еве сум, на работ на депресијата... повеќе у неа, отклку надвор од неа... тешко е да се опише... црни мисли, црн живот, црни нокти, кај и да е и косата ќе ми поцрне...депримирачка музика и еден пц за да се испуцам на форум... како резултат на тоа немам воља за ништо, со сите се карам, секој мој збор е зајадлив коментар, а сарказам и иронија за извоз... проблеми на духовно поле ме растргнуваат и ми ја одземаат и последната капка енергија... проблеми дома - дел се и они криви, и тоа голем дел - не ме разбираат, не сакаат да прифатат што им кажувам, имаат нерамноправен однос кон мене и мојата, хммм... сестра(ако можам уште така да ја наречам), постојано за се сум јас крив... проблеми со друштво, сите ми даваат дијагнози, а никој не знае шо е финтата, не сакам да ме сожалауваат, па не споделувам со нив... а треба... тешко мене... морам нешто да преземам...
ќе речете, еве уште едно разгалено тинејџерче и можеби така изгледа од страна, но верувајте тешко тешко... оној кој искусил знае...