Љупчо Савевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Со оглед на тоа дека се расправа за македонски тренери, на листата на нив дефинитивно влегува и Савевски кој со својот ангажман во неколку македонски женски и машки екипи, но и во двете репрезентации помина долг но и краток период поради одредени проблеми во позадина, заслужен за успеси пред се во женската репрезентација.
Во минатото висок играч на бековска позиција, шутер со топовски удар. Според многумина еден од најдобрите играчи но и тренери на нашите простори.

Во поблиското минато беше тренер на неколку екипи меѓу кои:
Тренер на турската репрезентација со која ги бележи и најголемите успеси во Европа.
Кометал во периодот од 2006, 07 и 08 со кои освојува три титули во македонскиот шампионат.
Една година по Кометал од 2007 до 2008 тренер на женската репрезентација на Македонија, со која го составуваше костурот за Европското 2008 кое се одржа токму кај нас. За жал по конфликтот на интереси од трета страна но и непочитување на неговите одлуки од страна на дел од ракометарките и под притисок ја напушти селекцијата при што на негово место беше именуван Глигоров со кого го игравме Европското првенството 2008.
Веќе во 2009 застанува за прв пат на кормилото на машката селекција откако Темелковски поднесува оставка поради несупехот по враќањето од СП Хрватска 2009, и катастрофалните квалификации за ЕП 2010 во Австрија, при што Македонија на неколку наврати ги загуби мечевите и на домашен терен, Савевски е именувам за тренер. Во пресрет на новите квалификации за СП 2011, во тогаш конфликт на интереси помеѓу Металург и Вардар за трката за претседател на федерацијата, дел од играчите протестираа на неговиот авторитет и одлуки да се изгради една репрезентација во која уште тогаш цел на Савевски беа и Дејан Манасков и Стојанче Стоилов на кои не им беше претходно дадена ниту шанса, се случи уште еден неуспех и Македонија беше елиминрана на гол разлика од Турција и Литванија сите средби се играа во Турција но со назнака за се тоа што се случуваше во позадина. Бидејќи како авторитетна личност не дозволува да му се изврши притисок од лица кои во позадина ја кроеја репрезентацијата, решава да си поднесе неодповиклива оставка во блиска комуникација со Михајловски но и јавно проговара за проблемите кои се случуваат во репрезентацијата и кои се штета за истата.
Во 2010 именуван за тренер на машкиот клуб Вардар со кој е во трка со тогашниот залет на Металург да прерасне во европска екипа.
Во последен момент не е активен како тренер, но во ракометна Македонија за него може да се каже дека е вистински авторитетен тренер и пред се искусен стратег.
И како што пишува подолу по долги години видовме вистинска дисциплина но и физичка подготвеност.

http://www.taratur.com/node/2365
 
Цело време влегува во конфликт овој човек, каде и да отиде се нешто му смета. Ми текнува кога беше со жените се отепа од плачење по телевизии. Ајде жените не чинеа, ама после и со мажите не му чинеше нешто. Заклучок во него е проблемот.
 
Ау немој само шарлатанов, кај замина конфликти се дешаваат и е бојкотиран од играчите.
 
Цело време влегува во конфликт овој човек, каде и да отиде се нешто му смета. Ми текнува кога беше со жените се отепа од плачење по телевизии. Ајде жените не чинеа, ама после и со мажите не му чинеше нешто. Заклучок во него е проблемот.

Ау немој само шарлатанов, кај замина конфликти се дешаваат и е бојкотиран од играчите.

Можеби, или па играчите нигде и никаде кај нас не трпат авторитет и тука има вистина.
 
Можеби, или па играчите нигде и никаде кај нас не трпат авторитет и тука има вистина.

Жените од таа генерација трпеа авторитет, потсети се кој им беше трењер на Светското 97 ма како ги влечеше како партали по паркет. Девојките си беа воспитани на таа руска школа, но Савески плачкото кој знае што сакаше.
 
Савевски е човек кој живее за ракометот несомнено. Постигнал многу како играч, ама е и една голема будала.
Во 90тите беше многу кратко време тренер на Пелистер... Епилог, после првите подготовки се скара (и набргу доби отказ) со управата поради опремата што ја имале ракометарите :rolleyes:.
Кога беше селектор на женска репрезентација, со Радуловиќ ги имаа заебано односите, после то беше бојкотиран од сите во машка репрезентација... Во Вардар исто така не се прослави...

Јас го ценам како ракометен стручњак, ама сум сигурен дека никогаш нема да се прослави кај нас заради неговиот темперамент. Можда и треба да ја има комплетно контролата секој тренер над екипата, ама едноставно кај нас така не функционираат работите. Моментално Савевски е (светлосни години) далеку од местото селектор на машка репрезентација.
 
кој воопшто одново ќе помисли и ќе го спомне за сериозна работа Савевски ?! невротичен тип,доволно е да ги гледаш интервјуата со него.....
 
Ако се работи за селектор јас би го одбрал Зечевиќ кај нас, се кандидираше ама не го прифати РФМ за селектор.
Знам дека во Тутунски ги тепаше со шамари играчите ако не го слушаа што му кажува, кога ќе свикаше од клупа ја надвикуваше цела Универзална.
Вака нешто им треба на ракометариве наши кои сакаат да шерифуваат. :D
Сериозно има навистина добри стручњаци од бивша Ју кои се кадарни да извлечат поголем максимум од Савевски во репрезентацијата.
 
А моментално кај е Зечевиќ??
1996 година беше тренер на Пелистер во 1/2 финалето од КПК
 
А моментално кај е Зечевиќ??
1996 година беше тренер на Пелистер во 1/2 финалето од КПК
Ах не знам дали се занимава уште активно со ракометна кариера, малку како на мајтап реков за Зеко. Има бе тренери со лопата да ги риниш низ Балканов, тоа е најмал проблем.
Слободни се сега Сеад Хасанефендиќ по заминувањето од Германија кој е одличен тренер. Исто и Драган Џукиќ кој ги водеше Британците се пријави за да биде селектор за Русија заедно со Сеад, но го избраа Русите Кулешов. Двајцата можат да бидат доктори за Шундо.
Нека распишат конкурс РФМ со посолидни услови ќе се пријават сигурно доста квалитетни тренери посебно по успехот и шансата за пласман на Светско првенство.
 
Иам предлог - мојот професор по физичко во средно, Владимир Радиќ. Човекот го оформи Кометал и од средношколска екипа направи екипа за во Европа и во дует со Маковеј со Кометал стигна до четвтфинале во европско натпреварува. А и беше селектор на Женската репрезентација се до 1998 година. По тоа беше на Еуростандард тренер цело време па една сезона пак во Кометал а последниве години е тренер на машка екипа од Ѓорче, која игра во втора лига. Ама зашто го предложувам чоеков? Зашто е ненормален, се дере по играчите, сака да го слушаат и не сака ѕвезди. Пример е кога бев средно, играше за моето средно сегашната репрезентативка Елена Георгиевска, која и тогаш беше во репрезентацијата на ЕП во Скопје, која и покрај сето тоа беше подложна на критики и секакви викања по лоша изиграна акција.

5466B5287BDED44A9F7E3826BC5F58E5.jpg






Епа дури и овој будала е боље од Савевски. :D
 
Касим Каменица треба да биди селектор (од странците)
Не заебавај и ти сега, каков Касим какви бакрачи :icon_mrgr:

Уште немам ниеден кандидат за селектор на мојот радар :icon_lol:
 
Абе каков Каменица тој е избркан од сегде како Хасанефендич, нас не ни требаат српски селектори, прво ни треба една убава чистка во федерација (која за жал нема да се случи) па потоа едно авторитетно македонско име. Има тренери, треба да се даде шанса ако можеше Шундовски да добие можат и други!
 
Епа од нашите тренери сите ги искористија - нема појќе кој. Сега мора да се сврти на странец
Или нека почнат пак одново - Стевче Стефановски, Цане Крстевски, Ванчо Јовановски .....:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom