Зошто има девојки кои глумат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
приметувам дека има девојки кои на сила се прават "јаки пи*ки", недостапни за секого, си имаат свои барања без кои не би поминал никој кај нив итн, итн, итн, а кога веќе одлучуваат да се со некого, се однесуваат пониско од секоја нормална девојка ......

Нели не е во ред да го прават тоа, дека многу посмешно е кога ќе им ја пробие некој таа нивна маска и кога ќе се види колку поразлична особа се криела тука ... треба да се повлечат тогаш и да престанат да глумат лудило?

Не е дека се правам јака пичка но едноставно има барања без кои не би поминал никој кај мене.. едноставно неможам да бидам со секој кој во моментот се заинтересирал за мене на ваков или онаков начин... тоа не е глумење тоа е само реалноста. Плус што има посебно во тие што се достапни за секој освен фактот што се без систем за вредности (ако може да се смета тоа за посебно и надвор од вообичаено) Во скопјево има цел тон женкари кои го поминале пола скопје а се неспособни да имаат врска или да задоволат девојка... уште цел тон други кои си мислат дека се којзнае што и имаат таков нападен пристап па потоа коа ке ги одбиеш ти си ненормалната шмизлата дигнатата или што ти ја знам. Потребно ми е многу за да можам да се впуштам во нешто со некој, и да му го покажам своето вистинско јас и мојата слаба страна затоа што сум одлучила дека можам да му верувам. Ако некој тоа го гледа како глумење тоа е негов проблем. Сепак нели сме различни со секого because if we treat everyone the same, we treat no one special. За некој да стане my someone special треба навистина многу но откако ке стане тој истовремено се претвара во мој приоритет на секое поле. Ако за некој тоа е спуштање ниско за мене е љубов.
 
Девојка која глуми, т.е се чатали е уствари глупа. Толку се дига во облаци, се занесува пошто не знае друго ништо. Да се однесува каква што е ќе биде најголема кокошка таму каде што се наоѓа. И опаааа, на сцена доаѓа арогантноста (глумењето, дигањето) и тоа и прикрива се. :tv:
 
марсовче мисли дека тие девојки се свесни дека се слаби личности и тоа им е дефанзивен систем од луѓето кои би ги повредиле?
барем така мислат они...

Добро, офф топик, ама зошто марсовче зборува за себе цело време во 3 лице, не дека не е слатко, ама?
 
MОжно е да на таков начин им се храни егото, им годи да ги сметаат јаки типки и да бидат молени и некој да трча по нив.....се додека тој некој не најде некоја што навистина заслужува негово внимание :toe:
 
Секоја девојка глуми понекогаш во одредени ситуации т.е. "сцени":), али има и такви кои се постојано во некој филм и глумат лудило.
Не се прикажуваат реално што се, си качуваат одредени акции, си поставуваат одредени карактеристики и се прикажуваат поинаку во одредени ситуации. Тие девојки според мене се незадоволни од она што навистина се и затоа се прикажуваат во друго светло. Но глумењето не трае вечно, секогаш доаѓа момент на вистина.
Девојките кои глумат јаки пи*ки кај нас се едни обични девојки кои се замислуваат дека се во Холивуд а не во Македонија, кои можат надворешно да се прикажат во некое издание само да фасцинираат, пребирливи се до максимум, а реално немаат самодоверба и остануваат сами на крајот. Недостапни за сите и со моментно задоволство, но не и трајно. На крајот од вечерта тие се оние кои се напуштени и сами.
Најчесто секогаш се наоѓа некој паметен да ги спушти на земја.
А ако нема таков тогаш нека уживаат во својот живот кој го живеат нереално и глумат некоја улога која не им одговара и не ги претставува вистински. Сигурно не е лесно да се живее двоен живот, но самите тие тоа го решиле.
 
Секоја девојка глуми понекогаш во одредени ситуации т.е. "сцени":), али има и такви кои се постојано во некој филм и глумат лудило.

Се си кажа у првиот дел.. Понатака нема ни потреба да идеш.. :)
Замисли сите да се исти .. Нема да е интересно а вака имаме разновидни типки ...супер е вака :)
 
Е зашто не знам,ама завршуваат со губитници,будали или па,клатат под липите.
 
Секоја девојка глуми понекогаш во одредени ситуации т.е. "сцени":), али има и такви кои се постојано во некој филм и глумат лудило.
Не се прикажуваат реално што се, си качуваат одредени акции, си поставуваат одредени карактеристики и се прикажуваат поинаку во одредени ситуации. Тие девојки според мене се незадоволни од она што навистина се и затоа се прикажуваат во друго светло. Но глумењето не трае вечно, секогаш доаѓа момент на вистина.
Девојките кои глумат јаки пи*ки кај нас се едни обични девојки кои се замислуваат дека се во Холивуд а не во Македонија, кои можат надворешно да се прикажат во некое издание само да фасцинираат, пребирливи се до максимум, а реално немаат самодоверба и остануваат сами на крајот. Недостапни за сите и со моментно задоволство, но не и трајно. На крајот од вечерта тие се оние кои се напуштени и сами.
Најчесто секогаш се наоѓа некој паметен да ги спушти на земја.
А ако нема таков тогаш нека уживаат во својот живот кој го живеат нереално и глумат некоја улога која не им одговара и не ги претставува вистински. Сигурно не е лесно да се живее двоен живот, но самите тие тоа го решиле.


хммм... углавно се согласувам со тебе за ова, само што би надополнил дека некои цури, кои се подигнени,подли,што мислат дека се пи*ки од некој друг свет, уствари они не се преправат, они си се такви, само има некои фактори кои влијаат да се однесувааат на таков начин(кој, повторувам не е вештачки туку стварно се такви)... има безброј примери кои влијаат врз тоа, дечковци,пари,врска, и што ти знам ја...
јеби га, тешко се сфаќаат девојките и нивниот однос спрема другите...
 
Темава е многу интересна, а појавата за која разговараме е комплексна. Честопати сум размислувала зошто некои девојки и луѓе воопшто глумат.
Ќе се задржам сепак на девојките. Ваквите девојки се за жалење. Тие најчесто потекнуваат од малограѓански семејства во кои биле презаштитени и воспитувани во стилот на „Правила“ од Чорба (... мама ти је рекла, не дај прве ночи, може до појаса, не дирај ме доле,). Кога ќе се најдат во real world, потполно се конфузни, збунети и неснајдени, па во недоумица како да се однесуваат, прават вакви несреќни компромиси кои на крај се сведуваат на трагикомична глума:toe:
 
Жед за внимание, создадена слика на лажно стаклено ѕвоно, препарирање во нешто што всушност не е, со цел да го задоволи критериумот на околината од спротивниот пол, која е редовен консумент на оваа девојка во горенаведената форма. Скап парфем, на кожа која мириса на расолница, шминка врз пори кои се најчесто неизживеани и плачат за ебење... За да го сокријат ова, или пак некои користољубиви амбиции, ,,јаките пички", милуваат да си постават високи стандарди, како би го сокриле своето бедно ,,Јас", зад привидното ,,Јас Пред Другите". Не бива да се испушти сегментот, дека се тие обични луѓе, кои како резултат на желбата за необичност, се вовеле во светот на посебната раса... И нели, секако - јаките пички, се тоа затоа што ние ги правиме тоа, затоа што ние им се воодушевуваме на нивните комплекси, кога истите се сокриени во совршени пропорции.
 
А бре после 15 минути разговор, и паѓа маскарата наречена социјална маска (лице за пред другите.Дури и со тоа дека нема да кажи ништо за одредена тема, многу кажува за себеси и нејзиното однесување во дадени ситуации.
 
Темава е многу интересна за дебатирање...
Како прво тие така наречени јаки пи*ки се ваупноат продукт на неизлечени комплекси од пораните години, кога тие биле оние врз кои сте се иживљавале, кога тие биле оние кои биле на “дното“, и кога тие биле оние кои никогаш немале среќа да бидат центар на внимание...И одеднаш бум, ете ти можност да се докажеш...Тури 5 кила шминка на тебе, демек секси сум јас и постара сум, и шминкава е потешка од мене али не е тоа битно.Периодов кој го живеам, поточно средношколскиот период ми е исполнет со такви цури, кои навидум се типки од високата класа, ги плукаат сите под себе, и секако се прешминкуваат на секој 5 минути. Лично, имав прилика да запознаам неколку од тие таканаречените демек ТРЕНДСЕТЕРКИ И ФАЦА принцезички, кои под таа шминка кријат не само ропаво лице (изедено од пудрите и се станато што лепат на него), туку и расипана душа која плаче за одмазда...Одмазда, за да може да го обели она што ја жигосало како помала, одмазда, за да може да биде на врвот, да ги гледа другите од горе, притоа не знаејќи дека се најдолу и дека сите на нив гледаат со гадење и сожалување...
Едноставно на тие луѓе очајно им треба социјализација со целиот свет, кој опастанува и без оглед на тоа дали се сите нашминкани или не...
 
имаат комплекси или лош филм во главата сакаат да се центарот на светот ама не се:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom