Прегледај го приврзокот 326689 Прегледај го приврзокот 326695
...развој на мобилната телефонија, од обичен телефон кој воопшто не беше „паметен“ оти само звонеше и само разговаравме, преку мобилен кој немаше „дата“ туку се користеше само за телефонски повици и пишување пораки кој уште не беше „паметен“ се уште „dumb“.
Прегледај го приврзокот 326690 Прегледај го приврзокот 326698
...да наеднаш (2001 год) нашите телефони станаа „паметни“ со примена на Интернет (дата) како мобилните со 3Г (кои денес мислам дека се веќе укинати),
Прегледај го приврзокот 326701
мобилни со 4Г и последната генерација мобилни со примена на 5Г мрежа.
... како и кај лековите од новите генерации кои им расте ефикасноста на делување (но и несакани ефекти), така и овде од генерација во друга расте капацитетот на мобилниот телефон за емитување и примање на мобил дата (интернет), така кај 3Г (2001 год) пренесува 300 Kbs (
килобит во секунда), а кај 4Г (2009 год) пренесува многу повеќе т.е. 100 Mbs (
мегабит во секунда), додека 5Г (2020 год) ќе емитува 10 Gbs (
гигабит во секунда).
... 5 Г технологија ако нас лично не ни треба, ама и’ треба на пример на автомобилска индустрија при новите автоматски возила на кои им е потребна брза дата за да би се конектирале и брзо би давале информации да не би се случиле сообраќајни несреќи еден вид автоматски возач кој ќе управува со самото возило што е денешна реалност, развој на вештачка интелегенција бара и брза дата која ја дава 5 Г технологијата или пак иднината на банкарството со биткоин нова дигитална пара?
... така да поставување на 5Г мрежата не е од личен интерс на секој поединец, туку во интерес на глобалното развивање на технологијата која бара БРЗИНА на дата и тоа е тоа!
...е сега секоја нова и поразвиена технологија доаѓа неминовно со свои можни ризици, што би било и за 5Г технологијата основна причина на загриженост- радијацијата! е сега нормално да секој се загрижи кога ќе го слушне зборот „радијација“ , но треба да ги разликуваме радијациите штитни по здравје и тие кои не се штетни по човекото здравје (следи продолжеток).