Новите облакодери во Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikolaben2 @ YT
  • Време на започнување Време на започнување
Ја видов макетата на саемот за недвижнини, и ги разгледав брошурите за тоа како ќе изгледа финалниот продукт.

Да бидам искрен, ептен ме бендисува.
И да, ако турците рекле дека ќе ги направат за 6 години, верувајте дека ќе ги направат.

Ќе ги направат..ама како е прашањето.. се ми се чини дека како аеродромот ќе биде.. фушерај и евтини материјали,па се деси нема ни пола година од отварање а кровот протече.
 
Ќе ги направат..ама како е прашањето.. се ми се чини дека како аеродромот ќе биде.. фушерај и евтини материјали,па се деси нема ни пола година од отварање а кровот протече.
Прочитав во некој коментари дека ги гради турска команија..а во турција објектите како облакодери се секојдневие така да не верувам дека ке бидат од ефтини материјали и дека ке бидат неквалитетни..
 
Прочитав во некој коментари дека ги гради турска команија..а во турција објектите како облакодери се секојдневие така да не верувам дека ке бидат од ефтини материјали и дека ке бидат неквалитетни..

Добро ми е познат турскиот квалитет ;) исто ко кинеско,некад и бетер..така да штом ја утнаа кај аеродромот,ми дава за сомнеж дека и тука можат да ја утнат..не од што незнаат,туку ради тоа што штедат и фушерајски работат..не за џабе дел од нивниот менталитет и ние го имаме наследено.
 
Уште коа слушнав кој прави тоа,и дека сакале џамии,бла бла бла,и кој у нив ќе живее..Од тогаш ми смрдат облакодериве,и не ги сакам ИЧ!
Какви џамии бе?!
 
јас не гледам никаква предност во тоа

ЗОШТО ДА СИ ГАЗИМЕ ПО ГЛАВИТЕ ЕДЕН НАД ДРУГ
кога Господ ни’ дал златна котлина која 70-80 проценти е неискористена:mad:
околината на Скопје е толку празна- градот како ТРЛО е - како да се пикнале луѓето да се греат во некое ќоше -
мал ли им е просторот накај Хиподром, Скопје Север....
 
Мене ме интересира некој од фелата да објасни висококатнициве vs. Скопско трусно подрачје?? Инаку на ваков начин инвестиции не може да очекуваме. линкче
во “ 63 год. баш висококатниците-кулите останаа здрави-нечепнати
Добра идеа..
Но незнам зошто само скопје го преферираат кога постојат поубави места за градење на облакодерите -.-
точно на пример Мариово,ама мариовци го наполнија Скопје па сега не ги
враќаш назад ни со двоцевка во грб.
 
Во дворот на комплексот ќе имало џамии..
Релевантен извор или GTFO!!!

Цитро, во ситуации со кровови страда само најгорниот кат, така да не му ја мисли ти за кровот. Кој ќе сака да живее во највисокиот стан во СК нека му ја мисли.

Сепак, фактот дека секоја зграда ќе има свој спа-центар, сквош сала, базен и теретана звучи премногу добро.
 
во “ 63 год. баш висококатниците-кулите останаа здрави-нечепнати
Во ред е тоа но овде се работи за 40-катници. Не може да го споредувате овој проект со протекувањето на аеродромот. Овде се работи за проект кој е многу комплексен, не верувам дека инвеститорот ќе си дозволи било каков пропуст.
 
Леле леле.Овие има да паѓаат два пати подобро од оние во Америка.Нема да им треба бомби и терористи.:) Американциве има да ни се чудат.:cuc:
Шала на страна.Не знам дали ја гледавте емисијата на В.Ефтов кога гостин му беше типот бивши француски агент.Типот арно кажа дека повторно ќе бидеме под турско ропство,само што ова ќе биде многу полошо од она претходното.

Се повеќе сметам дека типот е 100% во право

аеродром на турците(зарем не можевме ние да стопанисуваме со него.немаше да направиме 10 споменика и ќе ги имавме парите)

40 катници на турци(Нели ќе беа прво 100 катници.И нели ќе ги гради наша компанија и ќе бидаш наши)Од каде сега турци во работава???

Рамстор(како што знаеме турски).До него фирма купи уште две огромни парцели.Се разбира турска фирма.

Турски серии во рок од 1 година се помасовно ги има на Шител тв и Канал 5(Зарем не е ова завладување со медиумите.Агентот јасно кажа како турциве навлагаат во Македонија.Даваат многу повеќе пари од другите и тотално го запоседнуваат просторот.Покрај тоа на нашиве две телевизии им ги даваат сериите за џабе пари т.е многу поевтино од шпанските,индиските итн.)Па толку ли немаат Латас и овој на Канал 5 пари да направат една наша серија или пак барем да купат некоја поскапа шпанска.Зарем малку пари земаат од пропаганда?

До крајот на годината се очекува и компанијата ЖитоЛеб т.е Жито Лукс да ја превземат турци.

Така да Македонци сме отишле јабана.
Да се надеваме дека кадииите ќе бидат добри.:unsure:
 
зашо и каде џамии?
Не џамија туку нешто како верски центар, ќе има и црква.Се разбира нема да има ни минаре, ни оџа, ни поп, ни камбани....
--- надополнето: 11 март 2012 во 01:37 ---
Во дворот на комплексот ќе имало џамии..
не трескај бе
 
моусдеф и кекси мик,13 годишни копиљаци што некако дошле до форумов и сега лупаат ли лупаат глупости...од завист и љубомора нормално.

Да ви се посерам на главите шупливи и троловски.
 
Да. И тоа не е нов дел на ново лисиче, си има свое име (станбен регион лисиче мислам).
Реонски центар „Aеродром", поточно...

Иначе се мислев дека ќе го прават од страната на МакОил, но било во реонскиот центар.
 
Облакодерите ќе бидат поставени од страната на Макоил бензинската. Толку ни се писмени новинарите. Инаку фундирањето е започнато можеби пред една година и е завршено колку што знам. Тоа е малку поспецифично, се изработуваат колови длабоко во земјата. Зградите мислев дека ќе бидат челична конструкција ама последно излезе дека ќе бидат армирано бетонски, а тоа подразбира специјални типови бетон за да се изведува градбата со динамика како што они предвидуваат. Инаку за верски објекти од инвеститорот имаат кажано доколку има потреба и побарување, а општина Аеродром кажа дека никакви верски објекти не се предвидени таму.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom