Со оглед на тоа дека се расправа за македонски тренери, на листата на нив дефинитивно влегува и Савевски кој со својот ангажман во неколку македонски женски и машки екипи, но и во двете репрезентации помина долг но и краток период поради одредени проблеми во позадина, заслужен за успеси пред се во женската репрезентација.
Во минатото висок играч на бековска позиција, шутер со топовски удар. Според многумина еден од најдобрите играчи но и тренери на нашите простори.
Во поблиското минато беше тренер на неколку екипи меѓу кои:
Тренер на турската репрезентација со која ги бележи и најголемите успеси во Европа.
Кометал во периодот од 2006, 07 и 08 со кои освојува три титули во македонскиот шампионат.
Една година по Кометал од 2007 до 2008 тренер на женската репрезентација на Македонија, со која го составуваше костурот за Европското 2008 кое се одржа токму кај нас. За жал по конфликтот на интереси од трета страна но и непочитување на неговите одлуки од страна на дел од ракометарките и под притисок ја напушти селекцијата при што на негово место беше именуван Глигоров со кого го игравме Европското првенството 2008.
Веќе во 2009 застанува за прв пат на кормилото на машката селекција откако Темелковски поднесува оставка поради несупехот по враќањето од СП Хрватска 2009, и катастрофалните квалификации за ЕП 2010 во Австрија, при што Македонија на неколку наврати ги загуби мечевите и на домашен терен, Савевски е именувам за тренер. Во пресрет на новите квалификации за СП 2011, во тогаш конфликт на интереси помеѓу Металург и Вардар за трката за претседател на федерацијата, дел од играчите протестираа на неговиот авторитет и одлуки да се изгради една репрезентација во која уште тогаш цел на Савевски беа и Дејан Манасков и Стојанче Стоилов на кои не им беше претходно дадена ниту шанса, се случи уште еден неуспех и Македонија беше елиминрана на гол разлика од Турција и Литванија сите средби се играа во Турција но со назнака за се тоа што се случуваше во позадина. Бидејќи како авторитетна личност не дозволува да му се изврши притисок од лица кои во позадина ја кроеја репрезентацијата, решава да си поднесе неодповиклива оставка во блиска комуникација со Михајловски но и јавно проговара за проблемите кои се случуваат во репрезентацијата и кои се штета за истата.
Во 2010 именуван за тренер на машкиот клуб Вардар со кој е во трка со тогашниот залет на Металург да прерасне во европска екипа.
Во последен момент не е активен како тренер, но во ракометна Македонија за него може да се каже дека е вистински авторитетен тренер и пред се искусен стратег.
И како што пишува подолу по долги години видовме вистинска дисциплина но и физичка подготвеност.
http://www.taratur.com/node/2365