Исклучете роаминг во Охрид, на Водно, во Дојран...

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
до сега јас немам видено ниеден телефон мрежата да е на manual т.е Рачно што би рекле.. сите се на автоматски и најчесто во охрид ги фаќа албанска мрежа па после се чудат.. ова претежно им се случува на постари лица затоа што телефонот го гледаат како апарат да кажат АЛО и ништо повеќе нит знаат како се подесува мрежа нит зашто е автоматски зашто рачно нит па како да си го направат телефонот на рачно избирање мрежа.. тука мислам дека Т мобиле како институција воопшто не е виновна
 
Јас кога влагам долу во Ентернет, телефонот што ми е на ВИП мрежа ми се закачува на косовски оператор :icon_lol:
 
Имаат голема пензија, ќе си платат за роамингот исто ко што си платиле и за телефоните.
Нема никој да окривам, ќе им кажам „на здравје бричење“ и ќе им го подесам телефонот за следниот пат да не им се случи истото.

А ти ќе ги пратиш во АЕК за да го казнат операторот за... Што? Не го сфатив тој дел од муабетот.

Сериозно бе, што треба да направи операторот за да го спречи ова?

Јас ќе ти кажам што треба да направи, со самото тоа што денес технологијата иди напред, и може буквално да следи од која географска положба на македонија се јавуваш, и секое префрлање на роаминг се регистрира кај операторот : Бројот 07Х ХХХ ХХХ се префрли на таа и таа мрежа. Е сеа ако сеуште е на поле на македонија, а зраци како зраци не можат да ги поддесат да зараќат ХХХ километри во должина и толку и толку километри во ширина. Што значи, ако слабо фаќа мрежа некаеде, населено место проблеме до операторот. И истото тоа што ќе се регистрира кај операторот дека корисникот се префрлил на роаминг а не ја напуштил македонија (во тие покритични места каде почесто префрла на роаминг) да ја наплаќа услугата со истата цена.

Не гледам злоупотреба, а и не гледам поента “земаат пензии баба ми и дедо ми, нека си платат“ Секогаш има и трето решение.
 
Едноставна работа,место да биде аутоmatic подесуваш manual или место да биде roam подесуваш dont roam и немаш проблем со сметката или кредитот
 
И мене ми се случи истото пред 2 години кога бев на одмор во Охрид, скоро 4-5 дена телефонот ми бил приклучен на Албанска мрежа и целиот интернет сообраќај и разговори ми биле наплаќани по роаминг цена. Ми стигна 6 илјади и нешто сметка, поднесував и приговор и се но џабе, на крај пак морав да ја платам сметката. Ова на Т-Ебале, на другиве оператори незнам дали се случува тоа, но претпоставувам дека ДА.

Истото ми се случи некаде пред Нова Година сега во Ноември месец во Дојран, седејќи во пицерија случајно погледнав во телефонот и видов дека се префрлил на Грчка мрежа. И уште не ми е јасно како може во својата држава некој оператор да дозволи корисниците да му бидат префрлани на роаминг во некоја соседна држава кога корисникот сеуште не излегол надвор од државата. Ова дефинитивно го има само тука во Македонија.
 
А да направиме една акција и да им ги исечема бандерите на албанија и грчка па мрежа за лек да нема после.А?Па да видат тие убаво :ROFLMAO::vozbud: Од наш народ леб да јадат :pos::pos:
 
Како да ти објаснам дека домашните оператори во овој случај не се тие што ги ограбуваат луѓето?
За разговорите направени во роаминг странскиот оператор испраќа сметка до домашниот оператор, која тој мора да ја плати без разлика на се' останато.

па нека стават посилен сигнал по границите и нема да се случува ова ... или пограничните места не им се од интерес, нема многу муштерии таму ... тоа е вината на операторите ...
 
па нека стават посилен сигнал по границите и нема да се случува ова ... или пограничните места не им се од интерес, нема многу муштерии таму ... тоа е вината на операторите ...
Аха. Да се „тепаат“ со сигналите на операторите од странство.
Па како што зрачат странските кај нас, да зрачат и нашите надалеку во нивна територија.
 
ме иритира зошто во вест има наслов Исклучете роаминг во Охрид, а во текстот се зборува и за Водно и за Дојран ... човек ќе помисли уште една анти реклама за Охрид ...:eek:
--- надополнето: 5 април 2012 во 16:03 ---
Аха. Да се „тепаат“ со сигналите на операторите од странство.
Па како што зрачат странските кај нас, да зрачат и нашите надалеку во нивна територија.

па и ќе заработат од тоа кога некој нивни ќе се приклучи на наша мрежа ... ама кај да им текне ...
 
Абе стигаа пораки мислам дека влегуваш во таа и таа мрежа и слични ствари.
Не функционира тоа повеќе?
Стигнува порака, и тоа не една туку милион :D
Добредојдовте во бла бла, пријатен престој курци-палци :icon_mrgr:
Цело сандаче ми се наополни лани на први мај, а бев на Водно на 30 минути од дома :pos:
Мислам дека на Албанска мрежа ми се приклучуваше.
Те на Албанска, те на Т-мобајл, 200 пораки ми стигнаа :facepalm:
 
Мене никогаш ми се нема вклучено мрежата на некој странски оператор во Охрид , туку напротив , кога пред неколку месеци бев на еден ден во Поградец Албанија ( бевме да јадиме охридска пастрмка за дупло помала цена одколку кај нас :) ) , цело време додека бев во Поградец си ја имав мрежата од Оне и си правев муабет како да сум дома ... дури и ме зачуди тоа што воопшто не се префрли мрежата на албански оператор , туку си остана на Оне како да сум дома во Македонија . Истото беше и на телефонот од жена ми ( исто на Оне ) .
П.С. Да си знаете дека ако одите во Поградец , нема да ви треба роаминг за да правите муабет во Македонија ... барем тие што се на Оне , незнам дали фаќаат таму Т-Мобиле и Вип.
 
А што треба, нашите операторите да стават воздушна граница против зрачењето на операторите од соседните земји?
Не ми е јасно како може некој да лупне глупост од типот „казна за операторите чии корисници се закачуваат на роаминг кога не се во странство“. Ова или некој неписмен новинар го смислил сам (далеку поверојатна варијанта од втората), или па толку му сече на тој што ја дал оваа изјава. Очигледно ќе треба на увид да ги ставаат и патните исправи при реализирање на приговорите, пошто само така ќе им ги уважат.

А која е логиката да казнат некој од нашите оператори затоа што некој од странство зрачи премногу далеку и затоа што корисникот се приклучил на неговата мрежа?
Може јас намерно ќе се приклучам само за да го казнат мојот оператор. Онака, од курташак.

Целта на сето ова (јас барем така разбирам) е да се мотивираат операторите да го подобрат сигналот на целата територија на државата..
На територијата на Република Македонија не смее сигналот од операторите на соседните земји да биде појак. Пријавените профити на сите домашни оператори (и поделените дивиденди) не оставаат сомеж дека средства за подобрување на сигналот има доволно.


Во основа нашите оператори ако играат фер не мора бидат казнети.
На пример добиваат поплака за ваков проблем на локација Градиште, Охрид. Одат таму со десетина најразлични модели мобилни телефони и ако барем 1-2 од телефоните (поставени на автоматско бирање мрежа) се закачат на странски провајдер... ја уважуваат поплаката на корисникот и преземаат мерки за подобрување на сигналот на таа локација.
А ако операторите сакаат да играат хардбол тогаш треба да очекуваат дека некогаш може и да си го попијат... (не дај боже муштеријата некогаш да биде во право)

Доколку случајот дојде кај инспекторите, истата постапка следи.
Со други зборови има како да се утврди дали поплаката е веродостојна или од „курташак„.


Од мене имаат целосна подршка за ова.
 
Како бе мене скоро никогаш не ми се закачил телефонот на странска мрежа?!Ги имам користено сите три оператори + Фрог :pos: Два исклучоци само поодамна, еднаш кај Свети Наум, горе кај граничниот премин Водафон Албанија ми се уклучи и еднаш меѓу Битола и Меџитлија гејска мрежа, ама ја сменав одма.

Не знам, ама мене во сред Скопје во 3 ноќе ми стигна порака Велком ту Монако! или Пријатен престој бла бла...
Си викам еј, награда сум добила :icon_lol:
И се јавувам во Вип, и ми кажаа нивната партнерска мрежа у Косово Монако се викала...
Значи не бев ни до граница, ни на повисоко, ко што ме праша операторот, освен ако високо не се смета 3ти кат.

Наградата среќа не ја добив, ама мислам дека луѓето не треба да плаќаат за услуга што не ја користат безразлика дали се ќори, глупи, тупи или неинтелигентни.
Пасошот за доказ и на општински. Мислам кој стигне - стриже. Не бива така.
 
Не знам, ама мене во сред Скопје во 3 ноќе ми стигна порака Велком ту Монако! или Пријатен престој бла бла...
Си викам еј, награда сум добила :icon_lol:
И се јавувам во Вип, и ми кажаа нивната партнерска мрежа у Косово Монако се викала...
Значи не бев ни до граница, ни на повисоко, ко што ме праша операторот, освен ако високо не се смета 3ти кат.

Наградата среќа не ја добив, ама мислам дека луѓето не треба да плаќаат за услуга што не ја користат безразлика дали се ќори, глупи, тупи или неинтелигентни.
Пасошот за доказ и на општински. Мислам кој стигне - стриже. Не бива така.
Ум за друг пат, менувај одма мрежата рачно.

Ама ова Welcome to Monaco - Prishtina :pos: Мислам дека го превзедоа за меѓународен повикувачки број истиот од Монако за таа мрежа па добиваш таква порака, да бидат поразлично од Србија (иако користат уште +381 за фиксните).http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/10/31/feature-04
 
jas mislam deka ako telefonot zakace stranska mreza ti pise na telefonot koa mreza e,i normalno deka nema da zvonis
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom