Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување Време на започнување
D

Deleted member 55587

Гостин
Незнам кој колку прочитал и видел по другиве страни на интернет, по весници, а можеби е кажано и на вести ... дека македонските граѓани ќе почнат да плаќаат данок за чување опасни раси на кучиња (питбул, доберман, шарпланинец, итн.).
Инаку е предлог-закон, но најверојатно ќе стапи во сила.
Јас пред една недела земав питбул, и не се согласувам со законот. Прво ради тоа што јас ги подмирувам сите трошоци за одгледување на кучето, а не владата, второ расата како раса може да биде опасна, но ако кучето е издресирано како што треба и ако не е опасно за околината не гледам причина да се прават екцеси со плаќање на даноци и слично.
Изговорот е секако дека законот е со цел да се заштити доброто на газдата и околината, и дека законов е спроведен и во Кина и во скоро сите европски земји.
Јас мислам дека е уште еден трик на власта за да се извлечат што повеќе пари од граѓаните.
Што мислите вие што чувате опасни раси на кучиња? Се согласувате или не?
 
Чувам питбул и данок нема да плаќам. :icon_lol:
 
Веќе имаше ваква тема за чување на опасни миленици...нека ја спојат :)
 
Да го видам сега буцио во Драга Кајгана што ќе пишува. :D

Дојде комисијата и констатираше дека питбулот мој е мачка, од изјавата моја дадена. :icon_lol:

Ако се плашев од даноци јас треба рано насабајле од кревет да не станувам.
 
Го променив насловот на темата бидејќи не е убаво да се удира етикета на Пит Булот.

Веќе имаше ваква тема за чување на опасни миленици..нека ја спојат :)

Таа тема е поставена во ЧДА, а овде во Животни ќе се дискутира на темава од друг агол.
 
Добро бе од нашава држава нема по глупа, ДАНОК ЗА ОПАСНИ МИЛЕНИЦИ. И како ќе се одреди кое милениче е опасно? УЈП ќе шета од куќа на куќа и ќе му вика на кучето кут-кут :X3: и ако дојди значи е мирно а ако му сржи значи е опасно :facepalm:
Се имам видено уште ова го немав видено. Ова во преродбата во 100 чекори го пишуваше изгледа?
 
Добро бе од нашава држава нема по глупа, ДАНОК ЗА ОПАСНИ МИЛЕНИЦИ. И како ќе се одреди кое милениче е опасно? УЈП ќе шета од куќа на куќа и ќе му вика на кучето кут-кут :X3: и ако дојди значи е мирно а ако му сржи значи е опасно :facepalm:
Се имам видено уште ова го немав видено. Ова во преродбата во 100 чекори го пишуваше изгледа?

:pos::pos::pos: A ако случајно му фрли стап и не го донеси, валјда ќе го казни за “неработно“ куче.

Незнам за кучињата, али ја имам мачка која има масакрирано куче. Штотуку се омачи, и пекенизерот од комшиите да влези баш тука во собата кај што ја чуваме мачката со мачиња мали,го искасапи до бесвест,сега шета пекенизерот без едно око и други несакани мачкини ефекти. Сеа незнам дали мачкава ќе ја сметаат за “мини тигар“ или опасно милениче :pos:
 
Сеа незнам дали мачкава ќе ја сметаат за “мини тигар“ или опасно милениче :pos:
Изгледа ќе ја прогласат за рис оти тоа го има во македонија :D
 
Уште еден начин како да се извлечат повеќе пари од народот... браво.. многу се креативни кога треба нешто да земат...

Се на се.. мислам дека е една голема глупост законов... прво нека ги средат постоечките закони и нека ги спроведат на дело па после со ова.. а не.. куќа градиме.. кровот го направивме а темели нема.
 
Ваков закон постои во европските земји, нели ние ја бркаме Европа - па и ние ќе воведуваме.


Е сега, друг е проблемот што нема народот европски плати кај нас... :icon_lol:
 
А данок за аквариумски рипки ?!
Помалку рипки во аквариумот помал данок, повеќе рипки во аквариумот поголем данок ! :pos:
ОК нека направат данок на оние кои чуваат: прасиња(свињи), крави, телиња, волови, коњи, магариња, овци, кози и.т.н.
Но зарем и за домашни миленици данок, на пр. данок за: куче маче канаринец папагал зајче хрчак акв.рипки и сл. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom