутирај таму. Јас веќе нема да ти одговарам на прашањата и ќе ги замолам модераторите да го избришат секој пост кој не е поврзан со темата.
За такви работи до пред 50 години почунвале војни во кој умирале 100 000 а и денес има такви примери.Тие граѓани таму не се граѓани на оваа држава и со тоа не спаѓаат под нејзината заштита ако сакаат да се под заштита на оваа држава можат да се преселат.
Ти тоа што сакаш да го правиш е истото што Косоварите го прават кај нас али ние сме банана протекторат и не смееме ништо да направиме во врска со тоа.Која било друга сериозна држава прво дава барање да се предадат личностите во одредена временска рамка после која најчесто доаѓа војна.Ако сакаш можеш да го убедиш Македонскиот народ дека треба да се помогне како држава таму ( тоа значи војна патем ) али немаш право со сопствени акции на своја рака да вовлекуваш цела држава во војна.
Хитлер сам не ја вовлекол Германија во војна, позади него стоел Германскиот народ. Впрочем 16 милиони не отишле туку така во смрт. Јас секогаш ќе се борам за Македонците било каде во светот, на начин каков што јас и моите соборци ќе го одбереме. И јавно кажувам дека секој кој ќе ни излезе на патот, ќе се обидеме да го тргнеме на било каков начин. Пошто слободата и правото на живот и припадност на мојот народ нема цена.
Како што напишав претходно
Слободата ти дава право да си го живееш животот како сакаш се додека со твоите постапки не ги попречуваш другите во слободата и они да си го живеат животот како сакаат
Ти можеш да си го живееш животот како сакаш но јас го имам правото да те исмевам се додека не те спречувам да живееш како сакаш.Со самото повикување да бидам тепан ти повикуваш да бидам спречен да те исмевам и со тоа да бидам спречен да живеам како сакам.Моето исмевање пак од друга страна не те спречува во ниеден момент да правиш што сакаш,е сега ти ако се срамиш од твоите дела или неси сигурен дали тоа што го правиш е ОК тоа си е твој проблем.
Зошто цело време користиш како аргумент стар режим кој веќе не постои притоа комплетно игнорирајќи го сегашниот режим или притоа оправдувајќи ги денешните услови со надворешни или елементи од минатото?Комунизмот пропадна пред повеќе од 20 години.
Прво и основно, ова не беше наменето за тебе, туку за некој кој ја дели идеологијата на тој режим, но ако си се препознал тоа е твој проблем.
Што се однесува до исмејувањето, јас не ти плачам тебе за исмејувањето, туку јасно и гласно ги посочувам методите, кои се користени во тој режим чисто како илустрација на дејството. И пак тоа не беше наменето за тебе, туку за оние кои паѓаат на тие провокации, и пак ако ти си се препознал, тоа е твој проблем.
И не ти ја ускратувам слободата да збориш тука, ниту пак ќе ти се исмејувам и ќе те осудувам или напаѓам, туку едноставно ќе ги пријавувам твоите постови кај модераторите, па ако сакаат нека ги бришат ако не нека ги остават. Но пошто не го цениш тоа што овие од НЕПОКОР го направиле, не гледам зошто воопшто пишуваш и ја актуелизираш темава, зошто едноставно не си отвориш тема за слободата и можеш таму до утре сабајле да филозофираш што значи слободата за тебе.
За мене борбата за слободата во моментов не е поврзана ниту со идеологија ниту со економија. Во моментов таа е поврзана со опстанокот на мојот народ, ако ти мислиш дека таа борба не е во ред, тоа е твое право, но пак тоа не е тема на разговор тука.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 16:54 ---
Да, ги осудувам тие што на туѓ грб си ги наполнија џебовите и знаеш што? Ти си им помогнал во тоа, жртвувајќи си го својот живот.
А за кого и што ќе го жртвуваш ти животот во септември а? Имаш идеја ? Или можеби идеал?
Си бил во Атина, ама не знам на кого си налетал. Бујрум во септември со мене таму, да те запознаам со вистинските луѓе, оние кои ги плукаш меѓу останатите штетници, па повели разговарај.
Хехе, реши да отидеш значи. Па добро тогаш барем ќе научиш да ги цениш ветераните, без разлика на кој табор припаѓаат.
Темата е отворена одамна, издискутирано е се‘, секоја ситница, дури и претпоставка е изнесена, повели прочитај ја, ако и понатаму имаш желба (после читањето на целата тема!), ќе дискутираме
http://forum.kajgana.com/threads/Анархија.6087/ .
Ок, чим е отворена тема, како би било јас таму да отидам, со уште 5-6 мои истомисленици, и да се нафрламе без врска, да осудувам без врска, како што ти тука правиш, без воопшто да знаеш за што се работи. Да ја разводниме цела тема во правец „слободата на племенските старешини во Пакистан за силување на децата од 10 години“.
Btw, обидите да ме направиш арогантна кучка ти се неуспешни.
Не ми ставај зборови во уста,
никогаш не би се симнал толку ниско да те наречам кучка. Тоа никогаш не сум го ни помислил. Јас не се обидувам да те направам арогантна, ти тоа сама го правиш. Животот ќе те научи дека
не е важно ти како се осеќаш, туку каков впечаток оставаш, а ти оставаш впечаток на арогантна. Јас знам уште 20 луѓе тука што одма ќе потврдат дека си арогантна, зошто „не заслужуваат одговор“, „се прости и изманипулирани“ и горе доле такви одговори.