Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Чим Види Фотос ја отворил темата утре автоматски ставам 1000ка на Македонија, среќно и се надевам на победа! :love:
Пс. Тие што одите таму мавнете по некоја слика и ставете на темава од таму ..
 
Кога ќе ја видат Швеѓаните публиката ќе се ШЕКНАТ :)
 
иам гаден осет оти ќе биде тесно . прогнозирам нерешено или победа од еден разлика за некоја од репрезентациите. страв ми е најмногу од голманите наши дали ќе имаат ден . ајде со среќа . Напред НАШИ !!!!!!!!!!!!
 
Гледам отворена темава и потајно навивав Види Фотос да ја отворил. Нека остане мала традиција тој да ги отвора темиве, ако сте согласни :)

Туку на темава. Ќе прифатам и да изгубиме и да победиме. Знам дека ќе играат со сета сила и срце. Тоа се бара од момците и во тој поглед нема да разочараат ниту да потфрлат. Што се однесува до резултатот, и јас сметам дека ќе биде инфаркт штрасе тесен натпревар. Богами откако кошаркарине ми приредија неколку инфаркт моменти, ако тргнат по тој пат ракометарите ќе ми треба пејсмејкер:D

Како и да е. Македонија е со вас момци. Главите горе и само напред.
 
Реално скандинавците се далеку поквалитетни, но и нашите имаат доволно искуство. Скоро сите играат во лигата на шампионите Лазаров и Мојсовски се меѓу водечките 5 стрелци во ЛШ. Тие ке бидат и тоа како чувани од Швеѓаните. Според мене клучно ке биде искуството на нашите голмани и на нашите крила Алушевски и Темелков. Доколку тие имаат свој ден потпомогнати од Лазаров и Мојсовски и од публиката ке биде густо. Многу се големи очекувањата по успехот на кошаркарите. За тоа мора да бидат, а и се свесни нашите. Истото може да има лош ефект, да играат во грч нашите. Затоа треба малку дасе соземеме сите. Што и да направат утре со Шведска не е крај на светот. Клучен според мене ке биде дуелот со Чешка, но доколку утре успејат да ја изненадат Шведска тогаш ни се зголемуваат шансите за квалификацискиот турнир за ОИ. Со срека утре и се надевам дека ке успеат со своето искуство да го скршат малерот кој го имаме на секое големо натпреварување во првите мечеви.
 
фак ју :)


http://www.youtube.com/watch?v=cKF-axOzN78
замислете 3000 луге у еден глас :)


Оваа песна како ми го крева андреналинот АУУУУУУУУ АУУУУУ АУУУУУУУУУ
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 01:58 ---
Е во оваа група ни ти Види Фотосе,ни никој не ни помага.Не очекувам ништо да направиме,ќе не тепаат со минимум 15 разлика.

Шо збораш бе ???
Ај оди види дали сум надвор и ела кажи ми :icon_lol:
 
Кошаркарите ни покажаа дека и со јаки тимови можеме да тепаме ако играме од срце, и верувам дека ќе тепаме, имаме одлична екипа (y)
 
иам гаден осет оти ќе биде тесно . прогнозирам нерешено или победа од еден разлика за некоја од репрезентациите. страв ми е најмногу од голманите наши дали ќе имаат ден . ајде со среќа . Напред НАШИ !!!!!!!!!!!!
Брат се знае тоа дека ќе биде тесно, кога сме победиле ние асално :D
Мора да биде тесно, да се препотуваме до даска, да ми рипа срцево со сто на саат, да ми падне косава, татко ми да ја испуши цела кутија цигари па завршните минути неможеме ни да ги видиме ради чадот во соба...:pos:
Шала на страна, играта на Скандинавците не ни одговара. Не ни одговараат на нас таков тип на ракомет со брз центар. Но си имаме и ние свои адути. Многу нешта ќе зависат од овој старт. Победа во овој меч скоро сигурно не носи во следната фаза :D
Плус во поголема еуфорија ќе се дочекат следните мечеви...
Многу ми е криво што нема да бидам дел од фановите во Ниш, ама тоа е...
Здравје боже, ако се пласираме во Белград или можно е да наминам за последниот меч во групава :D
Ќе се навива јако од дома :pos:
Само едно имам да кажам. Вечерва улиците на Скопје беа ПРАЗНИ, не дека е ладно туку дека сите се испоотидени за Ниш :D
Мора да победиме, МОРА!!!!

Песната која секогаш ме мотивира до врв :D
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 02:04 ---
Ај оди види дали сум надвор и ела кажи ми :icon_lol:
Мислам дека дечкото си прави една друга финта, секој со свои суеверија :icon_mrgr:
 
Клучен за победата ќе биде Види Фотос,,,
Види Фотос утре после победата те прогласуваме за вечен отварач на сите првенства;)
Види фотос, од утре ке биде ова :
4579.jpg

Мислам дека ако реално ги согледаме работите ке не тепаат Швеѓаниве ама со малку разлика 2-3 гола, пошто и ние имаме солиден тим и можеме да им парираме.
 
Само нека го остават срцето на теренот-и да изгубат и да победат барем со дигнати глави ќе го напуштат теренот.
 
Одиме дечки.
Можеби Швеѓаниве се фаворити, ама ние играме 100 пати подобро кога сме аутсајдери во дуелот.
 
Не се разбирам во ракомет, ама ќе тепаме утре сто посто!

Утре сите по дијазепами, лексилиуми, алкохол и цигари! Ќе си купам и еден крш телефон да не го испокршам новиов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom