Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Клучен за победата ќе биде Види Фотос,,,
Види Фотос утре после победата те прогласуваме за вечен отварач на сите првенства;)
Не ми ласкајте многу, да не испадни да ме банираат утре..:D
Иначе шо ни беше муабетот, а да, со Шведска играме, Види Фотос не го видов во составот, сконцентрирајте се на темата.:X3:
 
Одиме на победа !
Машки треба да се влезе во секоја утакмица и да се остави срце на терен.Без разлика на противникот треба да се тргне на победа и да се избрише во главите она дека влегуваме како аутсајдери во дуелот.Швеѓаните играат ракомет ние играме ракомет па нека победи подобриот.
 
Е во оваа група ни ти Види Фотосе,ни никој не ни помага.Не очекувам ништо да направиме,ќе не тепаат со минимум 15 разлика.

Ма кој сака нека пише,не победуваме утре,па незнам шо да е.
10200285.jpg
 
Инспириран е од „женската“ на аватарот...
 
Е во оваа група ни ти Види Фотосе,ни никој не ни помага.Не очекувам ништо да направиме,ќе не тепаат со минимум 15 разлика.
Ма кој сака нека пише,не победуваме утре,па незнам шо да е.
аман пријателе задржи ги за себе ваквите мислења..неубо е вака
 
со такво мислење ја незнам шо бара во темава....:icon_lol:ОДИМЕ НА ПОБЕДА!!!виното и мезето се спремни!!одимеее јакоо :vozbud:
 
Цело време ми се мота мислата дека полесно ќе ја стуткаме Шведска отколку другите душмани:D
Иако имаат огромен квалитет,сепак не се репка која би морало да се прецени..
И лани на СП,одеа на сила,имаа помош и од судиите,домашен терен,публика,имаа и среќа со противниците....
Единствено силно изиграа со Хрватите и ја искористија нивната слабост......
Е сеа,улогите се сменети...
Сеа ние ќе ја иаме предноста од "домашен"терен:)..
Се надевам дека ќе има ветер во грб од публиката,тоа и треба на Македонија,и тоа како.....
Да имаат голманите своја вечер,да не се дозволи крилата да не полнат од контри,и наши се...:)
Доколку играме по наш рецепт:),бавно смирено,тие да се мачат за секој гол,да нема лесни голови,е тогаш нема каде да бегаат....
Мојсо и Кире треба да имаат подршка од барем уште двајца расположени играчи и дури тогаш со задоволство ќе речеме дека WE GOT GAME....:pos:
Оптимизам пред се,верба во себе и резулатите сами ќе си дојдат,.....
Од играчите се бара само едно БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА ДО ПОСЛЕДЕН АТОМ НА СИЛИТЕ....
Се гледаме во Ниш...:)
 
Како што тргнало утре 10 000 ќе има у Ниш :D. Замислете да се помине првава фаза, во Белград ќе има 10 дупло повеќе. Среќен пат на сите што ќе идат. Очекувам утре цела сала да навива. Да се збунат швеѓаниве на почеток, да им се направи 5-6 разлика, да им паѓа топката од раце! Барем ние што следиме редовно знаеме како е! И Франција нека дојде у ваков момент ако сака! :) АЈДЕЕ МАКЕДОНИЈООО!!!
 
и јас мислам дека нема да победиме утре ,имаме шанси против германциве ама тешко,со чешка ќе биде неизвесно до самиот крај.
 
Многу тешко ќе биди да се издвои позитивен резултат со овие скандинавците, ама со помош на 3000+ навивачи гладни за победа и успех, СЕ Е МОЖНО !

П.С. Дали има некој инфо дали ќе се вади знамето со Сонцето или вентилаторот ќе се вади?
 
Секад коа сме се пласирале на европски или светски првенства првава утакмица ни била проблем.Го глеав ростерот нивни и некако многу млади ми изгледаат.Не верувам да имаат некое поголемо искуство али зошто и да не влијае нашата публика нормално ако нема многу Швеѓани пошто стварно не знам што бројка се очекува од нивна страна.
Се што сакам утре паметно и што пожртвувано да изиграат.Баш срце да остаат на терен.Да не испадне на крај пренапумпана еуфорија и на крај ништо да не напраиме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom