D
Deleted member 55587
Гостин
Незнам кој колку прочитал и видел по другиве страни на интернет, по весници, а можеби е кажано и на вести ... дека македонските граѓани ќе почнат да плаќаат данок за чување опасни раси на кучиња (питбул, доберман, шарпланинец, итн.).
Инаку е предлог-закон, но најверојатно ќе стапи во сила.
Јас пред една недела земав питбул, и не се согласувам со законот. Прво ради тоа што јас ги подмирувам сите трошоци за одгледување на кучето, а не владата, второ расата како раса може да биде опасна, но ако кучето е издресирано како што треба и ако не е опасно за околината не гледам причина да се прават екцеси со плаќање на даноци и слично.
Изговорот е секако дека законот е со цел да се заштити доброто на газдата и околината, и дека законов е спроведен и во Кина и во скоро сите европски земји.
Јас мислам дека е уште еден трик на власта за да се извлечат што повеќе пари од граѓаните.
Што мислите вие што чувате опасни раси на кучиња? Се согласувате или не?