Овде речиси сите исти душички се збрале.Убајте тие.Депресија ме фаќа од време на време и одвратно чувството ми е,се прибирам дома не ми се излегува од дома водам мирен и досаден живот на одредено време еднаш ги лажев другарките дека сум болна и не излегов неколку дена зато шо ич не ми се излегуваше,како шо спомна некој горе ако излезам надвор сакам дома,а дома досадно е!Тоа е еден период кога ненамерно посветуваш време само на самиот себеси,кога ти треба тајно прибежиште,кога само размислуваш,кога ништо и никој не те интересира,кога цел ден го поминуваш пред тв,пред компјутер или чкртајќи глупости на ливче хартија.Ако излезеш си една тмурна фаца и поарно да не излегуваш на сите да им го расипеш расположението,седи си дома и чекај да ти помине
И така идат некои периоди кога ќе ми се плаче за секакви ситници ко бебе мало сум,исто така депресивно се чуствувам малку кога цел ден врне и цел ден тмурно е времето,и тоа малку влијае на мене!
Во депресија најдолго време сум била околу 3 месеци али не седев цело време дома,се трудев да се смеам,се борев против тоа,се занимавав со секакви работи и не дозволував целосно да ме надвладее, инаку сум по неколку дена и баш кога најмалку очекував излегов од неа.Сега сум ок...малку времево е депресивно али мора да се бориме против тоа и се повеќе да се смееме!:pos2: