Нова истрага против Хаџи-Ристески

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
СУДОТ ВО БИТОЛА ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ

F288F95D9236CA439DEE1DA9C18D4591.jpg
Првиот човек на ФФМ и претседателот на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Јовко Kрстевски, на ФK „Пелистер“ од Битола во 2008 година му префрлиле 3,5 милиони денари од УЕФА на друга сметка наместо на блокираната клупска сметка
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи-Ристески, повторно е цел на истражните органи во државава, откако минатиот месец во Основниот суд во Битола е поведена истрага против него за кривично дело оштетување или повластување на доверители за износ од 4,2 милиони денари. Хаџи-Ристески, за чие претседателствување со ФФМ македонскиот фудбал с` почесто се игра во судниците наместо на терените, се товари дека свесно ги издриблал законите во содејство со претседателот на битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ, Јовко Kрстевски. Двајцата се гонат затоа што на ФK „Пелистер“ од Битола во 2008 година му префрлиле 3,5 милиони денари од УЕФА на друга сметка наместо на блокираната клупска сметка од 2001 година и со тоа ги оштетиле доверителите, меѓу кои и „Фершпед Скопје - Македонија турист“ АД за над 100 илјади денари. За ова дело, на Kрстевски и Хаџи-Ристески им се заканува казна затвор од шест месеци до пет години.

„Пелистер“ заработува, ФФМ префрла на други сметки
Kако што е наведено во решението за спроведување истрага на судијата Милка Бизевска, Kрстевски како претседател на ФK „Пелистер“ - Битола основал Друштво за производство, трговија и услуги ФK „Пелистер 1945“ со првиот човек на ФФМ, како претседател и потписник на банкарската сметка на ФФМ и знаејќи дека ФK Пелистер-Битола е неспособен за плаќање, поради блокирана банкарска сметка уште од 2001 година, го изиграле и оштетиле доверителот „Фершпед-Македонија турист“ АД Скопје, со склучување лажни договори.
 
Пак ќе се извади овој.Штом волку години е на чело на ФФМ и сега ќе се извади некако.
 
Луѓе според мене овој е најголемиот мафијаш во Македонија и што е најтрагично сите го знаат тоа, се сменаа власти бизнисмени се,се се смена а овој со сите се има поврзано, заради него фудбалот и македонската лига се катастрофални лоши. Па дајте бе луѓе затворете го веќе еднаш не знам што треба да се случи повеќе од ова и не само од ова човеков има милион кривични дела и секогаш се зборува додека е актуелно и по некое време се се заборава исто беше и со неговиот ререизбор.
 
Овој пат дневник желен за внимание од сите кои следат мк фудбал... само се прашувам што ќе пишат кога и ова ќе пропадни како многу други работи поврзани со светската “фудбалско масонска“ група представена во нашава држава и оликотворена во ликот на Аџи-Ристе.
 
Коа ќе отиде Платини у пензија....тогаш тек ќе можат да го сменат Хари.
 
Па, тоа се очекуваше, сега е Камчев сопственик на Дневник, а се знае во какви односи е тој со Хари, тој беше меѓу главните во групата што сакаа да го менуваат. Јебига, глупо е да се фаќа страна во ваква битка, штетни се и едниот и другиот, но добро е што ќе има некој да го пердаши Хари...

Коа ќе отиде Платини у пензија....тогаш тек ќе можат да го сменат Хари.

Точно... Изгледа и Платини тешко ќе биде некој да го смени. Како се воспостави една коруптивна мрежа во УЕФА тоа е неверојатно. Овој за подршка на мали фудбалски држави фрла големи пари, а овие пошто добро се офајдиле од тие пари го подржуваат него. Ако некој ги пипне веднаш се се дига узбуна во Нион дека се работи за мешање на политика во спорт. Кога би се испитало добро каде завршуваат тие средства би било интересно. Кога тргнаа нашите против Хари (не од многу племенити мотиви, но тоа не е толку битно), веднаш дојдоа тие компањоните задолжени за Источна Европа да го штитат Хари.
 
Хаџи Ристевски е криминалец мислам неоспорен факт и треба не да се смени туку да се линчува зашо не упропасти за сва времена. Мене друго ме интересира, дали сте се запрашале колку од овие шо сакаат да го сменат му мислат добро на македонскиот фудбал?Дали некогаш на чело на федерација се наоѓал некој кој освен материјална придобивка придонесол нешто за македонскиот фудбал? Све е тоа иста багра. Проклета политика има вмешано прсти у се. И делгати и претседател и тие што сакаат да ги сменат се тоа треба да се протера од државата. Најубаво е можеби и да немаме фудбалска репрезентација, ни федерација нит клубови нит ништо. Тие пари барем ќе се вложат за развој на другиве спортови.:(
 
E да, ќе го пердаши, па овај ќе лупне тужба дека го клеветат без докази, па ќе ја добие лагано на суд, па овај ќе се жали за слобода на медиуми... реклами алисакаш а мк фудбалот пак ќе е е*ан...

платини мислам нема против кандидат два реизбори или така нешто. Кој сака да си игра со “животот“ секако пари има за сите кои имаат некаков удел во фудбалот и се нашле на тоа место. сега ако некој сака да им го заземи истото треба да е можен да ги турни сите а не само поедини пиуни како нашов во целата игра...
 
Хаџи Ристевски е криминалец мислам неоспорен факт и треба не да се смени туку да се линчува зашо не упропасти за сва времена. Мене друго ме интересира, дали сте се запрашале колку од овие шо сакаат да го сменат му мислат добро на македонскиот фудбал?Дали некогаш на чело на федерација се наоѓал некој кој освен материјална придобивка придонесол нешто за македонскиот фудбал? Све е тоа иста багра. Проклета политика има вмешано прсти у се. И делгати и претседател и тие што сакаат да ги сменат се тоа треба да се протера од државата. Најубаво е можеби и да немаме фудбалска репрезентација, ни федерација нит клубови нит ништо. Тие пари барем ќе се вложат за развој на другиве спортови.:(
И не е така лошо, ама за да се укине репрезентација и федерација, треба на секој меѓународен натпревар да има протести и побуни на трибините и едноставно УЕФА да не суспендира на Х години, друго чаре нема, некој може да каже дека со тоа ќе замре и фудбалот во МКД, ама не знаат дека фудбалот е замрен одамна во МКД и многу млади деца и таленти нема да си го покажат светлото, на пример некој нов Пандев, арно ама тие не знаат дека Пандев замина од МКД на време па за тоа успеа, сето ова е само една фарса на вештачко одржување на фудбалот, и после зошто сме биле 103 место. Инаку Хаџи лесно ќе се справи со новата истрага бидејќи после толку време во МКД фудбалот вакви работи за него се појадок
 
Тешко нас... Бараме апаш да си оди, а да дојде лопов на негово место. Нема спас за Македончето, си трпело, трпи и ќе трпи.

Ниту го сменија, ниту ќе го сменат. Спорт во последниве години веќе 74 пати "сигурно" го симна од власт, ова е нешто слично.
 
Досадно ми е веќе да читам како Хари е наводно „готов“. Или нека го затворат или нека не тераат едни те исти муабети со години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom