5G / фајв-џи

5G базна станица се очекува да конзумира приближно колку енергија во однос на 4G базна станица?

  • 50% повеќе

    Гласови: 4 36,4%
  • 200% повеќе

    Гласови: 1 9,1%
  • 300% повеќе

    Гласови: 6 54,5%

  • Вкупно гласачи
    11
Член од
24 октомври 2021
Мислења
1.131
Поени од реакции
778
Ako licno vas ne vi treba, ne znaci deka treba da sprecite voveduvanje na nesto novo... poveke treba da se zagrizime okolu "osloboduvanjeto" od starata i zastatena nefunkcionalna tehnologija i sistemi za da odime napred.

Vo Amerika so voveduvanje na 5G se gasi 3G, a kaj nas se uste funkcionira 2G i nema nikakva informacija koga ke se iskluci
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
75
Поени од реакции
31
моите 2 центи (2 денари ли се во МК?) Околу зрачењето.... самата фреквенција нема баш многу врска со „штетноста„ на истото, барем не на опсезите кои денес и во догледна иднина (додека сум јас жив) ќе се користат... не дека ако нешто работи на 2GHz па се спореди со нешто на 100GHz, второво е 50 пати поштетно или слично.

Често читам/слушам луѓе што користат висока фреквенција како аргумент за проценка на штетност, кој е сосема погрешен... брановите со бранова должина помала од видливата светлина (неколку 100ки нанометри) едноставно немаат доволно енергија да направат било каква промена во материјата, жива или нежива, освен нејзино загревање. Брановите кои се користат за сите генерации мобилни радио комуникации се со должина од неколку цм до неколку мм... Сеуште е доста, доста далеку од енергијата потребна за било каква јонизација. Брановите со пократка бранова должина, како УВ светлина или пократки, се друг муабет, и за нив секако се потребни посебни методи за заштита.

Моќноста (флуксот) на електромагнетното зрачење е побитен детал според мене, пред се заради термалниот ефект, ама па за тоа има пропис која е количината која е дозволена за професионална изложеност или за постојана изложеност (на население) со голема маргина на сигурност...

Дали ова се почитува секогаш и секаде е друг муабет и тоа има смисла да се дискутира повеќе од аспект на здравје на население и останат жив свет.

Дали му е потребно 5Г или не, зошто и кога, секој ќе си процени индивидуално, ама секако технологија која има можност да обезбеди развој на нови начини на комуникација и автоматизација не треба да се стигматизира само затоа што денес не се знаат или не може популацијата да ги замисли сите можни употреби на истата...

А колку додатна енергија се троши е трета димензија, ама таа има смисла единствено ако се нормализира на пренесен бит... бидејќи потребата за пренос на податоци нема да се намалува, а 4Г има лимит до каде може да се користи и тој лимит не е далеку. 5Г е поефикасно ѕа секој пренесен бит од 4Г, и од страна на мрежата, ама и од страна на батеријата на вашиот телефон, сосе ЕМ зрачењето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom