Најголемиот соборен храм на Балканот ќе се гради во Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Inglourious Basterd
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја поддржувате изградбата на ваков објект во Струмица?


  • Вкупно гласачи
    78
Не ми е јасно баш зошто е овој храм и на кој му е потребен, ама сигурно не на струмичките „верници“ кои незнаат и во што веруваат. Ќе биде блиску до 2 православни земји, ќе ги полни џебовите на поповите и ќе носи туристи. Резулат: Профит.:sneaky:
 
Нема случајно да се гради во Струмица, таму се најраспространети нововерците, во секое село има по неколку секти. Ова е добар чекор на МПЦ да си ги врати верниците.
 
Да но зашто да се градат вакви објекти со државни пари(од граѓаните) или пак со пари од општинската каса(исто така народни пари), тие граѓани кои што си сакаат ваков објект лично нека си го одврзат кесето и нека си дадат пари(доброволно), бидејќи во тој државен или општински буџет вотева влегуваат пари од сите граѓани и од христијански верници и од муслимански верници, но и од луѓе кои едноставно не се верници на ниту една религија !

Просто е..ако нејќеш не иди во црква никој не те тера..
Само се чудам зашто нема вакви реакции кога се градат џамии низ Македонија, а само за цркви се мрчи.
 
Просто е..ако нејќеш не иди во црква никој не те тера..
Само се чудам зашто нема вакви реакции кога се градат џамии низ Македонија, а само за цркви се мрчи.

Џамиите се градат воглавном или со Арапски пари(од Саудиска Арабија) или пак со пари од Муслиманските верници на тоа подрачје каде што се гради, додека пак Христијанските верски објекти(цркви и манастири) се градат, освен со пари на верниците(без разлика домашни или странски/иселеници), но исто така се градат и со државни пари, а државните пари се народни пари, а народот го сочинуваат Христ.верници, Муслим.верници, а и луѓе кои што не се верници во ниту една религија !
Б.Т.В. Инвеститор на Радовишката црква беше Р.Гуштеров, на онаа покрај Вардар инвест. беше Т.Костовски и сл. Значи претежно се градат со пари на бизнисмените(олигарсите), но и со пари од обичниот народ(верниците), но исто така и со државни пари(од буџет), на пр. Перивлепта во Охрид, Крстот на Водно на пр. со народни пари, музеј-црквата на Кале(запрено), св.Константин и Елена на плоштад(непочнато) и.т.н.
А како што знам државата не смее со државни(народни пари) да спонзорира градба на религиски објекти(било какви и било чиви), кој си сака сам на доброволна основа нека си го одврзе кесето и нека си донира/спонзорира изградба на вакви храмови, кој несака несака и точка !
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
А како што знам државата не смее со државни(народни пари) да спонзорира градба на религиски објекти(било какви и било чиви), кој си сака сам на доброволна основа нека си го одврзе кесето и нека си донира/спонзорира изградба на вакви храмови, кој несака несака и точка !

"Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица” ќе се гради во центарот на Струмица, инвеститор е Македонската Православна Црква-Струмичка епархија и православните верници."
 
Грешка пренесоа медиумите рекоа еден од најголемите на балканот.Најголем ќе е во Македонија.
Темелите на тој објект 53 метри се удрени пред 18-9 години тоа место сега е запуштено така стои.
МПЦ нема скршен денар за објектот и тие донации што беа до сега дадени сигурно ги нема.Пари како што кажаа од бизнис секторот и верниците.
Пари за целосно завршување на објектот сигурно нема милиони требат но по 18-9г да почне постепено да се гради нема да е лошо.Старата црква е најгоре во градот.
Не сум голем верник но подржувам да се разубави тоа место плус Струмица е на такво место мегу Бугарија и Грција за туризмот нема да е лошо:).
Само политика да не се прави од ова здружено да се изгради.

Еве ја и старата црква прекрасна е малку позната во Македонија.
Црквата Свети Кирил и Методиј се наоѓа во Струмица, Република Македонија. Изградбата на првата црква започнала во 1750 година во времето на епископот Пасиј, а истата била завршена во 1760 година. Овде се наоѓаат и дел од моштите на Свети Василиј Велики.
Во времето на бугарскиот егзархијски митрополит Герасим започнала изградбата на нова црква, посветена на браќата Свети Кирил и Медодиј. За изградбата на црквата биле донирани средства од руските мисионери од Манастирот Свети Пантелемон на Света Гора. Според инвеститорите, изгледот на црквата е во руски стил. Иконостасот е направен од липа а дело е на дебарскиот резбар Нестор Алексиев. Во криптата на храмот се наоѓа гробот на ктиторот митрополит Герасим.
.
43789101.jpg
 
најголемиот соборен храм досега требаше да биди во битола,а темелите само стрчат таму веќе 20тина години......сега видете вие
 
Зашо бе црква?! Ја сакам џамија!. Повисоки се поубави, посилно се слуша оџата, од вардара до триглава, нема икони, нема оставање пари...и замислете се е бесплатно.
Џамија и точка.
i vo djamija se ostavaat pari
 
За донации.Во црква додека ги поминиш сите светци по 10 денари + за свеќи и да купиш некој сувенир, ојде една плата.
А, демек над светците има ценовник и мораш да оставиш пари и да купиш свеќа...
 
За донации.Во црква додека ги поминиш сите светци по 10 денари + за свеќи и да купиш некој сувенир, ојде една плата.
Aма кој ве тера бре,,по уши некој да не ве мава?
 
Не можеш ти да кажеш што е добро за народот. Ако сакаат они цркви - нека имаат цркви. Незнам зашто толку ви смета бе. Атеисти сте вау ајде сеа како Мирко Сељак Попов ќе кажуваме дека ќе палиме цркви! И јас сум атесит ама нека прават луѓето што сакаат, нивен избор е тоа.

А за економијата, не треба они да се грижат, туку државата. Таа создава клима, народот работи во таа клима. Ама тоа е друга тема.

Мене душата ми е на место кога ќе го видам Аце на плоштад.
Што се буните тогаш против споменици?
А стомакот ми се превртува на секоја религиозно фрлена паричка.
Ама не сум само јас, и не е се само за мене.... па нека има.
 
Не ми се верува дека би бил најголем... ипак еве слики како би изгледал:

418932e5a2a85e6e188e8876b0304990.jpg
a371e1e2662d7d8d77e006de4e95e71d.jpg
d205f92b082db5156985fa6e425e3a55.jpg
516b55aeab6c122d742521f526c3b3b7.jpg
fd4dff8f636b455fe3131200724c6b7e.jpg
fa23b19b9f5f8957e0296effe9d8455b.jpg

Уште ко ќе слушнете 'Младински совет' се е јасно... колку само пари имаат на сметка, а они бараат од народот донации... страшно. Кој криминал само, ќе им се полнат на некој одредени личности џебовите :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom