Превземено од Зоки буревесник
НАСИЛНИОТ АРАМИЈА ,,ПУМПАШ,,
ПОСЛЕДНА ВЕСТ: 22 Правобранители на итен вонреден состанок потпишале допис до Владата во кој искажале став дека Собранието треба да одлучи за откуп на уделот на АД ,,МАКПЕТРОЛ,, во ,АД ,,ГА МА,,...
Правобранителите со овој допис сакаат да се заштитат себе, но и да го заштитат интересот на граѓаните кој го застапуваат на суд во 15 годишен спор со ,,МАКПЕТРОЛ,,. Истовремено на Владата и укажуваат дека не е странка во овој спор и дека за било каква спогодба надвор од судска постапка, одлука треба да си донесе ОСНОВАЧОТ на АД ,,ГА МА,,, а не Владата. Спорот помеѓу ,,МАКПЕТРОЛ,, и државата датира од периодот 1997 – 2005 година кога после остварени приходи, после сите расходи, останале 12 милиони УСД кои од страна на ,,МАКПЕТРОЛ,, тогаш не биле уплатени на сметка на ,,ГА МА,,. Подоцна тој долг растел до главница од 43 милиони УСД кои ,,МАКПЕТРОЛ,, ги должи на државата, плус камати за спорот кој трае скоро 1,5 деценија.
А тој пак, на 14 декември, пред две недели, го исполни законскиот услов за старосна пензија. За него законот и Уставот не важи, па насилно продолжува да раководи со ,,МАКПЕТРОЛ,, и ,,ОИЛКО,, КДА. Деновиве исплива на површина и договорот што си го потпишал сам со себе уште во 2016 година, кога си одредил мандат од ШЕСТ ГОДИНИ директорување, до крајот на 2022, иако и тогаш знаел дека на 14 декември 2019 година ќе мора да замине во пензија. Ама, пресметал тогаш дека ги има под контрола и трудовата инспекција и послушните кутриња под себе, па никој нема да се осмели да бара да отстапи од функцијата, додека самиот не реши дека е време да замине.
...
Во меѓувреме, татко и АРАМИЈА забрзано го исцицува капиталот на ,,МАКПЕТРОЛ,, и парите ги трансферира кон три фирми во КАНАДА, регистрирани исклучиво за грабеж на ,,МАКПЕТРОЛ,,. Ова е пријавено до сите истражни институции на власта и обвинителството, па дури на Зоран Заев на рака му е даден материјалот. Молчат и се прават од нетука, сите до еден. Корупцијата си го зема данокот!
Во 2020 година АРАМИЈАТА, насилен менаџер ќе го отвориме и однатре. Неколкумина вработени пред пензија, кои немаат што да изгубат, а веќе им е преку глава од лажирање документација и фалсификување исправи, најавија соработка со мене и пласирање докази за начинот на кој АРАМИЈАТА и неговата фамилија паразитски закачена на ,,МАКПЕТРОЛ;, и ,,ОИЛКО,, доразграбува она што останало од оваа некогаш реномирана компанија. На вработените со кои имам контакт, се надоврзуваат и малтретирани шефови на бензински пумпи кои во меѓувреме станаа пумпаши, а истовремено мораат и да соучествуваат во кражбата гориво од потрошувачите, покриена од Бирото за метрологија. Нивните градови ќе ги посетам по празниците, да се искажат и да објаснат што се случува на пумпите и како ВРВА системот за пљачка, воспоставен и контролиран од АРАМИЈАТА АНДРЕЈА...
Среќна Нова Година, пумпаши!