Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ОКТА - 3,5 пати поголема добивка од претходната година.. на оваа цена EV/EBITDA 3.2, цена/книг.вредн. на акција 0,51.. заработка од акција повеќе од 400 ден.. ако дадат исто како лани дивиденда 90% од добивката, на оваа цена тоа е околу 12-13% .. затоа е скоков овие денови.. моја прогноза е дека ке оди до 4500ден/акција годинава без проблем..

ТЕТЕ - интересна акција.. немаат некој core бизнис, работат како некој фонд.. стандардно ок резултати.. и добри дивиденди секоја година.. годинава најавија веќе 122,22ден бруто.. 11,5% од последна цена.. цена/книг.вредн. на акција само 0,25
мала инфомација во врска со акцијава.. со последнава цена тете надмина капитализација од 7 мил евра.. и нашиве пензиски фондови ќе можат да ја купуваат спрема закон.. може тоа да значи дека ќе ја подигнат малку цената ако почнат да купуваат..

ПКБ - една од моите омилени акции.. приходи поголеми за 18% од претходна година, добивка поголема за 43%.. цена/книг.вредн. на акција само 0,41.. страшно добри резултати..
два мали проблеми околу оваа акција.. многу мала скоро никаква ликвидност.. и сеуште не исплаќаат дивиденда.. ако изненадат со дивиденда, очекувам без проблеми скок до 20000ден/акција.. без тоа ќе има спор раст и ќе се чека некој на кој му е итно да продаде..

Прв пат денес се појави солидна ликвидност за акција како PKB.
 
Убав резултат и за УНИ, за 10-15 проценти ја утна добивката @TENDO

Мое мислење е дека ако нема дивиденда цената ќе се спушти на 1000

@Zedd Гледам и во услови на намалена ликвидност се купува UNI по цени од 1.335 - 1.340.

Поминаа не баш мали количини за оваа акција над 1300 :)
 
Со ТНБ шо е работава со собрание, девиденда или рано е?
 
Последно уредено:
Со ТНБ шо е работава со собрание, девиденда или рано е?
Ако некој нема потазе инфо, а судејки според архивата на известувања од прошла година, на почетокот на април би објавиле повик за собрание во мај.
Така да, рано е изгледа.
 
Речиси сите компании ги остварија очекуваните резултати а вредноста оди надолу. Мислам дека ова се случува поради тоа што реално се достигнаа убави вредности на акциите што е убава позиција за продажба.
 
Денеска пуштив налог за продажба на КМБ.,цената паѓа како камен од 2980 на 2800 за неколку дена ,а после дивиденда сигурно ке оди уште 200-250 ден. надолу , а сето тоа е во врска со плановите за наредните години и резервациите од 25мил. евра секоја година.Ја изгубив дивиденда ама спречив поголема капитална загуба па мислам дека не се за**ав, а псле див. пресек ке може даја купам пак за 2400.Парите од КМБ. еден дел мислам да ги вложам во ПКБ,аостанатото ке чека подобри времиња.
 
Очекувавме повеќе од КМБ, но за жал според резултатите не се прослави, затоа и цената потона.
 
Ај за КМБ да има разбирање, ама што пак се случува со НЛБ

Slovenia will start roadshows ahead of the sale of its largest bank, state-owned Nova Ljubljanska Banka (NLB), on Monday, daily paper Finance said on Tuesday, citing unofficial sources.

It said the shows would take place in London and New York.
 
По мое мислење и ТНБ и КМБ се жртви на политичката криза. Да видиме дали истото ќе биде и со ОХБ и СТБ.
 
Ај за КМБ да има разбирање, ама што пак се случува со НЛБ
Едноставно, на најава за дивиденда цената поскокна повеќе од дивидендата, инвеститорите рекоа фала, на нас ни е доста.
Така јас ја гледам, а ова околу дивидендата не знаеме сигурно, може и да искочи тапа на крај.
Како и да е или тој што купува или тој што продава знае повеќе од мене.
 
И јас мислам дека ТНБ.е зафатена со општиот надолен тренд на берзата ие само колатерална штета на целата политичка ситуација.Таква банка како ТНБ. со П/Е 5.5 дивиденда во најава од околу 900ден. и пад на цена нема логика.Инаку моите акции на КМБ. поминаа по 2800. ,сега веќе трансакциите идат по 2767, така да 33ден. сум во добика:D
 
И јас мислам дека ТНБ.е зафатена со општиот надолен тренд на берзата ие само колатерална штета на целата политичка ситуација.Таква банка како ТНБ. со П/Е 5.5 дивиденда во најава од околу 900ден. и пад на цена нема логика.Инаку моите акции на КМБ. поминаа по 2800. ,сега веќе трансакциите идат по 2767, така да 33ден. сум во добика:D
2750 последни (y)
 
Не знам за вас, ама мое мислење дека НЛБ на 10.000 денари е ПРЕМИЈА за купување.

кога ке излезе дека дивидендата е 1.000 мкд ( можно и повеке ), отиде цената назад на 13-14.000 мин.

Добра шанса за влез следна недела и во други акции кои веќе паднаа некои 7-10%. за неколку месеци сигурна заработка од 15-20%
 
кога ке излезе дека дивидендата е 1.000 мкд ( можно и повеке ).

Одлуката за дивидендата сигурно веќе е донесена интерно во банката, само што не е објавена официјално. Фактот дека лицата што ја знаат оваа информација не купуваат агресивно по овие цени ме влече кон заклучок дека дивидендата ќе биде околу 800 денари.
 
Одлуката за дивидендата сигурно веќе е донесена интерно во банката, само што не е објавена официјално. Фактот дека лицата што ја знаат оваа информација не купуваат агресивно по овие цени ме влече кон заклучок дека дивидендата ќе биде околу 800 денари.
Како што прочитав мајката во Словенија ќе ја распредели во дивиденда речиси целата добивка.

Се сомневам и јас дека имаат некои луѓе инсајдерски информации, како и да е ќе почекаме да видиме. Не гледам место за паника посебно за оние што немаат потреба да продаваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom