Полека се разбудија домашниве фирми за вакви работи
Потпишан договор за стипендирање
Денеска, во просториите на П.И. „Витаминка“ А.Д. Прилеп беше потпишан договорот за стипендирање на тројца студенти на Технолошко - Металуршкиот Факултет во Скопје. Договорот со студентите Ангела Талеска, Сара Димова и Драганче Ристески го потпиша Претседателот на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ А.Д. Симон Наумоски. Наумоски ги запозна стипендистите со работата на „Витаминка“, нагласувајќи дека таа е една од најголемите фабрики во прехранбената индустрија во Македонија. Студентите - стипендисти се запознаа и со дел од работата на фабриката, посетувајќи еден од погоните.
„Витаминка“ за прв пат започна со стипендирање студенти пред три години. Месечната стипендија изнесува 6 150 денари и се исплаќа месечно во текот на целата година, а стипендистите добиваат и еднократен надомест од 9 000 денари за учебни помагала.
Со новите три стипендисти „Витаминка“ стипендира вкупно шест студенти на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје. Практиката на стипендирање ќе продолжи и во наредните години. Со тоа оваа фабрика влегува во редот на компаниите што размислуваат визионерски и инвестираат во својата иднина.
Алкалоид веќе подолг период се со стипендии и добар дел после дипломирање вработени кај нив
„Алкалоид“ додели 40 нови стипендии „Трајче Мукаетов“
И годинава фармацевстката компанија „
Алкалоид“, преку фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје. Стипендијата изнесува 6.500 денари месечно во текот на 12 месеци.
Живко Мукаетов, претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид“ изјави дека досега се стипендирани 222 студенти, вклучувајќи ги и новите 40 студенти. Од нив досега дипломирале 71 студенти по фармација и 29 по медицина, од кои својата кариера во „Акалоид“ веќе ја градат дванаесетмина од нив.
Фондацијата
„Трајче Мукаетов“ веќе четврта година доделува и еднократна парична награда за најдобрите студенти на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факултет. Годинава паричната награда во висина од 1.000 евра доби Михајло Ѓеорѓиевски од Медицинскиот факултет со просек 9,85, а на Фармацевсткиот факултет наградата ја делат Наташа Ѓеоргиевска и Стефан Петровски, двајцата со просек 9,74, кои ќе добијат по 500 евра.