Кампања за купување на Македонски производи

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Полека се разбудија домашниве фирми за вакви работи


Потпишан договор за стипендирање
vitaminka-dogovor-stipendiranje.jpg

Денеска, во просториите на П.И. „Витаминка“ А.Д. Прилеп беше потпишан договорот за стипендирање на тројца студенти на Технолошко - Металуршкиот Факултет во Скопје. Договорот со студентите Ангела Талеска, Сара Димова и Драганче Ристески го потпиша Претседателот на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ А.Д. Симон Наумоски. Наумоски ги запозна стипендистите со работата на „Витаминка“, нагласувајќи дека таа е една од најголемите фабрики во прехранбената индустрија во Македонија. Студентите - стипендисти се запознаа и со дел од работата на фабриката, посетувајќи еден од погоните.

„Витаминка“ за прв пат започна со стипендирање студенти пред три години. Месечната стипендија изнесува 6 150 денари и се исплаќа месечно во текот на целата година, а стипендистите добиваат и еднократен надомест од 9 000 денари за учебни помагала.

Со новите три стипендисти „Витаминка“ стипендира вкупно шест студенти на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје. Практиката на стипендирање ќе продолжи и во наредните години. Со тоа оваа фабрика влегува во редот на компаниите што размислуваат визионерски и инвестираат во својата иднина.


stipendii2.jpg


Алкалоид веќе подолг период се со стипендии и добар дел после дипломирање вработени кај нив
„Алкалоид“ додели 40 нови стипендии „Трајче Мукаетов“




И годинава фармацевстката компанија „Алкалоид“, преку фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Стипендијата изнесува 6.500 денари месечно во текот на 12 месеци.

Живко Мукаетов, претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид“ изјави дека досега се стипендирани 222 студенти, вклучувајќи ги и новите 40 студенти. Од нив досега дипломирале 71 студенти по фармација и 29 по медицина, од кои својата кариера во „Акалоид“ веќе ја градат дванаесетмина од нив.


Фондацијата „Трајче Мукаетов“ веќе четврта година доделува и еднократна парична награда за најдобрите студенти на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факултет. Годинава паричната награда во висина од 1.000 евра доби Михајло Ѓеорѓиевски од Медицинскиот факултет со просек 9,85, а на Фармацевсткиот факултет наградата ја делат Наташа Ѓеоргиевска и Стефан Петровски, двајцата со просек 9,74, кои ќе добијат по 500 евра.
 
Знае некој каде откупуват киви? Имам 700 кг , ги давам по 25 денари со превоз на мој трошок било каде во Македонија.
 
http://vitaminka.com.mk/mk/news/details/stobi-flips-najsilen-makedonski-brend-2014
Според анализата спроведена од Валикон, компанија што ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка, Стоби флипс на Витаминка е најсилен македонски бренд за 2014 година.
 
GS1 Каталог на артикли на македонските компании чии производи се бар кодирани со македонски бар код.
http://www.gs1katalog.mk/Default.aspx
GS1 Македонија е единствена организација овалстена од GS1 Глобалната канцеларија за доделување и управување со GS1 бар кодовите на територијата на Република Македонија
GS1 global
 
GS1 Каталог на артикли на македонските компании чии производи се бар кодирани со македонски бар код.
http://www.gs1katalog.mk/Default.aspx
GS1 Македонија е единствена организација овалстена од GS1 Глобалната канцеларија за доделување и управување со GS1 бар кодовите на територијата на Република Македонија
GS1 global

Добро би било да има апликација за мобилен.
 
Една од ретките фирми во државава која работи уште од 1987...

UgSpbGJ.jpg


Оваа година се одбележува 30 годишнината од работењето на непрофитната организација. Организацијата работи со свој сопствен дуќан каде се изложени производи од чисто Македонско производство. Иако не сте фан подржете ги луѓево со купување на некој сувенир. Тоа ќе им значи и ќе даде можност во иднина да се изработуваат нови и нови производи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom