Македонија - Шведска (7.4.2012, 16:00 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што сакаат нека прават само ги молам судиите да не исклучуваат противнички играчи оти кога имаме играч поише гол неможеме да дадеме а примаме по два.

ПС: Ми фалат стручните коментари на Ристо Магдинчев :tapp::pos:

ФИНТА ГОЛЛЛЛ ИЛИ ДА СЕ ОДБРАНИМЕ У ОДБРАНА ИЛИ ЕЕЕЕЕ СЕГА У НАПАД ТРЕБА ДА ДАДЕМЕ ГОЛ

ЗАБЕЛЕЖАВТЕ ЛИ ДЕКА ДРУГАРЧЕТО НЕГОВО (ОВОЈ ДЕСНО) ПОПРИМИЛ ОД НЕГО
ПРИМИВМЕ ГОЛ ДО ФИНТА
МИРКУЛОВСКИ ГОООЛЛЛ СО ФИНТА

АБРЕ МАРЈАНЕ ЌУТИ ЖИТИ СЕ МАЛЕР ЕДЕН
--- надополнето: 7 април 2012 во 02:40 ---
photo.php
 
Полошо од денеска сигурно нема да биде. На крајот на краиштата кога можеше да ја тепаме Литванија и да замолкниме цела сала у ептен гадна атмосфера (кошарката) не гледам зашо не би можеле да ги згазиме плавушиве и нивната троп троп пљус атмосфера ( спорт и се е можно). Шшшшшшшшшшшшшшшшт....
Ич не ми е гајле мора под итно да се соземат. Шведска ми се виде денес млитава (само тактика и чување на силите или реален одраз на нивните можности ќе видиме денес). Уствари тури и курот на Шведска дај ние да си изиграме ко шо треба, оти знаеме и можеме. Цврсто во одбраната, поглема креативност у нападот, Миркуловски храбро и дрско како и сегогаш на 6-те, Лазаров да се распуца со се Мојсо, златно дете имаме на крило како шо е Манасков а ретко го користиме и денес тоа мора да се поправи, Алушот пошо вчера не го видов денес треба да блесне и Борко да има свој ден. Ме плаши малку тој скандинавски менталитет со кој им се внесуваат на нашите ракометари у лице и ги рушат брутално, али ете сигурен сум дека и таа (па според мене најголема бариера) утре ќе ја надминеме. И уше нешто сакам да додадам кога правиме муабет за менталитетот. Колку сме паднати бре луѓе можете да приметите и по темава. Испишани само ебени три страни и истите ние збориме за менталитет :pos:Ма дајте бе, доста продавате лицемерие, алоо! Каде е еуфоријата? Еден пораз и сите ги избришавте и шо е уште полошо почнавте да ги пљукате. Мислам еве погледнете ја една Данска како го започна последното првенство, а како го заврши.
Затоа да не им судиме на момците, затоа што не верувам дека било кој од нас повеќе ја посакува победата од нив. Знам дека ќе изгинат на терен, па што биде нека биде. Целта ни е Лондон. Местото ни е таму. Храбро моци, само храбро.

 
Денес во автобусот кога се враќав дома,зад мене седеа двајца на возраст од околу 40тина год....и немате појма како добро го анализираа натпреварот....абе секоја фаул,секој шут го памтеа....и едниот од нив го кажа најпаметното што сум го слушнал до сега за нашите репрезенации:

-"Кога беше кошарката,и ракометот на европско...ниедна од фаворитите не не земаа за озбилно....а исто така не ни ја знаеја играта.....и затоа губеа од нас.....а сега ќе биде многу потешко,бидејќи сите ни ја прочитаа играта,и не можеме повеќе да им бидеме изненадување".

И на крај по муабетов разбрав дека едниот беше спортски судија(и тоа со јаки првенства во кариерата)....и сто пати кажа дека Шундо е тапа.


Инаку во врска со темата:

Швеѓаните мора да сфатат,дека Македонија мора да оди на олимпијада....нема ама!!!:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Со Унгарија имавме над 15 пати повеќе технички грешки и пак изгубивме со само 2 разлика. Малку да се смалат техничките грешки и тепаме!
 
од то шо го видов против бразил, шведска денес е печена да изгуби од нас! само ние, т.е. шундо да не се изгуби во играта!
 
"Ќе изгубат Шведска",ако брани ко вчера свињата арогантна. :cautious:
Шундо нека си го врати покер фејсот.
Немам надеж за олимпијада искрено,ме разочараа вчера максимално како аматери некои 100 грешки,100 мин со играч повеќе неискористени ццц,само Наумче заслужи пофалба и брат му,за кој се надевам дека и денес ќе блесне и ќе ни ја затне на сите устата дека е дупка и дека џинџерот одвратен требал да игра.

Очекувам пораз.


Ако победиме.......ќе ви кажам тогаш што ќе биде.
 
од то шо го видов против бразил, шведска денес е печена да изгуби од нас! само ние, т.е. шундо да не се изгуби во играта!



исто и јас мислам дека ке ја победиме шведска со 5 гола...они се очајни......само да не застаниме на 6-0....тогаш според мое мислење ке биде поизедначено.......и мора шундо малку да измени напад со мојсо средина почесто а лев или филип лазаров или бранче......како изненадување инаку прочитана е играта на вкрстување на нашите или па пикеркјсата финта.....сепак вчера имаше друг квалитет со крилата .......
 
исто и јас мислам дека ке ја победиме шведска со 5 гола...они се очајни......само да не застаниме на 6-0....тогаш според мое мислење ке биде поизедначено.......и мора шундо малку да измени напад со мојсо средина почесто а лев или филип лазаров или бранче......како изненадување инаку прочитана е играта на вкрстување на нашите или па пикеркјсата финта.....сепак вчера имаше друг квалитет со крилата .......

лазаров мора денеска да игра многу подисциплинирано и помалку да форсира нерезонски шутеви, крилата треба повеќе да се влкучат во играта, посебно златко кога на лазаров ќе му се залепат 2-ца. тогаш можи да оди солидно додавање на златко кој ќе има доволно простор да влез и шут. само му треба малку повеќе самодоверба...
 
Od Svedive jedino mi e strav kako brzo se dvizat, a nasata odbrana ne se snaoga bas najdobro... Da ne go tupime mnogu, ke se vidi u 16:00 kako ke bide! Samo hrabro! MAKEDONIJAAA!!!!
 
ове е извадок од кајгана. држи место

Натпреварот и победата на Шведска не ја даде реалната слика за квалитетот на оваа репрезентација на домаќинот. Забележително беше дека играчите на репрезентацијата на „Трите круни" одграа онолку колку што им беше потребно за да стигнат до победата.
 
Само од непознавање се зборува, се прави додатен притисок и се слави пред меч како да веќе сме го добиле, што се однесува до играта и тоа како сега ни го знаат стилот на игра. Унгарците не прочитаа како селски буквар, наметнаа страшно добра одбрана за Киро и Мојсо да бидат скоро парализирани. Тука настапува на сцена селектор со менување на нападот, иако и немаме резервни шутери можеа да го префрлат тежиштето на крила да пробаат некои варијанти, тоа што се говореше на двете анализи поставени на темава... Шведите ќе бидат многу побрзи во транзиција и ќе завршуваат побрзо напади така губеа и многу топки во Ниш пуцајќи од секаде, тој е нивниот стил на игра, со нив не смее да се влезе во брканица, треба на долги изградени напади да се оди... Такви технички грешки од вчера ако ни се повторат ќе не утепат тродупло на контри и полуконтри. Само што и јас мислам дека ќе си имаат повеќе проблеми со нашата одбрана, која вчера беше помалку млитава. Во напад мора да имаме повеќе решенија, не може Киро да биде носител на секоја акција.
 
И уше нешто сакам да додадам кога правиме муабет за менталитетот. Колку сме паднати бре луѓе можете да приметите и по темава. Испишани само ебени три страни и истите ние збориме за менталитет :pos:Ма дајте бе, доста продавате лицемерие, алоо! Каде е еуфоријата? Еден пораз и сите ги избришавте и шо е уште полошо почнавте да ги пљукате. Мислам еве погледнете ја една Данска како го започна последното првенство, а како го заврши.

Токму така, за европското во Србија се испишуваа 40-50 страни пред почеток на натпреварот, убеден сум дека со триумф над Унгарија и тука ќе имаше минимум 20тина. Им замерувате за менталитет на ракометарите, а вашиот е далеку полош! Не заборавајте дека оваа генерација имаше безброј трилер натпревари, и мислам дека тоа ќе им помогне како акумулирано искуство за денешниот да се биде или не натпревар! За Киро, Мојсо, Миркуловски, Стојанче не се ни сомневам дека притисокот ќе го претворат во позитивна игра на терен. Се плашам одбраната да не се изгуби како вчера, но тука мора да црпат енергија од публиката. Единствено што ме загрижува е малодушникот Борко и како тој ќе се носи со оваа задача...
 
Шведска се "спрема" за Димовски како не
http://www.time.mk/read/9179c94f9e/098e0d7bfe/index.html

За да го запрете Кире Лазаров, треба да излезете што подалеку од линијата од шест метри. Доколку го сторите тоа, Лазаров знае одлично да проигра со Димовски на линијата. Тоа е воигран тандем со години наназад и затоа велам дека мораме да го запреме Димовски доколку сакаме да стигнеме до позитивен резултат денеска. Лархолм е 25 килограми полесен од Димовски и сигурно ќе има проблеми, но јас имам доверба во моите ракометари дека со колективна игра во одбраната одлично ќе ја завршат работата“ - изјавува шведскиот селектор Ола Линдгрен за весникот „Афтонбладет“.

Крајно некултурно, шведските медиуми на нашиот ас Димовски му го дадоа прекарот „Дебелиот Ванчо“, откако и најдобриот ракометар на оваа селекција, Ким Андерсон, ја потенцираше опасноста што доаѓа од еден од најискусните македонски ракометари.

Тој не изгледа којзнае како кога станува збор за неговото тело, но дефинитивно знае да игра ракомет. Одлично ги фаќа топките од бековите, лесно се врти и постигнува голови или изнудува пенали. Затоа, еден од приоритетите на денешниот дуел со Македонија ќе ни биде токму запирањето на Димовски“ - истакна Ким Андерсон.

И овие ли кријат некои варијанти како Унгарците.
 
Што сте се запнале толку за Борко незнам :ROFLMAO:
Го направивте од гомно подоле само ради некои изјави од некои пуфли од Бекстејџ :tapp:
Коментарот што го даде за Металург-Загреб беше сосема на место.
Ваков бил таков бил, несакал да се смени со Диви. Абе седи...
Вие бевте во сала сите и видовте дека несакал да се смени со Диви :ROFLMAO:
Вчера имал 12 одбрани од 40 шута, или 30% одбранети удари...
Просечно бранење...
Може имаше лоша поставеност за некои удари, ама што се правите будали кога одбраната не одигра ништо, и јас ќе му дадам гол од 9 метри ако нема одбрана пред мене.
Така мислите вие се бранеле тие удари...
Гледате тој Перез голот го корнеше кога погаѓаше а тука некои очекуваат да ги одбранел тие удари :pos:

За денешниот меч немам некои посебни очекувања. Не научија како играме, не читаат како селски буквар. Немема е резервни варијанти, играта е таа...
Мислам дека кај Швеѓаниве полесно ќе поминеме на пикер. Не играат овие толку агресивна одбрана како Маџариве ама затоа ќе не искинат на брзина.
Брз центар за нас е мисловна именка, а лошото е што нема да можеме да замениме во транзицијата напад-одбрана...
Едноставно преголемо отсуството на Темелков во одбрана. Одбраната ни е на најслабо можно ниво. Ајде ќе речам Швеѓаниве немаат којзнае какви шутери, би требало да ги сопреме, ама после тоа што го видов вчера, кога свиња како Кривокапиќ ни даваше голови од кај сака, ондак секој бек би бил опасен за нас...
Се надевам од почеток ќе почне со Златко во составот. Доста се глупира со Митков :facepalm:
Каков е таков е, битно крило е.
Мора да проработи и Кире иначе ништо не правиме...
Сами си ја кроиме судбината. Победа од 3 разлика и скоро сме во Лондон :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom