Црквата Свети Кирил и Методиј се наоѓа во
Струмица,
Република Македонија. Изградбата на првата црква започнала во
1750 година во времето на епископот Пасиј, а истата била завршена во
1760 година. Овде се наоѓаат и дел од моштите на
Свети Василиј Велики.
Во времето на бугарскиот егзархијски митрополит
Герасим започнала изградбата на нова црква, посветена на браќата
Свети Кирил и Медодиј. За изградбата на црквата биле донирани средства од руските мисионери од Манастирот Свети Пантелемон на
Света Гора. Според инвеститорите, изгледот на црквата е во руски стил.
Иконостасот е направен од липа а дело е на дебарскиот резбар
Нестор Алексиев. Во криптата на храмот се наоѓа гробот на ктиторот митрополит Герасим.
.