Исклучете роаминг во Охрид, на Водно, во Дојран...

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
И друг ли го има проблемов ко мене, ако постави на рачно бирање да е недостапен?
 
АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ ПРЕДУПРЕДУВА:eek:

Не опуштајте се во роаминг за време на одморите

2EB3D3E486ECEC49B407681994E182FC.jpg
Внимателност при зборувањето на мобилен телефон кога сте во странство бидејќи по враќање од одмор можете да бидете шокирани од сметката. Вакво предупредување упатува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски кој најавува дека пред почетокот на сезоната на годишните одмори АЕК презема серија активности за информирање на граѓаните внимателно да ја користат роаминг услугата.
-Ваквата акција ја спроведуваме бидејќи голем дел од корисниците кога се во роаминг се соочуваат со проблеми во поглед на изборот на соодветен странски оператор, мрежно покривање, висина на цените за повик, СМС, интернет што на крајот резултира со екстремно високи цени - вели Орданоски.
За таа цел на веб страната на АЕК ќе бидат поставени сите потребни информации за оние граѓани кои ќе патуваат во странство и планираат да ја користат оваа услуга.
АЕК веќе покрена иницијатива за изнаоѓање начин како земјите кои се кандидати за членство во ЕУ да можат да бидат вклучени во регулацијата на роаминг на Европската комисија, што ќе доведе до поволни услови за користење на услугата роаминг од страна на македонските граѓани. Покрај Македонија во иницијативното тело се и другите осум држави кои не се членки на ЕУ: Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. ЕК до септември треба да даде дефинитивен одговор на регионалната иницијатива за изедначување на цената за роаминг тарифите на земјите што не се членки на ЕУ со тие што се членки,
Орданоски вели дека со новите големопродажни цени за терминација на повици во мобилната телефонија, кои се во сила веќе една недела, разликата меѓу ВИП и ОНЕ во делот на терминација на цени е анулирана. Двата оператора имаат еднаква цена од четири денари и се асиметрични со цената на Т - Мобиле кој има дефинирана цена на три денари. Од септември наредната година за сите три мобилни оператори ќе важи симетрична цена од 1,20 денари, а од септември 2014 година ќе важи симетрична цена од 0,90 денари.
-Целта е да се создаде клима која би рефлектирала со намалени малопродажни цени за крајните корисници и еднакви цени за повиците кон мрежата на било кој оператор со што граѓаните не би морале да користат по три СИМ картички за повици во различни мрежи - вели Орданоски.
Преку промена на правилниците, Орданоски најавува оти АЕК ќе го реши проблемот со префрлање на мрежата на граѓаните на мрежите на странките оператори.
-Такви проблеми претежно има во пограничните зони, но има случаи на префрлање на мрежата и во градските подрачја. Најкритични се Скопје, Охрид и Дебар. Се планира на операторите да им се наложи меѓу другото при продажба на мобилните апарати да има задолжително подесување на мануелно барање мрежа, но и да има задолжителни пораки ако настане префрлање во друга мрежа. Со вакви активности ќе се погрижиме операторите да ги зајакнат своите мрежи - посочи Орданоски.
АЕК најавува и новина со која ќе ги обврзе мобилните оператори да им овозможат на родителите кога купуваат мобилни за децата, однапред во договорот да постават ограничувања за висината на сметките, како и кон бирање броеви со посебна вредност. Во интернетот родителите ќе можат да го ограничат пристапот кон определени сајтови за кои ќе проценат дека се несоодветни за нив.
(С.Бл.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5985834CB75194488FA5C08419682D12
 
Vest.mk пишува:
Казни за операторите чии корисниците на мобилни телефони се закачуваат на странски мрежи и кога не патуваат во странство, најавуваат од Агенцијата за електронски комуникации.

но и пред една година Дневник пишуваше за високите телефонски сметки на граѓаните кои не ја минале границата надвор од Македонија

Екипата на „Дневник“ во контакт-центарот на АЕК
Помагајте, ми ги снема каналите на кабелска
CF2B8A145A9B034D849F4DDA68B4349E.jpg

Ало, добар ден. Сакам да реагирам на висока сметка за мобилниот телефон. Бев на одмор во Охрид и телефонот ми се приклучил на албанска мрежа, па сите разговори ми ги наплатувале како во роаминг. Што да правам, сметката е многу висока“, побара помош жена која се јави во контакт-центарот за жалби и поплаки на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Бесплатната телефонска линија 190, која беше промовирана пред десетина дена, е наменета за сите граѓани што имаат поплаки за мобилна и за фиксна телефонија, интернет и телевизија. Екипата на „Дневник“ помина неколку часови во контакт-центарот во Скопје за да види дали и за што најчесто се жалат граѓаните, како и дали нивните приговори добиваат завршница.

Роаминг во Охрид

Жената продолжува да објаснува:

- Цело време сум разговарала во роаминг без да знам. Не може да плаќам роаминг и толку висока сметка кога не сум била во странство - вели таа.

Љубезниот оператор се обидува да дознае повеќе детали.

- Како ви беше наместен телефонот, на рачно или на автоматско избирање на мрежата - прашува тој.

- Мислам на автоматско.

Операторот прашува дали се обратила до мобилниот оператор за да реагира, на што доби негативен одговор.

- Прво треба да се обратите кај нив и да поднесете приговор. Почекајте 15 дена дали ќе ви одговорат. Ако тоа не се случи, поднесете приговор кај нас и ќе го разгледаме. Доколку има основа, нашите инспектори ќе постапат по пријавата - ~ објаснува операторот.

Оваа жена беше само една од многуте незадоволни граѓани што во тие неколку часа се јавија во контакт-центарот. Додека бевме таму телефоните постојано ѕвонеа. Операторите велат дека постојано е така и оти дневно сите три центри имаат по стотина јавувања. Граѓаните најмногу се жалат на неосновано високи сметки за мобилен и за фиксен телефон, бавна процедура за преносливост на број, лош прием на ТВ-сигнал, слаб проток на интернет, укинување одредени телевизиски канали... Некои од овие поплаки се основани, некои не. Но, работа на операторите е да ги ислушаат и да ги евидентираат сите.

Додека бевме таму се јавија луѓе што се пожалија на многу слаб проток на интернет иако провајдерот во склучениот договор им гарантирал голема брзина. Имаше и такви што само сакаа информација како да се префрлат на друг мобилен оператор, а да го задржат постојниот број и колку време ќе им треба за тоа. Операторите на сите трпеливо им објаснуваа, ги советуваа и насочуваа каде треба да се обратат.

Наплаќаат и непостојни услуги

Вработените во контакт-центарот раскажуваат дека граѓаните се јавуваат со различни проблеми. Реагираат на бавниот интернет, наплата на непостојни разговори на мобилен и на фиксен телефон, честото менување на каналите од страна на кабелските оператори, наплаќањето непостојни услуги. Но многумина се јавуваат и за да се информираат за одредени процедури поврзани со електронските комуникации. Операторите се специјално обучени за да може да им излезат во пресрет на сите. Во моментов има шест оператори во трите контакт-центри во Скопје, Битола и во Штип кои работат на три јазици - македонски, албански и англиски.

- Овие оператори во моментов ги задоволуваат потребите, но ако треба, нивниот број ќе се зголеми. Просечно има околу 20 повици на час, но интересно е што веднаш по емитувањето на нашата реклама на телевизија многу се зголемуваат јавувањата. Откако почна да се емитува промотивната кампања за контакт-центарот, има десет пати повеќе јавувања - објаснува Горан Колевски, раководител на контакт-центарот.

Според него, меѓу честите реакции на граѓаните се и тие дека операторите не ги почитуваат потпишаните договори или, пак, своеволно си ги толкуваат. Голем дел од давателите на услуги на корисниците им наплаќаат за одредена услуга која не им ја дале. На пример, корисникот склучил договор само за кабелска телевизија, а операторот му наплатил и за користење фиксен телефон и интернет.

- Многу од граѓаните го користат контакт-центарот за да се пожалат буквално за с`. Но, целта не ни е само да ги сослушаме и да ги тешиме, туку да им помогнеме да го решат проблемот. Имаме осум инспектори кои веднаш по пријавата излегуваат на терен, ја констатираат состојбата и подготвуваат решение. На операторите не им е баш мило за ваквата експедитивност, но полека се привикнуваат на новите правила на игра - вели Колевски.

Процедурата за одговор и решавање на приговор од корисниците од претходните 53 дена е скратена на дваесетина. Но, како што напоменуваат од АЕК, нивната крајна цел е таа процедура да се завршува за 11 дена.
Оператору, стави ми кредит на мобилниот
Граѓаните буквално сфатија дека во контакт-центарот на АЕК може да се пожалат за с` и да добијат одговор на сите прашања. Некој граѓанин се јавил да праша зошто социјалната помош е исплатена во Штип, а во Скопје с` уште не. Жител на скопската населба Маџари, пак, реагирал дека улицата не му е асфалтирана. Операторите раскажуваат дека многу постари лица се јавуваат само за да поразговараат со некого, па и подолго од дваесетина минути им раскажуваат за минатото и за семејната ситуација. Имало и случаи кога се јавувале луѓе за да повикаат брза помош. Но, бесплатната линија понекогаш ја злоупотребуваат помлади лица кои бараат операторите да им стават кредит за мобилниот телефон или инсистираат да ја исклучат серијата „Малечката невеста“.
Телефонската линија не работи за викенд
Бесплатната линија функционира секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот. За да може инспекторите на АЕК да реагираат, незадоволните корисници прво треба да ја имаат искористено можноста да поднесат приговор директно кај давателот на услугата. Доколку не добијат одговор во следните 35 дена или не се задоволни од него, треба да поднесат приговор до АЕК во рок од 15 дена. Секој случај поединечно се разгледува, по што доколку приговорот е основан, инспекторите излегуваат на терен.
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=2645BCBDDCB9FE40A5125E755F3DCA83
http://www.dnevnik.com.mk/print.asp?ItemID=2E0F5F3227C36141B37193C5DF65D0BD
На крстот на Водно, се фаќа косовска мрежа, во Охрид на некои делови Албанска мрежа. За други места незнам.
 
Mozda off topic malce !!!
Si bile dvajca romi i otisle vo grcka na plaza i na edniot mu zvoni telefonot, se javuva i pocnuva da vika asocere socere tepucinavle a drugiov mu mava kloca i mu vika, ne vikaj be tolku ke ni naplatat ROMING !!! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom